Топ е Фиго, и мене ми личи дека го спремаат за нешто такво... Го личи, јес да изглед вара, али...

Башка со претходниот португалец не ни одеше така лошо
Околу трансферите сега читам...
Кајт или Скули... Една комбинација, со тоа што, за Кајт, Интер не е спремен да плати повеќе од 10-12м, а Ливерпул бара 15. Затоа Интер нуди играчи (Мунтари, Обина или Мансини) со цел да се стигне до сумата што ја бара Ливерпул. Се очекува ако се реализира воопшто овој трансфер да биде на истекот на трансфер периодот, ко лани со Весли.
Скули во комбинацијава бар за мене е златна резерва, Ако не се стигне до Кајт, ќе се потпише Скули без проблем.
Интер ќе чека до последен момент, за Ливерпул да прифати некоја од понудите за Кајт (да одбере едно дрво од трите што ги нудиме), па да може тој трансфер да се реализира. Ако не, еве го Скули.
Другата комбинација, Маскерано. Интересот на Барса за овој играч, уште толку влијае кај Ливерпул да се држи за една фиксна цена од 26м, која ја бараат за овој играч. Значи ќе треба здраво да се опрчиме ако сакаме да го видиме во дресот на Интер. Арно ама, пак има алтернатива и на оваа позиција

- Ледесма од Лацио!
Интер за овој играч беше заинтересиран уште лани зимата, ама тогаш дојде Марига, договорот со Лацио му истекува во 2011, а Лотито конечно се опамети, па ваљда ќе му земе некое милионче, отколку уште еден играч да му кидне ко што му избега и Пандев.
За Ледесма, имавме конкуренција во Јувентус, но јасно е дека они нема да зимаат нов играч од среден ред, за 3 дена потпишаа со Красич и Аквилани, така да средниот ред нив им е спремен. Според нивни математики тоа, нели
Така да, Кајт или Скули и Маскерано или Ледезма.
Според мене, Кајт и Ледезма ќе стигнат во Интер овој трансфер период, мое мислење...