Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Ace-Nerazzuri

Професионалец
Член од
13 ноември 2009
Мислења
248
Поени од реакции
50
Шо се замарате бе со овие миланези нека се радуваат на победа сега па којзнае кога друг пат против нас..
Само едно нешто ке ви кажам Вие од Фан Клубот на Билан нема никад
да го осетите тоа чувство што ние го осетивме лани ТРОЈНА КРУНА!!
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Немаше до толку,како што вие рипате сеа,само се нервирам што некој се палат што сте играле 30 мин со црвен,ако е така се секаваш лани што се деси :toe:
Okej, kade celis so ova "ako e taka dali se sekavas lani sto se dese" sto sakas so ova da kazes? Ajde sea da dojde nekoj navivac na Juve i da ni rece nie imame 27 tituli, vie drugite molcete i kurot jadete go.

GO krkavme, kraj.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.305
Поени од реакции
15.538
Лелеј, колку '' тажна '' слика, ја уште од старт раце кренав од мечов кога ја видов задната линија, среќа Милан се сеуште неуиграни а Алегри е сеуште е во '' земјата на чудата '' па на Интер не им се деси она од лани на Милан, резултатски дебакл дома ...

Веќе повеќе од јасно е, и стварно треба ептен човек прост да е за да биде со став спротивен од оној кој вели дека симитов треба да добие отказ.
1. Да не се повторувам за сите нелогичности што ги има до сега направено а водеа кон порази и губење на златни бодови, ке зборам само за овој меч, стартува со Матераци ( не треба и тука што како зашто да се објаснува ) и плус со уште 1 играч на неприродна позиција за него, Кордоба. Како и со Атлетико така и сега ваквиот потег се покажа како самоубиствен, Матрикс прави пенал и тоа беше Се на овој меч.
2. Класичен пример дека крофнава нема врска што прави и е у тотален хаос се моментите кога Камбијасо се спрема да влезе а влегува Коутињо, и моментот кога Сантон спремен за игра а влегува Бијабијани.
3. Еве сите и денес го видовме новиот стил на игра и промената на која настојуваше Бентиез а тоа е прегрда анемичност во нападот, без шанса за гол, значи 90 минути, 30 со играч повеќе, zero шанси за гол, главното прашање е кој е поанемичен ? Снајдер или Интер ко тим ?
Немојте да се бламирате боље со тоа дека и Милан не биле нешто поарни, за победа и повеќе од доволно направија, и 500 минути да имаше плус овој Интер сите знаеме дека немаше гол да даде ...

И за крај, апсолутно заслужена победа на Милан, честитки до нивните фанови.

За нас, треба да се удри црта пиши пропало на сезонава со оставање на простор за '' чудо '' но со нов тренер, бидејќи со Рафа ги знаеме сите можностите на овој Интер, т.е., '' можностите '', сериозно, и за ова треба да си способен, 3 месеци тука и од европски шампион вакво нешто да создадеш, алал вера за ова, автогол е за тимов, секој нов потег е се посуициден и посуициден.

п.с. Јуве дома, Милан дома, Рома гости, Интер се на се 0 голови даде во овие средби, вооув каква промена кифла, а и да, по долго време и прв пораз дома.
Сега е ред на Морати да си ја признае грешката и да го избрка тренерот. Ако го остави по се, никој не е крив освен Морати.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Шо се замарате бе со овие миланези нека се радуваат на победа сега па којзнае кога друг пат против нас..
Само едно нешто ке ви кажам Вие од Фан Клубот на Билан нема никад
да го осетите тоа чувство што ние го осетивме лани ТРОЈНА КРУНА!!
ау ау една сезона во последните 70 години вади?ако е за така кога ќе стаса Интер со титули во ЛШ колку Милан?
признај си пораз не мрчи само..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.841
Поени од реакции
111.527
Сега е ред на Морати да си ја признае грешката и да го избрка тренерот. Ако го остави по се, никој не е крив освен Морати.
нема логика да не добие отказ прасуљацов. ако сега морати не го направи ова тогаш дефинитивно ке се вратиме на старите патеки и пак ке бидеме оној " проклет " Интер кој нема да освојува титули
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.695
Поени од реакции
6.216
Никој не кажа дека и Оби истегна мускул како и останатите играчи што се поврдуваат,значи овој Бенитез не уништи до даска! Уште кога ја видов формацијата знаев дека ке изгубиме, каде со тој тим бе алооо ! Оваа година немав нарема да се нервирам,али овој Бенитез излеа нема мерка до колку може човек да трпи! Затоа сега отказ бидејки се виде по 10 кола дека не го бива,подобро Сречко Катанец нека биде тренер него ли овој дибеков!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.879
Поени од реакции
16.092
нема логика да не добие отказ прасуљацов. ако сега морати не го направи ова тогаш дефинитивно ке се вратиме на старите патеки и пак ке бидеме оној " проклет " Интер кој нема да освојува титули
Jaс па мислам дека ќе го трпиме една година, не верувам дека ќе се осуди Морати да го избрка на полу сезона...останува да видиме како ќе се одвиваат понатамошните резултати.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
1.233
Сега е ред на Морати да си ја признае грешката и да го избрка тренерот. Ако го остави по се, никој не е крив освен Морати.
Треба дебелиов сам отказ да си даде се да му ебам , ццц уште пред да го стаат ми се темнеше дека е у комбинација за тренер , а сега темно ми е
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.746
Поени од реакции
44.053
Сега е ред на Морати да си ја признае грешката и да го избрка тренерот. Ако го остави по се, никој не е крив освен Морати.
Морати никаде не погреши нема што да признае, единствен кандидат беше за овој тим, Мурињо е тој што си замина во лош период за Интер ( лош во контекст, да имаат апла ограничен избор за нов тренер а кандидатите да се Бенитез, Михајлович, Сколари, Ѕенга ... кој од кој ).
А и реално, ја или ти да го водевме овој Интер толку немаше да го уништиме клубот, еден човек ( а не тренер ) ко Аврам Грант по наследувањето на Челзи од Мурињо колку толку покажа заби за титула и во ЛШ и во ПЛ, ама он само продолжи таму каде што застана Мурињо, се што Мур создаде он негуваше, али за жал ни за тоа не беше кадарен ( бидејќи пенали за титула во ПЛ имаше бајаги а не ги искористи ). Истото и Анчелоти во првата година во Челзи тоа го правеше, драстични промени јок, таа е основата од ерата на Мур, таа е и играта, али Карло е Карло и титулата дојде уште во првата сезона.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
1.233
Jaс па мислам дека ќе го трпиме една година, не верувам дека ќе се осуди Морати да го избрка на полу сезона...останува да видиме како ќе се одвиваат понатамошните резултати.
а што да чекаме кога ќе немаме никакви шанси за титула ?? тогаш ли да го избрка ?? не заебавај , сега одма е моментот
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.305
Поени од реакции
15.538
Морати никаде не погреши нема што да признае, единствен кандидат беше за овој тим, Мурињо е тој што си замина во лош период за Интер ( лош во контекст, да имаат апла ограничен избор за нов тренер а кандидатите да се Бенитез, Михајлович, Сколари, Ѕенга ... кој од кој ).
А и реално, ја или ти да го водевме овој Интер толку немаше да го уништиме клубот, еден човек ( а не тренер ) ко Аврам Грант по наследувањето на Челзи од Мурињо колку толку покажа заби за титула и во ЛШ и во ПЛ, ама он само продолжи таму каде што застана Мурињо, се што Мур создаде он негуваше, али за жал ни за тоа не беше кадарен ( бидејќи пенали за титула во ПЛ имаше бајаги а не ги искористи ). Истото и Анчелоти во првата година во Челзи тоа го правеше, драстични промени јок, таа е основата од ерата на Мур, таа е и играта, али Карло е Карло и титулата дојде уште во првата сезона.
Ако бил единствен кандидат а го уништил до крај Интер мора да добие отказ кога кој било друг тренер ќе го води подобро. Крај на муабет. Убав пример даде со Аврам Грант, кој било сега да дојде очекувам победи и нов Интер.
 

Ace-Nerazzuri

Професионалец
Член од
13 ноември 2009
Мислења
248
Поени од реакции
50
ау ау една сезона во последните 70 години вади?ако е за така кога ќе стаса Интер со титули во ЛШ колку Милан?
признај си пораз не мрчи само..
Јас си пишувам у мој фан клуб за мој тим ,ти можеш да си мрчиш у
твој фан клуб за победата против ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.507
Поени од реакции
58.925
Се што може да правиме сега е да играме демиџ контрол до јануари... Сезонава нема никаква шанса да се спаси зошто штетата е огромна: повредени играчи (некои и со потешки повреди), уништена атмосфера, недоверба кон тренерот од играчите и навивачите, нервоза (дури и кај Пандев, што е показател на целата ситуација уствари)...

Овој тим може да се врати само со брза интервенција, по примерот на Рома лани, но и тоа ќе биде колку да сме конкурентни. Штета, пред само неколку месеци бевме перфектна машина, сега не личиме ни на екипа.

Нема што многу да се каже, навистина...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom