Може нема врска со бела техника, ама кока колава ме потсети на нешто друго.
Одам во тобако во центар, температурата надвор миљон. Земам вода од фрижидер, на неа пишува „Препорачана цена 16 денари“. Ми ја наплати 30 и искуца фискална.
Викам, се извинувам, овде пишува дека водава кошта 16 денари. Е не, тоа е само препорака. Добро викам, вратете ми ги парите, ќе одам да си купам две води со истите пари. Ама искуцана е сметката. Не знам тоа, вратете ми ги парите. И ми ги врати. Си излегов мртва жедна и право на фонтана
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
Самата Кока-Кола има измислено систем на оние машини за пијалоци преку кој ќе ја преправа цената (покачува) на премногу жешко време. Муштериите се бунеле, жалеле, викале, не купувале и бојкотирале - затоа тие отстапија од идејата.
Небитно, кога темата воопшто не е ни тоа, секој си има право на свои цени. Е сега, не е крив он, криви се овците што ќе купуваат од кај него.
А онтопик, лично ми се нема случено нешто вакво. Телевизорот го купив од техномаркет, дојде дури и со AM антена, не па сите други тракатанци. Стариот мобилен (p990i) кој го земав од сега веќе затворените Alfa Mobile, дојде со штрафчиња, мали шрафцигери, слушалки, полнач, desk-stand и триста други тракатанци.
Но, еве еден пример од AMC, за да не се чудите зашто викаат "Никој да не купува од кај нив!!!". Другарче купува компјутер од таму, го местиме и сетираме. Пробувам да го бутнам кабелот за напојување, кога ми излета горниот плех од куќиштето и се одлепи гаранцијата. Беше од оние новите ливчиња, кои ако ги одлепиш после имаат траги на нив, да се примети. Приметив дека фали штрафот кој го држи плехот, ваљда намерно. Компјутерот, истиот ден, прекина да работи. Не се палеше воопшто.
Следниот ден го однесе назад, му дадоа нов сосе нов модел на куќиште кој до ден денес си работи океј. Изгледа среќа тие вработените биле исто толку мутави ко газдата, па не ја провериле убаво гаранцијата.
Мора да признаам, јака финта. Продаваш компјутер со чкарт напајање, графичка и којзнае што, "забораваш" штраф баш каде што е гаранцијата и муштеријата ја кине. И после нема "ама", си ја одлепил гаранцијата, плати си го напојувањето сега.