bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 814
Еден албански политичар е осуден на четири години затвор од белгискиот суд во Намур, поради организација на атентати во Македонија и Косово, објавија белгиските веб страница на РТЛ-инфо и ДеМорген.
Според кратката вест на РТЛ-инфо и ДеМорген, овај албански политичар уживал статус на политички бегалец во Белгија во периодот од 1997 до 2003 година. Тој е основач и претседател на политичката партија ФБКСХ – националистичка партија која се залага за обединување на „Голема Албанија“, пишуваат белгиските медиуми.
Вооруженото крило на партијата - АКСХ, ја презеде одговорноста во 2003 за експлозијата на бомба пред судот во Струга - Македонија и на железничкиот мост во Митровица-Косово.
Идајет Беќири од Намур планирал и организирал атентати во Македонија и Косово, изјави белгискиот федералени јавен обвинител Жан-Марк Триго, јавува дописникот на МИА од Париз.
Истрагата се водеше во Белгија, исто како и во Македонија и Косово. Доказите од истрагата покажале дека политичарот играл илегална и криминална улога во атентатите.- Беќири организираше и раководеше со криминални структури од Белгија и Намур, кои имаа намера да водат насилнички акции. Овие акции серизоно ја загрозија меѓународната безбедност, заклучи обвинителот Триго.
Извор: СИТЕЛ ТВ
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/osuden-albanski-politichar-vo-belgija-za-organiziranje-atentati-vo-makedonija-i-k