Едиција руски класици

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.412
Поени од реакции
6.017
Ја отворам темата за да ги информирам форумџиите што читаат, а воедно и да побарам мислење.

Како што може да прочитате на линков, станува збор за прекрасна акција од страна на нашите дневни весници. Книга за 5 денари.

Ме интересира што мислите за ова? Дали некој веќе успеа да го земе првиот дел од Ана Каренина?

Мене ме револтира фактот што книгите уште кога ќе ги донесат изутрината и мистериозно исчезнуваат за 10тина минути, потоа да се убиеш барајќи нема да најдеш. А тоа е поради фактот што македонскиот народ претерано многу сака да чита? Не! Тоа е поради фактот што македонскиот народ и игли да даваат бесплатно ќе стои во редица и ќе чека за да си ги забоде во очи. Буквално така.

Луѓево ги „купуваат“ (во наводници затоа што не знам дали така може да се нарече земање на врвно дело за 5 денари) за да им стојат по дома за украс и да им ги красат полиците, додека луѓето што вистински имаат потреба од книгите не можат да дојдат до нив. Никој од книжевниците на моја катедра не успеа да земе книга, а нам ни се најпотребни, башка дел од нив ни требаат за испит.

Ваши мислења?
 
Наши мислења? Прв пат слушам за акцијава, затоа и денес не зедов. Инаку, прилика која не смее да се пропушти! Книга буквално за без пари. Но не книга, било која, ами светски класик од книжевна величина како Толстој. Плус книгиве ќе биле со квалитетен повез, а не со шиење (како книгите од П.М. Андреевски).
 
Jas vcera vecher imav mozhnost da go zemam prviot del od Ana Karenina. Samo shto dojdoa vesnicite i knigite, edna zhena si zema 6 knigi. Fantasticno !
 
Е заради неа другите ќе земат 0 книги. Или треба да стануваме во 6.50 и да ги чекаме весниците?
 
Ја отворам темата за да ги информирам форумџиите што читаат, а воедно и да побарам мислење.

Како што може да прочитате на линков, станува збор за прекрасна акција од страна на нашите дневни весници. Книга за 5 денари.

Ме интересира што мислите за ова? Дали некој веќе успеа да го земе првиот дел од Ана Каренина?

Мене ме револтира фактот што книгите уште кога ќе ги донесат изутрината и мистериозно исчезнуваат за 10тина минути, потоа да се убиеш барајќи нема да најдеш. А тоа е поради фактот што македонскиот народ претерано многу сака да чита? Не! Тоа е поради фактот што македонскиот народ и игли да даваат бесплатно ќе стои во редица и ќе чека за да си ги забоде во очи. Буквално така.

Луѓево ги „купуваат“ (во наводници затоа што не знам дали така може да се нарече земање на врвно дело за 5 денари) за да им стојат по дома за украс и да им ги красат полиците, додека луѓето што вистински имаат потреба од книгите не можат да дојдат до нив. Никој од книжевниците на моја катедра не успеа да земе книга, а нам ни се најпотребни, башка дел од нив ни требаат за испит.

Ваши мислења?

Ми се допаѓа оваа иницијатива (инаку превземена од Србија) за издавање на руските класици, иако мислам дека би можеле да направат подобар и поширок избор. Не се руски класици руски класици без Достоевски. Можеле од Гогољ наместо „Ревизор“ да ја дадат „Мртви души“, или „Три сестри“ од Чехов наместо „Вишновата градина“.
Тоа е мое лично мислење и мој личен вкус.
Добро е пак, што има дело од дисидентот Солжењицин. Mислам дека беше во два дела.
Јас го земав првиот дел од „Ана Каренина“. :)
Уште нешто... секако дека македонскиот народ не се утепува од читање, туку брзаат да земат книга од 5 денари ( со се весник 20 денари-џабе), но затоа останатите ќе чинат 249 денари. Според мене, солидна цена бидејќи изданието е добро (со квалитетна хартија што не смрди). Во весниците го опишуваат како лукзузно. Плус книгите се печатени во Италија.

Ич не е добро што почнаа така помпезно со 5 денари за првата книга. Но затоа кој ќе сака вистински да чита, ќе издвои 249 денари секоја среда, за оваа едиција на книги што стварно вреди да се има во секоја библиотека на секој библиофил.:)
 
Останатите се по 250?
 
Уште подобро 250 денари да бидат, барем оние што навистина сакаат да читаат ќе си ги купат. Пред некоја година слична реализација имаа Дневник, тогаш успеав да си ги купам книгите без проблем. Тогаш дури и остануваа.

Инаку да, се согласувам дека за руски класици без Достоевски не може ни да зборуваме, но и ова не е лошо. :)
 
Да, и јас сеќавам на претходната иницијатива на „Дневник“ пред 5-6 години. Тогаш беа 20 книги, исто чинеа 250 денари.

Редно беше да се издадат нови книги. Посебно добар избор направиле со руската книжевност. Само треба почесто да излегуваат нови, квалитетни едиции што не се преведени се' уште кај нас или пак не се преведени од времето на Југославија и затоа сега се многу недостапни за читателот.
 
Ми се допаѓа оваа иницијатива (инаку превземена од Србија) за издавање на руските класици, иако мислам дека би можеле да направат подобар и поширок избор. Не се руски класици руски класици без Достоевски. Можеле од Гогољ наместо „Ревизор“ да ја дадат „Мртви души“, или „Три сестри“ од Чехов наместо „Вишновата градина“.
Тоа е мое лично мислење и мој личен вкус.
Добро е пак, што има дело од дисидентот Солжењицин. Mислам дека беше во два дела.
Јас го земав првиот дел од „Ана Каренина“. :)
Уште нешто... секако дека македонскиот народ не се утепува од читање, туку брзаат да земат книга од 5 денари ( со се весник 20 денари-џабе), но затоа останатите ќе чинат 249 денари. Според мене, солидна цена бидејќи изданието е добро (со квалитетна хартија што не смрди). Во весниците го опишуваат како лукзузно. Плус книгите се печатени во Италија.

Ич не е добро што почнаа така помпезно со 5 денари за првата книга. Но затоа кој ќе сака вистински да чита, ќе издвои 249 денари секоја среда, за оваа едиција на книги што стварно вреди да се има во секоја библиотека на секој библиофил.:)

Ретко пост како да ми украден од тастатурни прсти. Покрај Достоевски ми фали тука исто и Лермонтов и Есенин. Цената од 250 ден е солидна, со оглед на тоа што книги печатени на неквалитетна хартија и корица, со очаен превод и лекторат се продават за 400-500+ денари. Ми се допаѓа оваа иницијатива на МПМ како и претходните со Петре М. Андреевски која што за жал не ја собрав и светски класици кога првично беа претвидени 50 книги а излегоа само 20. А ако од ова вадат (а сигурно вадат) и некој кеш тогаш дефинитивно може да го прошират бизнисот на книгоиздавателство и да се концентрираат на нешто што дефинитивно фали во книжарите кај нас-собрани дела по автор.
 
Darn..I`ve missed the train...Anywho...
Вокерка да ја надополнам а тоа е дека сведокј сум коа имаше изданија со двд-а (филмови мислам) ги даваа гага и коа купче народ се фрлаше као рагбисти пред топка, и си зимаа не по 2 не по 5, по 10тина двд-а, за што? ДА ГИ ШИТКААТ ПОСЛЕ НА КАМЕНИ МОСТ ИЛИ НЕКОЈА РАНДОМ УЛИЦА. Затоа како што рекоа погоре, кој сака и знае што да чита, ќе најде квалитет.
 
:aplauz: za akcijata deneska bas prijatno se iznenadiv koga kupiv dnevnik
 
Walker girl многу ти благодарам за информацијата. Сега ми е криво што не знаев порано и сум го пропуштила Толстој ама дефинитивно не ги пропуштам Чехов и Тургењев :)
Тоа дека ги разграбале уште веднаш, не се сомневам. Јас за акцијата за светските класици во почетокот морав да и висам на комшиката во трафика и да ја убедувам да ми чува книга за наредниот ден.Сега штом разбрале дека ќе има книги за џабе очи си ископале иако поима немаат што им дале во раце.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom