bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Чукање во дрво?
Сол преку рамо?
Велес по што го има името ако не по Словенски Бог? Сигурно Античките Македонци (кои нели не се измешале ич под Римската окупација и последователните Барбарски наезди на Хуни, Авари, Готи и слични културни луѓе)
Св. Илија не ли е „громовник“ како замена за Перун Словенскиот бог на громовите? Илинден паѓа во сред лето како и стариот фестивал на Перун.
До ден денес кога ке заврши жетвата на жито последното или првото снопче се остава на полето. Исто како и словените што правеле за Дажбог.
Значи не оспорувам дека има и од Античките нешто останато во нас и дека имаме право на тоа, али да се правиме луди дека немаме никаква врска со Словените е не само глупаво туку и смешно.
Сакаш да кажеш дека античките Македонци изчезнале од лицето на земјата, а елините останале живи? :pos2: Па аварите, хуните, готите не извршиле колонизација во Македонија, туку завршиле во Пелопонез и Атика. Истото е и со словенската колонизација, најголемите словенски племиња Велегезити, Милинци, Езерци се во Атика, Пелопонез и Епир. И сега грците не биле словени, а Македонците биле чисти словени по твојата логика.
Сета историја тврди дека колкава била словенската колонизација во Македонија, толкава била и на целиот Балкан, дури повеќе во јужна денешна Грција, зошто немале каде повеќе да одат словените. Град ВОЛОС имаме и во Тесалија/Грција, што е оригинално име на старословенскиот бог Волос. Топонимите дури и на грчките јужни острови се со словенска етиологија.
Во 13 век во источна Македонија масовно се населувале германи Саси, Шлези и Алемани како рудари од Куманово до Струмица, и сега треба да тврдиме дека источните Македонци се германи?

Проблемот е што грчките платеници во Македонија упорно настојуваат македонскиот народ да го прикажат како чисто словенски народ, за да може да се обезличи народот со име македонски и со јазик македонски, а со тоа во иднина тој народ и да престане да постои. Она што Грција го почна од 1833 г. со мегали идејата, уште го прави преку разните нивни бедни платеници во Македонија, кои газот си го продаваат за мали пари.