Јас ќе ти одговорам: Брат ми има помогнато на 30 000 ( со букви: триесет илјади ) Албанци од Косово. Додека од белиот свет ( Брисел и Вашингтон ) доаѓаа тука и се сликаа и после си одеа, кризниот штаб на Македонија направи една до сега НАЈУСПЕШНА хуманитарна акција ( читај добро болдирано е ) акција за транспорт на бегалците од кампот во Блаце, кој немаше никакви услови за живот во привремениот камп, а воедно почна да се шират заразни болести ( сигурно знаеш каков беше кампот во Блаце ). Сега кажи ми ти некој Косовар кој помогнал на Македонец, не мора на 30 000 доволно е на барем 100.
Nako, ako tvojot brat im pomognal na 30.000 kosovari???mozhesh li da mi kazhesh kako im pomognal dali dobrovolno (ne bil platen) ili pa bil platen i negovata dolzhnost dobiena od rabotodavatelot bila da gi preveze i odnese do odredeno mesto, imash li nekoj link da go tvrdish toa bidejki e chudo golemo ako eden chovek pomaga na 30,000 luge vo nesreka i da nema nishto napishano za nego, i ne zaboravi Makedonija zaradi toa dobi 21 milion dollari znachi nekoj platil, gore imash dokaz za toa na angliski
--- надополнето ---
Илир никој не рече дека нема убиено во љуботен и дека тие што учествувале во акцијата за некој се убијци но проблемот е во тоа што тоа беше ЛЕГИТИМНА АКЦИЈА НА МВР против теросридтите на она е сега кој згрешил и дал грешни информации дека и цивилете се дел од она треба да плати но сигурно тоа не е Јохан кој бил само командир на една од формациите што дејствувала во селото Значи кога тие деца шо останале без родители треба да ја бараат вината на друго место тој што ја дозволил акцијата и дал такви погрешни информации а не сторителот зошто тој е само потчинет и извршува наредби и сигурно ако му речеја и на друго место ќе дејствуваше и делуваше со неговите припадници
Да не смонувам за вашите односно за раковдството на она и за вашите чисто терористочки (кукавичи)акции за кој никој не одговара но пишав и претходно не сте вие криви за тоа туку само ние што тоа си го дозволивме да се случи и за тоа никој да не одговара во инерес на мирот и добро сосетвото НО СО КОЈ ?И ЗА ШТО ВРЕДИ ЛИ?
СИГУРНО НЕ !!!
Па уште сега како што се збора ако му се дадат права на тероростите за пензии и ги израмант со борците наши КРАЈ ЌЕ БИДИ !
НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ ОСВЕСТИСЕ ДА НЕ БИДЕ КАСНО !!!
prema makedonskata vlada ima nekolku verzii koj e odgovoren za ubistvata na civilite vo luboten, no ne znachi ako Tarchulovski dobil naredba da ubie civili i deka treball toa da go stori i da se chustvuva nevin, sekoj normalen chovek ne bi go storil toa , bi pukal li ti na civili ako dobivash naredba?
Претседателот Борис Трајковски лично ја даде наредбата за напад врз Љуботен, тврдеше сведокот на одбраната, Златко Кесковски на судењето на ексминистерот Љубе Бошкоски во Хаг. Кесковски, кој едно време беше шеф на обезбедувањето на Трајковски, минатата недела имаше дуел со обвинителите во хашката судница кои, наспроти неговите тези, тврдеа дека Трајковски никогаш не би го загрозил потпишувањето на Рамковниот договор наредувајќи акција во Љуботен.
Откако се согласи дека Трајковски не би го загрозил мировниот договор, Кесковски, сепак, остана на своето тврдење.
„Изминативе денови многу го спомнувам името на претседателот Трајковски. Сакам да му изразам сочувство на неговото семејство по повод годишнината од неговата смрт“, рече Кесковски, но остана на тврдењето дека лично чул кога поранешниот претседател ја дал наредбата за напад.
Според сведочењето на телохранителот, наредбата му била дадена на мајорот Митре Деспотов, тогашен командант на баталјонот на Гардиската бригада, кој веднаш постапил по неа. Деспотов, кој како сведок пред судот во Хаг се појави во јуни минатата година, тогаш изјави дека имал обврска да постапи по наредбите на претседателот Трајковски, но не прецизираше дали таква наредба добил од тогашниот претседател.
Обвинителката Антоанет Иса оцени дека тврдењата на Кесковски се пристрасни и се резултат на неговото пријателство и кумство со обвинетиот Бошкоски. Таа ја предочи изјавата на помошник- командант за безбедност во Гардиската бригада, кој тврдел дека Армијата на 12 август утрото не добила наредба за напад. Кесковски го демантираше таквиот исказ. „Деспотов доби наредба од претседателот да преземе активности во рамките на неговите надлежности. Тоа е она што јас лично го чув“, рече Кесковски во текот на вкрстеното испрашување.
Претходно, тој објаснуваше дека „Трајковски бил бесен поради зачестените напади на ОНА врз безбедносните сили“ и дека таквите напади претставувале опасност за потпишувањето на мировниот договор, закажан за 13 август 2001 година. Кесковски, исто така, рече дека Трајковски бил под голем притисок на јавноста која сметала дека претседателот не ја користи Армијата во доволна мера во борбите против ОНА.
Поради тоа, по терористичкиот напад на ОНА на 10 август во близина на Љуботен, Трајковски побарал да разговара со воените старешини кои се наоѓале во подрачјето на Љуботен. За деталите од тие средби веќе сведочеше Деспотов, кој рече дека спроти акцијата во Љуботен двапати се среќавал со второобвинетиот Јохан Тарчуловски. Според Кесковски, целта на тие средби била Трајковски да биде во можност преку мобилниот телефон на Тарчуловски да контактира со Деспотов.
Кесковски тврдеше дека Трајковски го испратил министерот Бошкоски во Љуботен „за да ги смири македонските граѓани“ кои „провоцирале конфликт врз етничка основа“.
По Кесковски, како сведоци на одбраната на Бошкоски во Трибуналот се појавија и поранешниот началник на Одделението за внатрешни работи во Битола, Христо Здравковски, и Ѓоко Поповски, вработен во Секторот за финансии во МВР.
Судењето ќе продолжи денеска со вкрстено испитување на Поповски. (Б.Г.)