:uvo:
САД ги чува и работи за своите интереси, а тоа подразбира автоматско заземање на позиција во однос на пречките тоа да го остварат.
Нема тука емоции ниту идеологија.
И тоа е подеднакво исто и за т.н. Исток воспеван од Славјански на сите теми.
Нема тука правила, зависно од нашите интереси така треба да ја градиме и позицијата, без разлика дали бил тоа Исток, Запад, Север или Југ.
Со декларирање на политичка волја не се постигнуваат резултати, туку со создавање на постојан интерес во Македонија, на тие поголеми фактори.
Тоа би биле енергетски ресурси, нафто/гасоводи, сообраќајни врски и иницирање на почетни големи инвестиции макар тие да значеле и загуба за нас во наредниве 30 години.
Трансфузија не може да се направи, но може да се елиминираат сите луѓе кои се одликуваат со опасно големо -фили во однос на глупостите кои ги заговараат, а тогаш можеби ќе почнеме да си ги гледаме сопствените интереси наместо да го бркаме интересот на истиот начин кој го користевме и досега.
Со смена на стопанот нема да добиеш подобри услови, тоа што ти го предлагаш е само заземање на друга страна, неземајќи ги во обѕир последиците ниту потенцијалните ризици во форсирањето на еднонасочна политика.
Јас би ти предложил да се преселиш во Русија, а таму да го осознаеш мислењето и расположеноста на нивниот менталитет за 'избавување' на Македонците.
Можеби ќе ги убедиш Русите да дојдат “за џабе“ во Македонија, бидејќи имаш извонредни менаџерски способности.
Моето воспевање не е Русија, таа е само еден дел од сето тоа.
На Русија и треба истата преродба како на сите славјански земји.
Свесни словенски земји значат земји кои ги имаат судбините во свои раце а не да служат на туѓи интереси.
Ако ја промениме свеста на Славјаните тие еден ден ќе се свртат едни кон други и заеднички ќе ги штитат своите природни права и интереси, нема да служат ниту на американци, енглези, германци, утре кинезеи, туку ќе станат фактор во меѓународната политика.
Русија се наоѓа иста во идентитетска криза, па таа е чистена на ист начин како што низ вековите се чистени Македонците.
Трага да не остане од ништо руско духувно, исконско богатство.
Сродноста на славјанските народи не е од 5 или 6 век, се повеќе доаѓаат наоди каде тој народ во минатото бил познат како Пелазги, , Анти, Венети, Скити итн, се повеќе водата оди дека јазикот кој го говореле е предвавилонскиот јазик итн ....
ТИ сакаш да признаеш или не ние сме дел од таа цивилизација и само таму во тоа наше стадо ние можеме да оствариме некој наш интерес.
Западот, исклучиво поради таа припадност, без разлика дали ти ќе ја прифатиш или не, не има ставено во делот на народи кои ги загрозуваат стратешките интереси на западните сили.
Ти немора да ја сакаш Русија, но како припадник на таа цивилизација, ти си опасност по тие интереси и мораш да бидеш разбиен.
Море соблекувај гаќи, клекнувај, прај му какви не мераци, џабе ти е.
Ако за вас 1948 егејската криза и воениот договорот Југославија-Турција-Грција(а велиме овие последниве две се смрни непријатели) под менторство на САД, ако 2001 исто менторство на НАТО и ЕУ земјите, рамковниот и територијалната поделба, бенчмаркови и останати барања кои задираат во суштината на македонската држава, не е рушење на државата, тогаш имаш огромен проблем со твојата македонштина.