мислите дека пирамидите во Босна се глупост,а тамошните копачи организираат волонтери од цел свет.....и шо мислите-априлилили е?! очигледно ги фаќа мрза луѓето па не ги читаат сите постови иако само 2-3 страни треба да прелистаат каде напоменав дека пирамида не мора да значи гробница !!! наводно тука древните народи во определен дел од денот во одреден период од годината наводно можеле да исползуваат исцелителна енергија,значи пирамидите служеле да створат некое енергетско поле за кое тие знаеле.....за пирамидите во Кина малку се знае,местата се строго забранети за посетување.....
Пирамидите во Босна воопшто не се глупост,еве ќе ти кажам и јас добив покана да отидам да копам во Високо,но нема да можам поради други планови(ми е криво ама тоа е).Инаку неколку
интересни теории за пирамидите(преземено од независни извори и нецензурирани од корумпирани типови како што е Захи Хавас-секретар за антика на Египет):
1.Не служеле само како гробници за фараоните.Тие се всушност древни храмови во кои луѓето(а можеби и алиените) се засолнувале и се празнеле од негативната енергија(нешто како современа термичка бања) и се поврзувале со напредни цивилизации(како wireless интернет) каде што разменувале мислења и се консултирале за наредни чекори.
2.Нивната старост е далеку поголема одошто тврди официјалната историја(докажано со радио-карбонско датирање).Некои од нив како кинеските се стари и до 12-13.000 години.И пирамидите во египет се постари за едно 2-3000 години од официјалната верзија.
3.Поради огромната старост тие се покриени со земја,трева и дрвја и затоа на некои луѓе кои служеле војска во бившата ЈНА им се гледале некои ридови како да се пирамиди(со некои од нив лично имам разговарано) што сега и ќе се види дека е точно.
Што од сето ова е точно,ќе покаже времето,ние можеби ќе дочекаме да дознаеме,но не може само да критикуваме и да тврдиме дека тоа се "
јаловина од рудници???"