Да, но пред Шарон, на власт беше Ехуд Барак и за време на неговиот мандат терористичките напади врз Израел беа секојденевие. Немаше да помине ни една недела а некој Палестинец да не се разнесе во автобус, кафиќ, дискотека, автобуска станица... Е сега Израелците се опаметија, дојде Шарон на власт, ги ставија Палестинските под блокада и строга контрола на движењето, изградија ѕидови и веќе не се ни сеќавам кога Палестинците последен пат извршиле терористички напад... Потоа се префрлија на Касам ракетите со што го принудија Израел на неколку пати да интервенира воено во Газа...
Не можам да се согласам ниту со бројките на жртвите ниту со бројот на нападите.Постојат прецизни табели кои говорат дека бројот на самоубиствени напади се зголемува нагло со доаѓањето на Ариел Шарон,пропорционално на тоа се зголемуваат конвенционалните напади над Израел.Од приближно 1200 жртви на таканаречената втора интифада која се водеше во времето на пост-Рабин премиерите,Шарон,Олмерт Нетањаху и промовирањето на блокадите помалку од половина отпаѓаат на самоубиствени напади,за разлика да речеме од времето на т.н прва интифада која се водеше ако се сеќавам кога Рабин беше министер за одбрана или премиер кога загинаа приближно 200 луѓе.
Повеќе на линкот
http://www.mfa.gov.il/MFA/Terrorism-+Obstacle+to+Peace/Palestinian+terror+since+2000/Suicide+and+Other+Bombing+Attacks+in+Israel+Since.htm
Ако од помалку од 200 жртви за времето на Рабин,и 1200 жртви за времето на пост-Рабин го нарекуваш опаметување,нека биде така.Само не верувам дека ке се сложи некој кој живее да речеме во Сдерот или останатите градови кои порано колку толку можеа да речат дека беа мирни,за денес сите да се во домет на ракетите,кои нели нормално после блокадата никако не успеваа да влезат.
Така да блокадата која што ја има поставено Израел сигурно е оправдана... Не сум упатен колку е на линија на меѓународното право, но сигурно е дека е на линија на заштита на Израелските национални интереси. Израелските безбедносни служби имаат најточни проценки. Зошто инаку истата би ја спроведувал Израел кога е на штета на неговиот углед?
Оправдана?Па зборуваме за колективно казнување на еден народ!Оправдана е колку што се оправдани и блаботењата на оној будалата Ахмадинеџад за холокаустот.За време на таа блокада Хамас од терористичка организација прерасна во власт.Само тој податок доволно говори колку е оправдана.Налет фактот што Израел изгуби толку поддршка во светот.Не ми веруваш мене врати се неколку страни поназад или просурфај и погледни како јасно и гласно го кажува тоа и самиот шеф на МОСАД.
Сепак на власт во Газа е Хамас кој што јасно ја прокламира неговата долгорочна цел за уништување на Еврејската држава...
Не ми јасно каква аргументација е оваа,Хамас прави ова затоа и Израел го прави она.Па Хамас е терористичка организација а Израел држава.Не може Израел да прави она што прави Хамас.Посебно оваквата аргументација,имале за цел да ја уништат Еврејската држава.Овие другите ке те упатат на целите на Ционизмот,потоа да те потсетам можеби на корените на Израелската држава и на Иргун?Не ми се јасни таквите аргументи.Национал романтика чиста.
А бродовите најверојатно не пренесувале оружје, но нивна цел е да се изврши притисок за отстранување на Израелската блокада, а потоа зошто да не дојдат и бродови полни со оружје... Ако е за хуманитерна помош, истата може да биде доставена и преку Израел.
Имам впечаток дека некако намерно се затвараат очите.Пак ке те потсетам еве и тебе.Како ке биде доставена од ИЗраел кога Израел најголем дел од она што навистина им треба на Палестинците го забранува?Ај цемент ама чоколадо и а4 хартија?Свежо месо е забрането а замрзнато не?И после ке зборуваме за доставување на хуманитарна помош од страна на Израел?А ОН неолкупати има јасно кажано дека помошта што ја доставува Израел не е ни една четвртина од минималните реални потреби?
Погледни подсети се,дали се побунил некој кога бродови со оружје беа запирани и запленети од страна на Израел.Кој ги спречува да ги контролираат пратките на лице место?
Станува се помоќна и очигледно е дека нема повеќе да биде само верен Амеикански сојузник, кој што никогаш не изневерил...
Истото важи и за Израел.Здравје за некое време ке го видиме во прегратките на Кина.Но тоа се е резултат на слабеењето на моќта на САД.Нешто што повторно некој не сака упорно да го види.
--- надополнето ---
Мислам знаеш што е државна и национална безбедност на една држава,уште повеке против една организациja признаена за терористична като Хамас. Не знаев дека се споредуваш со терористи и Хамас....
Па која е поголема закана за националната безбедност за државата од негирањето на самата нација?Твојата држава и унијата во која е таа членка ми нуди компромис кој значи уништување на мојата нација,а ти ми велиш да бидеме како Израел да не прифаќаме компромис?
За другово,
ФМИ пријателе мислам оти и повеќе од јасно е кај те боли.Такви ниски удари дека се споредувам со Хамас ке одиш со дечињата на улица да си муабетиш.Фала богу форумот е место каде се е во пишана форма.Имаш функција цитат.Дотогаш останува дека очигледно имаме проблем во комуникацијата бидејќи говориме два сосема различни јазици.