Се е до нас.
Од нас се создадоа, ние дозволивме.
Ден денеска ти се однародува народ, кој ради егзистенција, кој ради инат, кој ради нешто трето.
Каде е националната свест на Македонецот од Егејот, Пиринот и Вардарот.
Направиле нешто заедничко, се собрале некогаш да продискутираат за оснвони работи, да си се прашаат, за по дома.
Камоли за некои национални теми.
Кој е виновен ?
Бугарите.
Ние од Бугарите треба да направиме браќа а не непријатели, затоа што и по крв и по култура и цивилизација они ни се најблиски.
А во тешки времиња кои доаѓаат ќе си требаме едни на други.
И не само Бугарите и другите славјански народи.
За Русите, тие ни се најголемите плашила и тие ни се виновни за се.
Иако денеска политиката на Русија кон Македонија е корекна, со симпатии, ние една делегација немаме пратено да продискутира на различни теми, да не зборам за лобирање, рекламирање на Македонија во Русија итн..
Во иднина ако даде господ, кога Русија ќе го врати влијанието на Балканот, што ќе каже за Македонците.
Затуцан народ кој си го смени името за да влезе во сојуз на држави кој го негираше, палеше и раселуваше.
Русија е крива.
Славјански ова што го зборуваш Томас Мор не го опиша во Утопија... извини ама така е.
1. Не сме ние тие што создаваме проблеми со нашите источни соседи. Не заборавај дека тие се истите што ни ја негираат националната посебност и јазикот. Тука колку да сакам да сум пријател со нив, колку и да глумам, сепак неможе да се одбегне ова. Еве гледај го што пишува PowerUp: „тоа да сме пријатели само во тешко време, не е многу пријателство.
Ако сте ни пријатели -
направете го сега, а не само да ни пичкосвате на форумот.“ - со други зборови, ние треба да сакаме пријателство, они тоа веќе го посакуваат. Значи ние да сакаме пријателство со некој што не негира, додека тие неможат да го повлечат првиот потег за пријателство и да се откажат од негирањето на Македонската нација.
Бирајте од следните:
а) Македонците стануваат најдобри пријатели со Бугарите, иако истите ги негираат.
б) Македонците не се пријатели со Бугарите бидејки истите ги негираат.
в) Бугарите стануваат најдобри пријатели со Македонците кои всушност ги негираат, бидејки покана за пријателство е „направена сега.“
г) Бугарите не се пријатели со Македонците, бидејки Македонците не сакаат да се дружат со некој што ги негира.
Кои два одговора ја одсликуваат реалната состојба? т.е. Кој на кој има право да му се лути и да не му пружи пријателство?
Со Бугарите може пријателство тогаш кога ќе престанат да не негираат нас Македонците, кога ќе престанат да ни го негираат Македонскиот јазик (не офицјалниот јазик на Република Македонија) и кога ќе престанат да ни ја негираат историјата...
...Бидејки ние не им ја негираме нацијата (ако сакаат нека се и тунгузијци), не им го негираме Блгарскиот јазик и не им ја негираме историјата (ако сакаат Даме, Гоце, Св. Кирил и Методиј, Св. Климет Охридски... сите нека ги слават, нека си ги викаат Бугари дома, само нека не ми кажуваат на мене дека истите не се Македонци).
Пријателството е засновано на многу работи, а бугарите кон Македонците исполнуваат многу малку критериуми за пријателство.