Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.412
- Поени од реакции
- 6.017
Ја отворам темата за да ги информирам форумџиите што читаат, а воедно и да побарам мислење.
Како што може да прочитате на линков, станува збор за прекрасна акција од страна на нашите дневни весници. Книга за 5 денари.
Ме интересира што мислите за ова? Дали некој веќе успеа да го земе првиот дел од Ана Каренина?
Мене ме револтира фактот што книгите уште кога ќе ги донесат изутрината и мистериозно исчезнуваат за 10тина минути, потоа да се убиеш барајќи нема да најдеш. А тоа е поради фактот што македонскиот народ претерано многу сака да чита? Не! Тоа е поради фактот што македонскиот народ и игли да даваат бесплатно ќе стои во редица и ќе чека за да си ги забоде во очи. Буквално така.
Луѓево ги „купуваат“ (во наводници затоа што не знам дали така може да се нарече земање на врвно дело за 5 денари) за да им стојат по дома за украс и да им ги красат полиците, додека луѓето што вистински имаат потреба од книгите не можат да дојдат до нив. Никој од книжевниците на моја катедра не успеа да земе книга, а нам ни се најпотребни, башка дел од нив ни требаат за испит.
Ваши мислења?