Моментот кога ми кажаа за болеста прво се почувствував како тонам, душата ми вриштеше, главата празна, а не можев збор да кажам, не можев да направам ништо друго освен оној фамозен потег - рака на уста и :icon_eek: фаца.
Потоа, кога се подосвестив малце, изреагирав вака:
Прво ќе негирам до максимум и ќе си се убедувам самата себе дека нема теоретски шанси да ми се случи тоа на мене.
А после како bucio, само што не го заебав докторот, пошто сите беа решени да се борат, него на болеста и реков up yours
Ќе го заебам докторот и неговото предвидување.
Никогаш не би се откажала од борба, не би кренала раце, би отишла кај друг доктор, би барала некаков лек, конвенционален, неконвенционален, би се држела за животот, би "клоцала и гребела".
Преголема кукавица сум за да умрам без збор
И, во суштина, не ни сакам да размислувам на темава посериозно, зае*ано е кога стварно ќе се соочиш со смртта и со тешка болест да размислуваш за тоа.