Четирите нивоа на свеста

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Ниво 1 - хаотичен/антисоцијален

Најниско ниво,не кое што се наоѓа околу 20 % од човечката поплулација.

Карактеристики:

- одсутност на духовност,одсутност на морал,безчувствителност,за постоење на Бог и духовен свет не размислуваат,нити тоа ги интересира,
- односи со други луѓе се основаат исклучиво за сопствени,себични интереси,се темелат на манипулација,а тоа се често способни ефикасно да го прикријат,
- хаотични се,бидејќи одсуството на морал ги води како груба импулсивност,
- често запаѓаат во неприлики,стануваат криминалци,сексуални манијаци,силувачи,убијци.Патот за извршување на не-дела им е отворен бидејќи недостатокот на морал и совест не ги спречува во нивниот криминал,
- дел од луѓето на ова ниво,духовен развој можат да постигнат со самодисциплина.Но ја ставаат во служба за остварување на сопствени амбиции,
- во остварување на своите амбиции се безкрупулозни,се ќе сторат за да ги остварат своите цели,
- тоа многу често им овозможува издигање до позиција на моќ и сопствен престиж така да можат да станат и славни личности,
- луѓето од првото ниво понекогаш можат да ја спознаат сопствената хаотичост,што за нив претставува болно искуство кое можат едноставно да го отфрлат,меѓутоа ако во тоа не успеат,може да дојде и до самоубиство,Понекогаш таквото искуство може да ги доведе до пат на духовен развој до Ниво 2,тоа може да се види по фактот кога некои криминалци во затвор дојдат во допир со некоја религија,неретко постануваат фанатични верници.


Ниво 2 - формално институционални

Ова е второто ниво на духовниот развој.
Именуван е институционален по тоа што луѓето на ова ниво се силно врзани за некоја институција која ги надгледува - таква институција може да биде на пр. војска,но кај повеќето луѓе тоа е религијата.
- луѓето на ова ниво цврсто се врзуваат за својата верска институција што им осигурува одсутност од хаотичниот живот сличен на луѓето на Ниво 1.
- повеќето од нивните морални вредности настануваат под јако влијание на нивната религија,
- луѓето на ова ниво зависат од нивната верска институција која на некој начин ги штити и надгледува,а изразито се приврзани кон формата на религијата(ритуали,церемонии,редовни молитви,верски обреди и др.)
- редовно веруваат дека Бог ќе ги казни сите оние кои не веруват во нивната религија,
- уверени се дека единствено верниците,припадниците на нивната религија ќе стигнат до рајот,додека другите само во чистилиште и пекол.
- луѓето од Ниво 2 се видливо чувствителни на промена на формата на религијата,бидејќи тоа е заправо таа форма од која тие зависат на патот кон ослободувањето од хаосот.Затоа многу обиди за реформа во религијата обично завршуваат со раскол.Како последица на таквите појави,многу религии со векови не се менувале така што останале на ниско ниво на цивилизациски развој.
- визијата за Бог на луѓето на Ниво 2 е прилично инфантилна: тие го замислуваат Бог како некој таму високо горе кој поседува огромна моќ и кој има можнст да ги казнува луѓето за нивните не-дела.Тоа е визија за Бог како Господар и полицаец,на кого луѓето од Ниво 2 му искажуваат покорност и од него се плашат.При тоа имаат многу малку разбирање за онаа половина на Бог која е во нас,односно за она боженственото во човечкиот дух.Таквиот Бог-тиранин на луѓето од Ниво 2 им е заправо потребен за нивниот духовен развој - таквиот страв од Бог ги одбива од грешништво и неморал,а нивната религија има дава упати за тоа што е добро,што не.
- Бог за нив е исклучиво од машки род,тешко им е да го замислат како универзално,или не дај Боже,женско суштество.


Ниво 3 - скептични/индивидуални

- луѓето на ова ниво се одвојуваат од формалната религија која ја набљудуваат од своето критичко и умствено стојалиште,
- имаат сопствен морален состав на кој религијата нема значајно влијание,
- безусловно веруваат во моќта на умот,веруваат само во она што вистински можат да го спознаат и докажат,со тоа што воглавно не веруваат ни во постоење на Бог,
- често сметаат дека верувањето во Бог е назадна појава од минатото и да луѓето кои веруваат во Бог се интелектуално инфериорни во однос на нив,
- веруваат во научното толкување на животот и светот,но не размислуваат за можностите за постоење на луѓе во непознатиот дел од универзумот.


Ниво 4 - умствено гностички

- луѓето од ова ниво имаат некои сличности со луѓето од Ниво 3 (отстапување од формална религија,нејзино критичко анализирање,изграден морален состав)
- она што ги разликува од луѓето од Ниво 3 е следно:
- веруваат во моќта на разумот и во објективните спознавања,но никако безусловно,
- луѓето од Ниво 4 се со отворени погледи,ништо од одма не отфрлаат,сите појави колку и да изгледале неверојатно,тие ги анализираат од повеќе аспекти,без предрасуди,и на крај донесуваат заклучок за нив,
- нивната можност за отворено и разумно размислување ги води до спознанија неразбирливи за луѓето од Ниво 3,а се однесува на можност на спознавање на духовен свет и Бог.Често се случува да луѓето од Ниво 3 се чудат „како тоа образован и паметен човек може да верува во такви глупости„.
- луѓето од Ниво 4 се свесни за ограничувањата на човековите знаења преку сетилата.Сепак научните спознавања не ги отфрлаат,туку ги интегрираат со своите духовни знаења за така да добијат слика на светот која претставува една смислена и поврзана целина,
- визијата за Бог на луѓето од Ниво 4 не е ни малку слична како кај оние од Ниво 2.За нив Бог не е никакво посебно суштество и Господар на кого треба да се покоруваат.Бог за нив е апстрактно суштество,сеприсутен дух на Космосот,ред и смисла на постоењето,чиј се дел наоѓа и во нас самите,
- иако луѓето од Ниво 4 не се поврзани со некоја верска институција,сепак можат да станат поклоници на одредена формална религија закоја мислат дека се наоѓа најблиску до Вечната Вистина.

извадок од книгата ’’Пат по кој ретко патуваме’’ на Скот Пек

Што мислите за оваа поделба на Свеста?
Во кое од овие нивоа се пронаоѓате?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Многу добра рационализација на Пек, но рационализација како рационализација пак може некому да створи погрешни убедувања за некого. На пример некој што е на прво ниво, може добро да глуми дека е на трето па и четврто, а во екстремно стресни ситуации и тој што е на четврто може да покаже симптоми како да е на прво. Добар беше Пек, лесна му земја. И благодарност од мене.
Се наоѓам во четвртата и првата, во средина ни за жива глава. :)
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Многу добра рационализација на Пек, но рационализација како рационализација пак може некому да створи погрешни убедувања за некого. На пример некој што е на прво ниво, може добро да глуми дека е на трето па и четврто, а во екстремно стресни ситуации и тој што е на четврто може да покаже симптоми како да е на прво. Добар беше Пек, лесна му земја. И благодарност од мене.
Тешко дека може пониските нивоа да глумат високи, високите можат да глумат ниски нивоа, а и да изглумат, лесно ќе бидат препознаени од повисоките нивоа :) .Интересна поделба секоја чест на анализаторот, кратко и јасно, не сум го сретнал до сега овај Скот Пек, ме заинтересира...:)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
4то ниво.

Па ја сум бил море умствен гностик!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Интересна тема и поделба :)
Се пронаоѓам во 4дел комплетно.. со мали замени на терминологија .. :)
а понекогаш како и КулХандЛук и во прва во овој дел - луѓето од првото ниво понекогаш можат да ја спознаат сопствената хаотичост,што за нив претставува болно искуство кое можат едноставно да го отфрлат :) ... во другиот дел не ..

за ниво 2 и 3 би рекол дека се уствари исто ниво но едно контра друго .. односно нивоа на исто рамниште ...
јас би рекол Ниво 1 Ниво 2А Ниво 2Б и Ниво 3 :)
 
A

ateist

Гостин
ај да не знам
ај да не можам да докажам
па да се согласам со глумците

ама самиот текст е чиста забеганија

тој што го пишувал текстот прво не ка не се крие зад непознати термини туку нека демострира НАДМОЌ барем приближно како мене

нека даде дефиниции што поима под термините што ги употребува зад кој се крие од типот : Бог , дух , духовност и слично
е добро де умрел ај неговите следбеници нека дефинираат не за друго туку да не испадне како на времето со Топурко (васил)

познатото ..."..шо убаво говоре дет"то ништо не го разбрахме ама баш затоа мора да е многу паметен " ...........хахахаах глупости

никој никого не може да имитира ако навистина разбрал може само да има разлики во стилови
ама за тоа треба ..............дефиниции
оти вака што вели Теокатер ....духовност од типот ......."види ја светлината"..............хахахахаах
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
дефинитивно не сум во 1, 2 и 3, туку се пронајдов во 4 значи умствен гностик.
 
F

FilipMacedon

Гостин
претпоставувам сите ке се "најдете" во четвртото ниво:)
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
претпоставувам сите ке се "најдете" во четвртото ниво:)
хмм оти? у која смисла го кажуваш? сакаш да кажеш дека сите глумат?

зашто воопшто некој се дрзнува да каже дека сите глумат? кој успеал сите да ги анализара толку детално за да каже дека глумат?

факт е дека неможе секој да биде убиец, суров или војник, исто така да не верува во Бог, а тука сите сме под ник и без фотографии што верувам никому не би му претставувало проблем да каже како се чувствува и каде припаѓа, затоа се тотално погрешни размислувањета дека тука сите глумат, ајде да е јавна дебата можеби. Но неможе сите да припаѓаат на секој од тие стадиуми посебно на 1 и 2.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Мал дел од луѓево се на 1, најголем дел на 2 и 3 и многу мал дел (ептен мал) на 4. По поделбата како е тука ако ја прифатиме за точна. А тоа што секој ќе рече дека е 4 е веќе друга приказна :).
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Добра тема, немам што друго да кажам.
Дефинитвно поделбава носи вода и објаснува многу работи.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Lugeto sto ja sum gi srekavala se groto vo 3 i 2. Toa se nasite hard core scientists and our religious fanatics. Tie sto spagaat vo 1 - mislam deka poveketo se uspesni politicari ili biznismeni.
 
Член од
29 јуни 2010
Мислења
40
Поени од реакции
1
Малце не се согласувам со 4 нивоа, зш можеш да бидеш пола од едно пола од друго. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom