Шуќур, сте се договориле. 3 страни читам од назат на напред, си викам побрзо имево ќе го решат, одколку вие да се договорите
Иначе, јас се согласувам до негде со Штрафценегер. Мислам дека подобра варијанта е да се земи некој млад надежен лев бек, анонимец (значи нешто ко Мајкон на времето, ама ЛЕВ). Зошто. Прво и основно, јас сум сигурен дека повеќе од доволно се Занети и Сантон за годинава. ( Син, брат, не си ич во право дека ќе бидиме десеткувани со Занети како бек) Зошто? Ако замини Мајкон, многу нормално е дека ќе бидиме десеткувани, факт е дека е најдобар десен бек на светот. И Рамос да дојди, пак ќе бидиме послаби на таа позиција од колку што сме сега. Значи тоа е факт. АМА. како што велиш, да дојди некој анонимец, како тој што беше спомнат претходно од Шахтиор, јас СИГУРЕН сум дека нема да изигра на исто ниво со Занети. Значи, за да му го земи некој местото на Занети, треба да се земи некој докажан, и да се напучиме убај пари за него. А за Занети, ич да не се плашиш годинава, многу го потценуваш, знајш дека чоекон е од Криптон (од таму беше Штрафценегер?

) Плус, Сантон како замена ( дете што е премногу перспективно, и што ќе биди штета ако не му се дава шанса да просперира) мислам дека барем за годинава сме комплетни на таја позиција.
Е сега, од друга страна, лево го имаме само Чиву. Како негова замена беше Сантон (меѓутоа, тоа не е негова природна позиција, плус е деснак, и е предвидлив, како што спомна предмалку за Занети дека бил предвидлив), исто и кога Сантон се повреди играше таму Кордоба( коските ми се тресеја ко че играше тој таму). И викаш, дека такво нешто не смеј да ни се случи годинава. Точно, се согласувам. Е сега да не ни се случи такво нешто, мора да имаме алтернатива за десен бек, т.е за Киву.
Дали се согласуваш со мене?
Иначе, вечер е фудбало, така?