Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.683
- Поени од реакции
- 49.104
Леле жити све, немој тие да влијаат врз твојот начин на размислување, ко што имам кажано многу пати, сите ние тука сме тастатура експерти и све знаеме, јебига, football manager си го направи своето и сега сркаме.Абе добро.И јас сакам да игра прв тим.Ама глеам оние од forzainter (значи они не се Македонци и малце пореално гледаат околу тоа) многу го хејтаат Пандев)

Oстај ги ти нив, и мене, и било кој друг по интернет форумиве, го цитирав Мур деновиве на форумов, кога кажа, Италија има фудбалски тренери и експерти колку што има жители, така му доаѓа, денес сите повеќе се разбираат од Мур, Морати, Бранка, Бенитез, и остала багра тимови ...
Затоа реков, како и да ја вртат, и они на нивни форум, факт е дека Пандев го постигна клучниот гол во тој меч, end of story .
Они знаеш како размислуваа, баш ги читав, Милито реално, изигра пофејл и од Пандев, и тоа го постираат но со додаток сите знаеме дека во иднина Милито ке биде на ниво па затоа не треба да трпи иста критика ко Пандев, кој ко што реков, даде гол.
Е сеа ако се потпреме на тие нострадамус - ставови, што ако Пандев пружи иста партија лани ко со Реџина, Милан, Бари, секаде беше man of the match, што ако изигра ко што изигра на пример со Барса во првиот меч. Неможе да се потпирам на ставот од некој гик од Полска или Финска или Шведска или Индија, кога Мурињо летово изјави, Ето - Милито - Пандев би ги избрал пред било кој друг фудбалер.
Пандев премногу може да даде на овој тим, веќе и почна од Супер Купов, нејсе тоа што имаше лош меч, слика на која најмногу влијаеше грешката по која падна првиот гол на Рома, иначе ретко кој ке го имаше тој став за него.
--- надополнето ---
Мислам дека со Бенитез е на поприлагодно место во тимот, да, формацијата е иста ко онаа на Мур, али и Ето и Пандев имаат далеку поголема слобода во играта, почесто се уфрлаат у напад, а страничните позиции ги препуштаат на бековите, поготово онаа десната со Маикон ...Инаку некои овде мислат само ние во Мк го сакаме Пандев еве ви Италијанскиот форум па читајте колку го ценат Пандев поготово што се жртвува за тимот и игра на неприродна позиција.
http://www.interfans.org/forum/forumdisplay.php?f=92
Инаку Пандев најдобро игра во формација со два напаѓачи односно полушпиц зад најистурениот.
Баш читав мислам на fcinternews, обично нападот функционира стриктно на она место од теренот каде што е топката, и такво е движењето на фудбалерите, наводно тоа било една од разликите Мур - Бенитез кога тимот напаѓа, односно, се нема стриктно држење на своја позиција. ( ова е став на еден од едиторите на fcinternews ).
И кога ги гледавме Интер со Рома, и така и беше, Ето на моменти беше и шпиц у тимот, Пандев такоџе се најде на местото на Милито кога го даде голот, факт е дека од аспект на игра во напад, има голема разлика од ерата на Мурињо, башка и со Рафа се тера на пресинг уште на противничка половина.