Производи со отворени кутии. И додатоци кои фалат, a фабрички доаѓаат со нив

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Има некој од форумов што купил сони ериксон С510? Ај плиз кажете дали со него иде мемориска (мислам дека не иде, ама на страната на сони ериксон нема пишано дали иде или не иде) картичка, да се осигурам да не ме излажат кога ќе го купувам :)

Иначе досега не ми се има десено да фали нешо у комплет со мобилен, ама кошто ги читам постовиве ваши ме фати уплав, па си реков ај да прашам.
Купив јас за мајка ми C510 на претплата пред 2-3 недели.... нема мемориска.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Купил некој мобилен со слушалки?
Ај и ја да те цитирам...како први така други :)
Комплет, со слушалки, кабел, картица...пута два-два исти мобилни. Досега сме немале проблем...или пак не знаеме да забележиме каде има мањак у пакувањето (сепак мислам дека досега немало).

За разлика од тука, сопругата ќе ја зезнеа у Грција (без фискална, без цена, без картица, наместо 20-тина евра и барале 50 или 60), за овде знае да се снајде :)

А од друга техника...имам земано аудио или графичка карта, "голи"...без цд, без било каков додатен кабел. Штета не сум обрнувал внимание за да ги опоменам.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Татко ми зема од Мобиклик,3-4 телефона до сега. да не ги рекламирам,ама мемориски,усб кабелче и сл,се имаше... значи приватниве мобилари што се,тешко да прават вакви далавери :)
Ова се заебаваш или сериозен си? Ако приватните мобилари не прават далавери, незнам кој прави.

--- надополнето ---

Хохоохохо темава на главна страна. Тоа ми се допаѓа :)
 
С

Спенсер

Гостин
Ова се заебаваш или сериозен си? Ако приватните мобилари не прават далавери, незнам кој прави.

--- надополнето ---

Хохоохохо темава на главна страна. Тоа ми се допаѓа :)
незнам,ја ти кажав како е во мојот случај... 3-4 телефони купени од мобилари,во кутијата слушалки,мемориска,усб... :)
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Лани во август некаде решив да си купам Nokia 5800 X-press music и одам таму, а јас појма немав дека имало и со плава и со црвена лента и ајде остај тоа што не ми го кажаа во ред. Али го земам телефонот и излагам надвор целата хепи онака нов телефон Јеј...и ја сретнувам снаа ми а она па купи ист таков телефон претходно и ми вика еј ти дадоа футрола? и јас WTF? Каква футрола и викам? и она ми покажува супер футрола убава ем да не ти се оштетува телефонот. И вика оди врати се побарај им и се враќам јас со татко ми и викаме- Извинете со овој телефон одела футрола. И ни викаат- Не, нема врска, не ни доаѓаат овие модели со футрола. -Абе една девојка исто од тука земала телефон и футролата си одела со телефонот-викаме ние, и она -Не знаеме за такво нешто, еве ако сакате ќе ви отворам друга кутија...и отвори и стварно немаше футрола, али како што кажаа дечките пред мене во кутијата со телефонот идеше триножен држач, изгледа треба да бидам благодарна што тој не фалеше :toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Купил некој мобилен со слушалки?
Јас си добив слушалки, ама не добив кабел. Во суштина не се разбирам многу, па и не се побунив, пошто бев у хаос, а и онака беше последен телефон, немаше ама баш никаде веќе такви телефони. :)
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Ова се заебаваш или сериозен си? Ако приватните мобилари не прават далавери, незнам кој прави.

--- надополнето ---

Хохоохохо темава на главна страна. Тоа ми се допаѓа :)
Ако сака некој full pacage со мобилниот само теба да го знае газдата на мобиларата и супер ќе си е.
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
131
Поени од реакции
3
еј сега се сетив дека и мене ме имат извозено со една мемориска картичка ..... арно ова темата се погоди да ми текни друг пат да проверам пред да купам шо се следи во пакетот
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Е за вакви работи,поготово за техничка стока најпрво се гледа едно клипче на јутјуб кога за прв пат го отпакуваат уредот и гледаш во него што си иде се по ред. Е па тогаш ако сака и на глава нека ми застане продавачот дека ова иде во пакување,а ова не,нема шанса да ме разубеди! И јас за ова сум ептен принципиелен и дури и некое книвче од упатството да ми фали нема да го купам уредот.

Еве еден пример. Другар ми зема мек бук. Отвара дома и гледаме на нет што треба да има во мек букот. Во цел бел свет следува даљинско,а кај нас НЕ. Оди фино лепо во T-Home,а бе вака и вака работава фали дел. Нема бе дечко такво нешто. А такво нешто се продава за 100 евриќи ко ништо. Е па сега ти види :smir:
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
246
Поени од реакции
3
Кога купив графичката Sapphire HD4850, на опаковката пишува дека треба да има конвертор DVI-VGA и DVI-HDMI. Бидејќи имав обичен CRT монитор требаше дигиталниот сигнал од DVI да го префрлам во VGA аналогоне. Барам конверторчето го нема... Ај еби си мјакта, ојдов таму да прашам оти го нема, и ме правеа на будала дека не идело такво делче и сум можел да купам такво по цена од 120 денари. Не дека ќе се збогатев ако го имаше внатре, ама самиот акт не ме бендисва.

Исто и со телевизорот, 42" Плазма од Техномаркет. Решивме да го земиме и да му фрлиме 50000 денари, ни викат дека го имаат на залиха, префрламе пари ни дават фискална се и гледаме телевизорот од излог ни го дават. Ги прашваме дали нема некој неотпакуван и ни вика овај ни е последниот ко алва се трошеле... Ај дип моделот му е нов и видовме кога го носеа пред два дена реков ќе го земиме.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Е за вакви работи,поготово за техничка стока најпрво се гледа едно клипче на јутјуб кога за прв пат го отпакуваат уредот и гледаш во него што си иде се по ред. Е па тогаш ако сака и на глава нека ми застане продавачот дека ова иде во пакување,а ова не,нема шанса да ме разубеди! И јас за ова сум ептен принципиелен и дури и некое книвче од упатството да ми фали нема да го купам уредот.

Еве еден пример. Другар ми зема мек бук. Отвара дома и гледаме на нет што треба да има во мек букот. Во цел бел свет следува даљинско,а кај нас НЕ. Оди фино лепо во T-Home,а бе вака и вака работава фали дел. Нема бе дечко такво нешто. А такво нешто се продава за 100 евриќи ко ништо. Е па сега ти види :smir:
Skofild,

Јас купив мекбук пред неколку месеци преку Амазон, немаше контролер воопшто.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пиши која де, затоа е темава, да ги откриеме, посрамотиме и изругаме. И успат ќе се спасат луѓето да не купуваат од кај нив.
Мене тоа ми се случи во SET, кога го биравме PC-то за другарчето (што го купи од AMC потоа). Пишува 9500GT DDR3, а таква не постои. И продавачот не убедува дека имаат, ај ок. Следниот ден кога требаше да го зимаме, ни вика "Абе завршија со таквите графички, имаме со DDR2 само". ГО прашавме дали ќе ни даде пониска цена заради тоа, тој ни рече не.
Фала на лажгите и чао пријатно. Јас сакав да го купиме од SET, место АМЦ ради нивната покварена традиција, ама таква непрофесионалност не може да се трпи. И ете, заради НИШТО (а нас не ни правеше разлика DDR2/3, искрено), изгубија муштерија кој потоа истиот компјутер за исти пари го купи од АМЦ.
Среќа што се разбираш од технологија и можеш да увидиш на такви работи.А само што се одлучив на АМЦ ми беа во конкуренција со СЕТ,ми скрши филм :)
Патем од темава ќе почнам да проверувам и јас,секоја чест Мистичен ми ја одговори дилемата зошто немам усб кабелче со телефонот.
 
Член од
18 јуни 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Искуство од една некогаш „реномирана“ продавница за компјутери. Беше баш пред некои 2 години кога требаше да земеме лаптоп за брат ми и направивме потроа озбилно истражување на пазарот. Имаше некаде висока цена = квалитет, ептен ниска цена = послаби перформанси. Како и да е коа влеговме во дотичната продавница, имаше една конфигурација која за тие пари беше идеална (не беше дури ни сомнително евтина) и брат ми (покрај мое противење ради поранешни искуства) го зеде. Таман лаптопот да прејде преку касата ми светна да видам тоа лепенката кај што пишува што процесор користи. Знаете што може да се деси потоа. Наместо да биде Dual core како што би требало се деси да биде Intel Atom... Епилог, половина саат им објаснував дека компјутерот што го нудат е таков и таков а они, не! Тоа е Атом - подобар бил од dual core. ПА курац коа више шиткаш компјутер барем не лажи дека го продаваш под друго име на конфигурација. Како и да е, никад више не им стапнав во продавницата.


Не планирав да се вмешам во темава ама нешто не ми даваше да останам рамнодушен, тоа што стварно има превари има, ама и што има неуки луге што мислат дека знаат се па згора на се и не им е срам да коментираат на својата неукост морав да одговорам. Пријателе Атом е генерација на процесори и која има и едно јадрени и дво јадрени те. DualCore и Core2Duo така да денес е барем многу лесно ако сакаш да дојдеш до информација за да не се посрамотиш затоа пред да купиш нешто отварај очи и собери информации за производот.

--- надополнето ---

Пиши која де, затоа е темава, да ги откриеме, посрамотиме и изругаме. И успат ќе се спасат луѓето да не купуваат од кај нив.
Мене тоа ми се случи во SET, кога го биравме PC-то за другарчето (што го купи од AMC потоа). Пишува 9500GT DDR3, а таква не постои. И продавачот не убедува дека имаат, ај ок. Следниот ден кога требаше да го зимаме, ни вика "Абе завршија со таквите графички, имаме со DDR2 само". ГО прашавме дали ќе ни даде пониска цена заради тоа, тој ни рече не.
Фала на лажгите и чао пријатно. Јас сакав да го купиме од SET, место АМЦ ради нивната покварена традиција, ама таква непрофесионалност не може да се трпи. И ете, заради НИШТО (а нас не ни правеше разлика DDR2/3, искрено), изгубија муштерија кој потоа истиот компјутер за исти пари го купи од АМЦ.

Не би сакал никого ниту да бранам ниту да напаѓам ама прво пред некого да сакаш да посрамотиш и да изругаш треба да си 100% сигурен во тоа што ке го кажеш за ти да не се посрамотиш. Само за информација 9500GT DDR3 постои и тоа многу оддамна и еве ти линк за да се увериш http://eu.msi.com/index.php?func=proddesc&maincat_no=130&cat2_no=136&prod_no=1534 а тоа што сакале да ти увалат дупло поевтина графичка е друга работа или за жал ефтин маркетиншки трик на продавачите но затоа треба да се внимава кога се купува. А и уште една работа не ми е јасна како може да купуваш компјутер а за иста цена да не ти прави разлика дали е графичката DDR2 или DDR3 тоа кажува дека стварно не знаете што купувате
 
P

Princ

Гостин
Dual-Core Atom е Dual-Core Atom.
Intel DualCore е Intel DualCore.
Core2Duo Atom не постои. Освен ако не го изработува некоја наша "реномирана" продавница. Оние што вадат кабли и конвертори од кутии на графички.

Прво да ги расчистиме овие термини.
Второ, во аспект на работа, Intel DualCore (или уште подобро, Core2Duo) е неспоредливо подобар од Atom, макар и DualCore бил.
Е сега, ако на флаер (или било каде да видел Saladin дека треба да земе DualCore) пишувало дека процесорот на лаптопот е DualCore, тогаш тоа и треба да го добие. DualCore ATOM, како Intel DualCore, не можеш да го продадеш. Можеш да се потрудиш, ама се надевам дека свеста на потрошувачите ќе проработи и ќе почнат да си ги почитуваат повеќе своите пари, а со тоа и нема да продаде некој што сака да ја игра таа игра, таков производ во такво "пакување".

--- надополнето ---

Само за информација 9500GT DDR3 постои
ама во SET не :icon_lol:

И јас сакав да ја купам таа конфигурација, ја видов на флаер, ми се виде доста добра па се јавив да ја порачам. Нормално, сакав да ги потврдам спецификациите пред да го направам тоа.
Значи освен рамот на графичката, и процесорот го немале од понудата па ми нудеа друг, полош. За иста цена :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom