Тинејџери - Врколаци!

  • Креатор на темата Дамјан_Amstaff
  • Време на започнување

Milovoe

деЧак со оЗЛОгласен СмешаК
Член од
13 декември 2009
Мислења
90
Поени од реакции
24
Gleale mnogu Twillight i gi udrilo vo glava. Ova EMO lugjevo se samo za mlatenje... i onaka im pruza satisfakcija :D
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Глеам се попаливте..

ЗАЕБАНЦИЈА?Сфаќате или слабо нешто...?

Мада би им направил нешто од наведеното,ама не се.
За вакви фрикови,така треба.
Дали имаат родители овие деца ме интересира и како ги воспитувале?
Па самиот наслов на темава е језив,Тинејџери-Врколаци,самиот наслов кажува на нешто што е ненормално,што е необично и болно.
И не е само изгледот,туку во глобала гледам..
А ти знаеш шо е заебанција и како да ја користиш?
Не ми одговори ти ЗОШТО би го направил тоа?
Затоа што се облечени у црно? Затоа што не се однесуваат онака како што ти се однесуваш? Затоа што се нова појава која поради неспособноста за прифаќање, ја чувствуваш како закана за нешто?
Насловот на темата не кажува дека децава се болни... Насловот кажува само како се нарекуваат себе.
И те молам, што виде во глобала од клип од неколку минути? Виде какви им се емоциите? Виде како реагираат во секоја можна ситуација? Виде за што се а за што не се способни?
Ништо од тоа не виде.
Виде само едно обични интервју во кое никогаш не може да се дознае каков е еден човек навистина.

Муабетов ти е, ги мрзам од онака. Нека ги тепаат нивните пошо се различни од мене. Не ми одговараат, па нека страдаат.
АЛО!!! Каде со такви размислувања?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да, токму така.
Балканскиот начин на воспитување спречи и тек ќе спречува (иако сум космополита и прогресивец сепак кога се работи за домашно воспитание, млаку шамарење) хо подржувам тотално и бесцелно!

Тоа дека било надополнето со масакри и други воени злосторства не се должи на домашното (балканско воспитување) туку на надворешни фактори и влијанија (курвата Вавилонска и ретардираните каубојци) но тоа е веќе трета тема...

Балканецот е сеуште див. Дај му ТОТАЛНА слобода + изопачени и банални глобалистичи зачин од суб - култури и социолошки феномени ќе добиеш хорор во буквална смисла.
Лоша идеја е див Балканец да го игра истото оро кое го играат ретардираните каубојци (иако не играат оро де...).
Значи нашите деца не треба да потпаднат тотално под тие влијанија.
Не сме ретарди ние иако имаме некои комшии кои мноогу потсеќаат на такви.

Како и да е, ваквите појави треба да се спречуваат и санкционираат by any means necessary, зошто голема е можноста да излезат од контрола знаејќи го денешното гнило и болно модерно општество, посебно кога тоа ќе се помеша со нашите Балкански адети...
Пак феил.Колку и да имале влијание ЕУ и САД на кои веројатно алудираш таквото влијание мора да падне на плодна почва а таа почва е Балканот како и обично.Тоа се должи пред се на домашното воспитување во кое генерации деца иако успешно спречени да си играат врколаци,вампири,вештици и слично биле хранети со бајки за “нас и нив“, “клетите Албанци“,брадата на Дража,шупакот на Анте,квази истории и традиции,труповите по Сава,каурите и некрстените,оние кои се крстеле со три а не со пет прста,Јасеновац и Стара Градишка, Равна Гора, Солун е наш, голема Бугарија,Голема Албанија...

Балканецот воопшто не е див но никогаш немал ни прилика да живее како што треба,делумно поради самите себе и инфантилната фиксација за племето,земјата,крвта и слични лоботомии,наметнувани од најмали нозе...во недостаток на можност за јасно дефиниран личен,индивидуален живот балканецот очајно се турка да припаѓа во некоја група каде ќе доживее некакво признание и ќе му биде задоволена потребата за колективна припадност...
Теоријата дека на балканецот му треба контрола и диктатура се покажа како погрешна.Се сменија неколку политички и економски системи кои од кои поавторитарен и полош,а резултатите се...кои? Тоа што нема квази-субкултура на вампири и врколаци а има разни заразни болести како национализам... кои за разлика од врколаците што живеат во народните преданија и филмовите...навистина убиваат...:tapp:

И самиот споменуваш дека ние не сме биле ретарди а комшиите биле...истото го мислат и тие за нас веројатно...business as usual...

Нема ништо лошо во вакви игри па макар се правеле и некакви квази суб-култури...нема никаква потреба од санкции и превенции бидејќи не се работи за ништо заканувачко освен стравот кој веројатно го предизвикува кај тебе ваква ситуација како овие врколаците..:vozbud:...има фази во животот кои мора да се поминат и проживеат,така било така и ќе биде.Не знам каде гледаш закана во вакви случаи,ние веќе увезовме многу работи од модерново општество а створивме и некои ендемични...
Со казни само ќе се закочи развојот и подоцна ќе имаме вечни адолесценти...:tapp:

Случаите на деца од основно кои се опседнати со политика и се замараат со тоа се чести кај нас.
Врколаци vs. Парламент...хммм...


:vozbud:
:vozbud:

LEAVE THEM KIDS ALLOOOOOONE
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Пак феил.Колку и да имале влијание ЕУ и САД на кои веројатно алудираш таквото влијание мора да падне на плодна почва а таа почва е Балканот како и обично.Тоа се должи пред се на домашното воспитување во кое генерации деца иако успешно спречени да си играат врколаци,вампири,вештици и слично биле хранети со бајки за “нас и нив“, “клетите Албанци“,брадата на Дража,шупакот на Анте,квази истории и традиции,труповите по Сава,каурите и некрстените,оние кои се крстеле со три а не со пет прста,Јасеновац и Стара Градишка, Равна Гора, Солун е наш, голема Бугарија,Голема Албанија...
Не бе САД и ЕУ немаа влијание него нас ни текна да се колиме и бесиме меѓусебно оти децата се воспитувале со чотек (кога краделе, се тепале, користеле вулгаризми, се однесувале девијантно) и поради тоа што немало Нинтендо и Твајлајт не бил сеуште снимам за да почнат да се прават вампири и вештерки...
Тоа со клетите Албанци, брадата на Дража, Анте и така натаму е наметнато од системот (одредени политички фигури со соодветна задња намера) а не татко ми или татко ти или другите татковци и мајки кои воспитувале деца.

--- надополнето ---

Балканецот воопшто не е див но никогаш немал ни прилика да живее како што треба,делумно поради самите себе и инфантилната фиксација за племето,земјата,крвта и слични лоботомии,наметнувани од најмали нозе...во недостаток на можност за јасно дефиниран личен,индивидуален живот балканецот очајно се турка да припаѓа во некоја група каде ќе доживее некакво признание и ќе му биде задоволена потребата за колективна припадност...
Кога бевме во ЈУ немавме нечије признание за било кој општествен аспект?
Немавме колективна припадност?

--- надополнето ---

Теоријата дека на балканецот му треба контрола и диктатура се покажа како погрешна.
Јас колку што знам за време на ЈУ (посебно на друг Тито) немало колежи, давежи, грабежи... народот си шетал и живеел слободно дури со отворени врати навечер...
Замисли си...
Ако тоа според тебе е грешка (да се живее мирно како цивилизиран народ, а ако сакаме така да живееме требит и сила малку повеќе за да се припитоми народот) тогаш....

--- надополнето ---

Нема ништо лошо во вакви игри па макар се правеле и некакви квази суб-култури.
Абе од играчка - плачка.
Ја знаеш таа...
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Добро де има и еден куп фанови на Star Wars убедени дека се џедаи и ово-оно, па никому ништо. Тоа се пропали тинејџери кои сакаат да бидат видени и препознаени. Пуста желба. Кога ке пораснат големи еден ден ке сватат дека се серковци.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
нема никаква потреба од санкции и превенции бидејќи не се работи за ништо заканувачко освен стравот кој веројатно го предизвикува кај тебе ваква ситуација како овие врколаците..:vozbud:...има фази во животот кои мора да се поминат и проживеат,така било така и ќе биде.Не знам каде гледаш закана во вакви случаи,ние веќе увезовме многу работи од модерново општество а створивме и некои ендемични...
Њама страв кај мене од такви филмчиња но не ја исклучувам можноста за создавање на групи/култови/секти и.т.н. а башка млади деца незнаат на кој свет се и се лесни за манипулирање од некој болен ум за исполнување на неговите болни цели.

На пример вакви цели :

 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Поглупо од ова нешто немам видено... Глупост... на тешка дрога се сите. Изгледа го гледале по многу пати овој новиот филм сега што е па станале зависници :tapp:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Role-playing по дома, на компјутер, виртуелниот свет.
Во реалноста (реалниот свет) биди си нормална персона за да не почнеме и ние фанацтиците по Counter Strike да играме во реалноста (еден сервер со врколаци - терористи)
Играј си бе камај камај :D

Ти кажав, role-playing во рамки на нормала. Ако некој е доволно паметен да си направи костим, а и да си измисли и запамти серија на сценарија, мислам дека има доволно во лејката да ги знае последиците ако претера (знаеш што мислам во врска со претерување).

--- надополнето ---

не, 6 иам. Зш? =]
Пуста радозналост :D
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не бе САД и ЕУ немаа влијание него нас ни текна да се колиме и бесиме меѓусебно оти децата се воспитувале со чотек (кога краделе, се тепале, користеле вулгаризми, се однесувале девијантно) и поради тоа што немало Нинтендо и Твајлајт не бил сеуште снимам за да почнат да се прават вампири и вештерки...
Тоа со клетите Албанци, брадата на Дража, Анте и така натаму е наметнато од системот (одредени политички фигури со соодветна задња намера) а не татко ми или татко ти или другите татковци и мајки кои воспитувале деца.


--- надополнето ---



Кога бевме во ЈУ немавме нечије признание за било кој општествен аспект?
Немавме колективна припадност?

--- надополнето ---



Јас колку што знам за време на ЈУ (посебно на друг Тито) немало колежи, давежи, грабежи... народот си шетал и живеел слободно дури со отворени врати навечер...
Замисли си...
Ако тоа според тебе е грешка (да се живее мирно како цивилизиран народ, а ако сакаме така да живееме требит и сила малку повеќе за да се припитоми народот) тогаш....

--- надополнето ---



Абе од играчка - плачка.
Ја знаеш таа...
Њама страв кај мене од такви филмчиња но не ја исклучувам можноста за создавање на групи/култови/секти и.т.н. а башка млади деца незнаат на кој свет се и се лесни за манипулирање од некој болен ум за исполнување на неговите болни цели.

На пример вакви цели :

И пак феил.
Детските и тинејџерски игри и уфилмувања немаат никаква допирна точка со наведените состојби,не се некаква си превенција како што иронично се обидуваш да имплицираш и нивното отсуство или присутво па макар прераснале во некаква квази суб-култура не прави разлика...
Не се само политичарите.Лоботомијата почнува од домот...за жал...ако ти ги воспитуваш децата во патриоцки дух тие ќе се поприемчиви за такви идеологии...

Во времето на Тито имало помалку криминал и улиците биле посигурни (да не претеруваме демек денес манијаци чекаат на секое ќоше,медуимите пумпаат малку ама ај...) но тоа не е заради немањето млади кои се филмаат дека се врколаци туку општата социјална и економска политика која во корен спречувала некои работи...

Со сила ништо не се постигнува.Ако имало ефект сега ќе беше се во ред нели...после 50 години таков систем но кога надзорот го снема се појавија репресираните девијации како и обично.Свеста се гради доброволно и према потребите и можностите на поединецот.Нема друг начин.Силата треба да е константно присутна,тоа значи голем репресивен апарат и кодоши...на долг рок никогаш не функционира...

За Џими Џонс и руската секта,се работело за секти секако религиозни, кои переле мозок на очајни и сиромашни поединци посебно во случајот на Народниот Храм. Тоа е премногу далеку и различно од детски игри макар да изгледале бизарно и непријатно на прв поглед...тоа е светлосни години далеку од цијанид со лимонада...

Стравот и паранојата се резултати на феил општества...како нашево...:tapp:

 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Да ги прашам тие што ги подржуваат и бранат таквите забегантуси амерички нешто...

Би сакале ли да имате такво дете,да биде покажувано со прст од секој што ке помине како гледај го овој каков е ист Дракула,не се дружете со него,ке ве изеде за вечера,да го снимаат телевизии,да го гледа цел свет и лугето што не мислат како него да се згрозуваат од родителите кој не го повеле на прав пат ??

Онака чисто ме интересира :D
 

NetworX

Кретен
Член од
9 ноември 2009
Мислења
252
Поени од реакции
19
Најдов намена за леќите што ги акнале... за да не им се гледаат зениците дека им се како џамлии
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да ги прашам тие што ги подржуваат и бранат таквите забегантуси амерички нешто...

Би сакале ли да имате такво дете,да биде покажувано со прст од секој што ке помине како гледај го овој каков е ист Дракула,не се дружете со него,ке ве изеде за вечера,да го снимаат телевизии,да го гледа цел свет и лугето што не мислат како него да се згрозуваат од родителите кој не го повеле на прав пат ??

Онака чисто ме интересира :D
Кажав сто пати, ќе кажам уште еднаш... Ако дојдовме до таа мера да се згрозуваме од вакви деца и од нивните родители, што ли треба да правиме кога ќе слушнеме за уште еден напад на некој фрикосан психопат?
Мислам, муабетов ти е демек важно е што цел свет ќе рече за моето дете кое одбрало да си биде врколак...

Не знам колку успеавте да сфатите ама:
Децава (според мене) патат од недоволно внимание посветено на нив во семејството и тоа го решаваат на еден многу прост начин. Find your soul mate and get along with him.

Во самото интервју едно од децата кажува дека функционираат (барем пробуваат) како семејство. Секој се грижи за секого. Секој му помага на секого. Во денешно време очигледно е дека луѓето ја забораваат основната улога на семејството. Да се биде секогаш еден до друг, еден за друг. Па овие деца погодени од тоа, односно лишени од родител - дете односот, земаат пример од глутница волци. Од она кое за нив оставило впечаток дека функционира како заедница.

Една компарација да направам само:

  • Волците во принцип се самотници <----> Децава се чувствуваат така благодарение на невниманието од дома
  • Кога волците се во глутница си помагаат сами на себе <----> Децава пробуваат да ја пополнат празнината во себе со помагање едни на други
  • Волците ловат тимски и така го добиваат она што го сакаат - пленот <----> Децава се сепарирани од сите други и формираат своја глутница. Го ловат пленот заедно и на овој начин успеваат да го уловат. Кај нив пленот е всушност потребното внимание.
Токму поради тоа ги оправдувам. Токму поради потребата да бидат слушнати и да бидат поразлични. Поради потребата да не го изгубат она кое ги прави личности. Ако немаат никој покрај себе за да ги поддржи во тоа, ќе станат посесивни створења кои на тој начин ќе имаат многу поголеми шанси утре да влезат во училиште и да разнесат цела училница со деца. Вака бар ја лечат фрустрацијата, ја бараат утехата а богами и ја наоѓаат.

Во однос на прашањето... Звучи клише ама ќе кажам. Сè додека е среќно детето, со мене сè ќе биде во ред.
На крај, какво ќе биде детето е тесно поврзано со мене. Ако ми рече дека сака да биде врколак, нема да се разочарам во него, туку во себе. Не за тоа што ќе биде врколак, туку за тоа што на некој начин сум го онеспособил да се прилагоди на средината и поради тоа да пребегнува и да се сепарира во групи кои ете на многумина ќе им бидат одвратни.
И сам кажуваш, да се згрозуваат од родителите, не од детето.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да ги прашам тие што ги подржуваат и бранат таквите забегантуси амерички нешто...
Кој рече дека се американски производ, или дека најголемиот број се од таму? Неинформираноста си го прави своето ....

Би сакале ли да имате такво дете,да биде покажувано со прст од секој што ке помине како гледај го овој каков е ист Дракула,не се дружете со него,ке ве изеде за вечера,да го снимаат телевизии,да го гледа цел свет и лугето што не мислат како него да се згрозуваат од родителите кој не го повеле на прав пат ??

Онака чисто ме интересира :D
Се согласувам со тоа што мајката на видеото го кажа:

"Ако ова е најлошото нешто низ кое ќе минам како родител, тогаш јас сум благословена" - и го деламистото мислење со неа.

Тинејџерские години се бурен период за секој родител, а најчувствителниот за секој поединец-тинејџер. Ако тука заебете - готово. Џабе после и извинувања, и надоместувања, децата ќе ве мразат цел живот, а ако не ве мразат, никогаш нема целосно да ви простат. Им е потребна малку слобода.

Секако не значи тоа дека ние треба да ги пуштиме што сакаат да прават како родители, но се додека нема некоја штета врз други луѓе, јас не гледам како ова е тешко некој да го проголта како родител. 1 Април, 365 дена во годината, 7 години по ред? Јас можам да го сварам тоа. Особено ако синот/ќерката тоа го/ја прави слободни во начинот на изразување, и имаат чувство дека припаѓаат некаде.

Без разлика дали сте се труделе како родител или не, вакви работи ќе се случуваат. Не мора да значи дека сте го запоставиле детето, или дека дефинитивно се работи за некоја празнина како што спомна Гладиус. Може да биде едноставно нешто со кое се идентификуваат, а не е конвенционално за општеството во кое живеат. Си наоѓаат група на истомисленици, или кои се чувствуваат на истиот начин, и тука се исполнува чувството на припадност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom