Група Д (Германија, Австралија, Србија, Гана)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Според твојата логика, Гана би требало да ја растури Германија. Зошто?
Затоа што се утепа од спомнување дека Германците се Европски шампиони за под 21 година, епа Гана е актуелен светски шампион за под 21 година, и повеќето од тие играчи играат во овој тим на Гана.

A да те потсетам дека Србија беше финалист Светско под 21 година во 2007.

Да не се повторувам со Bavarec, убаво си напиша, не ми беше поентата дека Германија ќе ги растури Србија ради тоа што пола тим им е од шампионскиот во младинската категорија, туку само ти пишав од кои фудбалери е составен германскиот тим. И ептен си ми го извртил муабетот. Од каде по моја логика дека Германија ќе ја растури Србија или Гана ќе ја растури Германија? Ај тоа објасни ми го те молам.
Пак ќе пишам, само ти пишав од кои фудбалери е составен германскиот тим и какви амбиции имаат за наредниве години.
А ако ти смета тоа што сме спомнувале дека Германците до 21 се Европски шампиони, нема повеќе да го спомнам тоа, кој си знае, си знае.
Ко вие да не не 'утепавте' со тие песните и картите и што ли уште не за Србија, па не видов никој навивач на Германија да враќа на такво ниво, туку цело време се обидувавме да развиеме фудбалска дискусија.
 
Ako mislis za poslednoto klipce kladano e za smea :) inace edvaj cekum petok, ili ki si ojme doma ili ki opstanme se na se mi mirise na dobra utakmica!
 
Ako mislis za poslednoto klipce kladano e za smea :) inace edvaj cekum petok, ili ki si ojme doma ili ki opstanme se na se mi mirise na dobra utakmica!

Е баш на него не мислев, не беше постирано дур го пишував ова.:) Али нема везе, не ми сметаат мене такви работи, само некогаш сум приморан да ги спомнам.
А за в петок, мора да биде екстра натпревар, од една страна ја имаш Германија, која досега најдобро се покажа на првенствово и доби голема стравопочит од останатите, а од друга страна ја имаш Србија, која имаше (и сеуште има) големи амбиции за ова првенство, која има еден извонреден состав, и која едноставно МОРА да победи за да не си ги спакува порано куферите. Метафорички, ќе падне крв на терен.
 
SVET JE SRBIJA BRE!

Причај Српски да те цео Свет разуме !:tv:

--- надополнето ---

Ako mislis za poslednoto klipce kladano e za smea :) inace edvaj cekum petok, ili ki si ojme doma ili ki opstanme se na se mi mirise na dobra utakmica!

У право си, ако размислиш добро на што ќе личи Србија да изгуби и од Германија и така понижени да се вратат дома. Кој би бил срамот за Антиќ. Така да некој работи едноставно мора да се десат, а тоа е победа против Немачка.
 
Зошто срам, не се слаби Германија, па да биде срамота да се загуби од нив.:wink:
 
Доколку не се подобар во одбрана ништо не прават Србите, на таква силна од почеток Германија не верувам дека ке им потпрат. Германија влегува како голем фаворит, после натпреварите што си ги изиграа и двете репрезентации, мислам дека ке има големи проблеми Србија да се пласира доколку не зема нешто од овој натпревар што не верувам.
 
Баш добро изиграа во одбрана против агресивните Ганци. Само што, единствено што ме нервира е што Антиќ им дава премногу и само дефанзивни задачи на експлозивни бекови како Коларов и Ивановиќ кои се навикнати во клубовите да играат офанзивно одма позади крилата. Јес да Видиќ киксна 2-3 пати во воздушни дуели, али истото и му се дешавало и во Манчестер, ништо ново. Се надевам ќе се опамети Антиќ да му даде шанса на Суботиќ.
Патем, ако не земе победа Србија, тогаш немаат никакви шанси за пласман понатаму. Ни со 3, а ни со 4 бода не се иде понатаму.

--- надополнето ---

Burns every time :pos2:

--- надополнето ---

Не баш зш ништо не е толку едноставно како што изгледа на прв поглед :pipi:

Германија до пред титулата на Гана ги држеше сите 3 титули во младински конкуренции (у 17, 19 и 21) - не е тоа случајно туку е последица на младинскиот систем кој го поставија во Бундес Лигата пред години. Во 2006та на пример германските клубови вложија 50 милиони во сопствените младински школи додека Англичаните и Шпанците беа преокупирани со барање таленти низ Африка и Латиснка Америка. Тие млади дечки од Германија играат за Вердер, Шалке, Хамбург - и тоа играат во прв тим во домашно и евро-купови. Баерн дава пола репрезентација. Еден Милер во неговата прва профи сезона играше финале на ЛШ. Исто и Бадштубер. Лам и Швајни кои се исто така продукт на младинската школа на Баерн и кои до сега беа „младите“ сега се во најдобри години и се „лидери“. Подолски е млад, Марин и Кроос се супер - таленти, исто и Кедира, Ноер, Адлер (кој за жал не може да игра на ова СП). Додади го тука искуството на еден Клосе, Мертесакер, Фридрих и компанија (на кои ова им е 3 СП) - и ете го рецептот за солиден пласман.

Измислуваш и тресеш од ракав.
Актуелен светски шампион под 21 година пред Гана беше Холандија. И тоа во финалето ја победи Србија, а светското се одржуваше во Германија. Ме мрзи да проверам и за другите конкуренции, ама најверојатно си измислил титула и за нив.
 
Па би требало да игра Суботиќ, бидејќи Луковиќ доби црвен, а единствена алтернатива за него е Невен.
Ако Швабите удрат фластер на крилата, како што направија Ганците, тешко нас тогаш.

--- надополнето ---

Измислуваш и тресеш од ракав.
Актуелен светски шампион под 21 година пред Гана беше Холандија. И тоа во финалето ја победи Србија, а светското се одржуваше во Германија. Ме мрзи да проверам и за другите конкуренции, ама најверојатно си измислил титула и за нив.
Грешиш. Холандија ја победи Србија во финалето на ЕП, а не на СП:smir:
 
Грешиш. Холандија ја победи Србија во финалето на ЕП, а не на СП:smir:
Е добро де, пак он не е во право бидејќи на Светското 2007 под 20 години шампион беше Аргентина.
Еве го финалниот пласман на тоа првенство -

Winner: Argentina
Runners-Up: Czech Republic
Third: Chile
Fourth: Austria

--- надополнето ---

А пак актуелен шампион под 17 години на СВетско е Швајцарија, пред тоа била Нигерија.

Нигде ги нема младите Немци и нивната непобедлива Бундес-Лига, од која пред оваа сезона, 5 години клуб едвај до полу-финале у Лига на Шампиони стигаше, гледавме Англиска Лига на Шампиони. А оваа година Француз и Хрват ги однесоа до финале. :tapp:
 
[/COLOR]А пак актуелен шампион под 17 години на СВетско е Швајцарија, пред тоа била Нигерија.

Нигде ги нема младите Немци и нивната непобедлива Бундес-Лига, од која пред оваа сезона, 5 години клуб едвај до полу-финале у Лига на Шампиони стигаше, гледавме Англиска Лига на Шампиони. А оваа година Француз и Хрват ги однесоа до финале. :tapp:

*За европско првенство зборевме, незнам зошто светските ги мешате.
* That would be a dutch man. :)
 
Ако Германија игра како со Австралија(да не спомнувам дека не играа со цела сила) верувам дека без поголеми проблеми ќе стигнат до титулата ( особено што сите фаворити засега покажаа мизерна игра )...
 
Нигде ги нема младите Немци и нивната непобедлива Бундес-Лига, од која пред оваа сезона, 5 години клуб едвај до полу-финале у Лига на Шампиони стигаше, гледавме Англиска Лига на Шампиони. А оваа година Француз и Хрват ги однесоа до финале. :tapp:

Ај да расчистиме некои работи.

1. Единствен што овде кажува дека се непобедливи Германците и нивната лига си ти. Тоа го пишуваш во твоите постови.
2. Што си толку исфрустриран од Германија не знам, ај да беше поминат натпреварот и да изгубеше Србија, тогаш да плачеше, вака не ми е јасно. Или можи па за Австралија навиваш.:)
3. Кој го спомна Баерн претходно, па што го вмеша во дискусија? Има тоа некаква врска со светсково? Единствена врска е што 7 баварци играат во репрезентацијата на Германија, но тоа нема никаква врска со изминатава сезона на Баерн.

Дај чил аут ајде.
 
Боби[Мкд];3622635 напиша:
*За европско првенство зборевме, незнам зошто светските ги мешате.
* That would be a dutch man. :)

Toa ^^

--- надополнето ---

Измислуваш и тресеш од ракав.
Актуелен светски шампион под 21 година пред Гана беше Холандија. И тоа во финалето ја победи Србија, а светското се одржуваше во Германија. Ме мрзи да проверам и за другите конкуренции, ама најверојатно си измислил титула и за нив.

Веројатно те збуни тоа што сум ја споменал Гана во првата реченица. Тоа е моја грешка и како сум го довел во контекст не знам само мисалм дека доста се возбуди и сам си донесе некои заклучоци... Всушност Никола убаво ти кажа.
 
Ако Швабите удрат фластер на крилата, како што направија Ганците, тешко нас тогаш.
Ако имаш само една тактика, не си за тренер.

Мора од почеток да игра Зоран Тошиќ, и од тактичка и од техничко-моторичка гледна точка. Од Милијаш ми здосадуваше кога играше и во Звезда, а камоли на СП. Дефинитивно он е за на клупа, затоа што е спор, а брзиве Германчиња ќе се вртат околу него. Во трчањето му е мајката. Секако, ова донесува и промена во формација. Со 2 ДМ-а видовме дека ништо не правиме.
Јас се надевам дека ќе ја игра ромб-формацијава:
Тошиќ
Јовановиќ Красиќ
Станковиќ​

Во некоја рака, би можел и Качар (за 2,5 светлосни миљи подобар играч од Милијаш) место Тошиќ во истава формација, а Тошиќ како партнер на Пантелиќ во нападот.
Значи, јас сум за тоа да Жигиќ не го почне мечот. Мора да имаме побрзи играчи на теренот, а кој да го смени не знам, можеби Мрѓа или како што реков Тошиќ.

А Германциве заслужуваат пофалби за играта како никогаш до сега, посебно кога се има во предвид какво тешко и досадно срање беше првото коло.

Ако ништо друго, супер занимлив меч во најава.
 
Го очекувам најдобриот натпревар досега на СП. Србите се во тесно, имаат многу добар состав и немаат избор освен победа. Германија видовме што може во првиот натпревар. Ако влезат опуштено гадно ќе се зезнат.

Како и да е верувам дека Швајни и Кедира ќе владеат на средина и дека Полди, Милер и Озил ќе се погрижат за креативниот дел. Клосе беше изненадување на шампионатот до сега (кој го гледал во Баерн сезонава знае што зборувам - мувла беше). Ако ова со Австралија не беше само еден добар меч тогаш искрено се надевам ќе добие шанса да го брка рекордот на Милер и Роналдо.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom