Пиши која де, затоа е темава, да ги откриеме, посрамотиме и изругаме. И успат ќе се спасат луѓето да не купуваат од кај нив.
Мене тоа ми се случи во SET, кога го биравме PC-то за другарчето (што го купи од AMC потоа). Пишува 9500GT DDR3, а таква не постои. И продавачот не убедува дека имаат, ај ок. Следниот ден кога требаше да го зимаме, ни вика "Абе завршија со таквите графички, имаме со DDR2 само". ГО прашавме дали ќе ни даде пониска цена заради тоа, тој ни рече не.
Фала на лажгите и чао пријатно. Јас сакав да го купиме од SET, место АМЦ ради нивната покварена традиција, ама таква непрофесионалност не може да се трпи. И ете, заради НИШТО (а нас не ни правеше разлика DDR2/3, искрено), изгубија муштерија кој потоа истиот компјутер за исти пари го купи од АМЦ.