Јас со моето друштво пристигнав таман кога почна да пушта ПВД, и дерктно у шема се стаивме, скокаме се радуваме итн итн.
Само не ми е јасно зошто ни збор не кажа ПВД, барем нешто у стил hello ohrid it will be great tonight а у, и на крај ни збор не кажа си отиде... На сите други журки што сум бил по некој збор зуцнуваат DJ-иве, тука ништо, тапа.
Најфилинг ми беше сабајлето кога почна да се разденува, DJ-от после ПВД беше растур, секоја чест ( не беше никифор мислам ). Ќе набацам некој клип на youtube па ќе видите што се дешаваше
Доста работи видов што никогаш во животот не сум видел... Како на пример секс во вода, изгрејсонце на журка, и уште една малце понеприатна ситуација.
Еден фраер се надрогирал, и јадеше гомна на сите и сите го маваа го тепаа... 10 душу го газат на земја, мајсторот гајле нема станува и продолжува да оди и да се курчи. После со еден пак се ср'чка, па пак се степа, си ги местеше прстите човекот зашто искршени му беа ама ете ти дрога што прави, ништо не осеќаш. Па после коа фати за едно такси да се влече, трча по него се држи за брава, па неможеше веќе да трча и почна да се влече по земја држејќи се за таксито... Лудница.
Е да, и цените од таксистиве беа ненормални... 500 денари вика еден пацер од парк до градот. АЛОООО 750 ДЕНАРИ Е ПОВРАТНА КАРТА СКОПЈЕ - ОХРИД - СКОПЈЕ!!!! Ебате тоа ненаситните, фала богу господ здравје да му даде на тој дедото што не однесе, 150сче ни зема, поштено азработени пари.
Се на се, солидно журче, ќе се памти долго време