Браво, браво...
ова е демократија, кога не можеш со аргументи, тогаш бриши постови и вреѓај...а каде е каваљерството према една дама?
Ко што рече Рет Батлер во Однесени од виорот "
And you,
Miss, are no lady!"
Не се лути ама се гледа дека профилот ти е направен не за дискусија, туку за бранење на "Сам свој мајстор" (15 од 15 реплики ти се на оваа тема). А и не прочитав одговор на прашањата што ти ги поставија. Што толку ти е интересно шоуто?
----
Неколку пати ја гледав аудицијата (не при премотување на канали туку намерно), не за друго туку дека е македонко шоу и останав разочаран.
Што ги тераа да прават? Склекови! Не знам која им беше поентата да ги понижат кандидатите или пак можеби да се почувствува жирито супериорно ама јас како гледач можам да кажам дека изгледаше ептен дебилски и неинтересно. Не верувам дека некому тој момент му бил интересен.
Друго нешто од аудицијата е прашањата кои ги поставуваше жирито. Пак неинтересни и ко баба им да им ги спремала од дома. Беа некако вештачки, а и се преповтараа, тоа па тоа. Иван прочитал нешто од кратките автобиографии кои си ги напишале кандидатите, ама недоразбрал па глупи ситуации, џабе праеле муабет.
Да не зборам дека госпоѓата психолог или психијатар ги третираше кандидатите како пациенти. Па место да проба да направи шоу таа им вели "Зошто мислите дека ќе издржите толку време оделени од пријателите и блиските?" Тешко некого да го интересира ова.
Два три пати случајно начекав и куќа кајшто правеа и пак неинтересно. Само Марко им вреди, ама и тој не може цело шоу сам да го носи.
Го начекав шишањето на еден од учесниците. Му се собрале околу него четворица и ќе го шишале демек знаеле. И се трудат нешто да бидат забавни, ама не бива, повеќе изгледа нападно и досадно.
Во право е AlextheGreat кога вели "таквите игрички ги измислуваат деца мали во предшколска возраст"
Требало да си земат лиценца Big Brother и да направат квалитетно шоу вака од тоа што видов, мене воопшто не ми се допаѓа.