Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Премногу сум импресиониран од играта на Гана.Ми се напраи меракот што ги тепаа на Американците.Е сеа и те како има интересно четврт-финале.Гана и Уругвај е тоа ќе биде добра утакмица.Екипи кои сосема заслужено влегоа понатака.
Гана на следно првенство ќе ломи.До тогаш ќе имаат сосема доволно искуство за да стигнат далеку.
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Премногу сум импресиониран од играта на Гана.Ми се напраи меракот што ги тепаа на Американците.Е сеа и те како има интересно четврт-финале.Гана и Уругвај е тоа ќе биде добра утакмица.Екипи кои сосема заслужено влегоа понатака.
Гана на следно првенство ќе ломи.До тогаш ќе имаат сосема доволно искуство за да стигнат далеку.
Јас мислам и овде веќе стигнаа повеќе од планираното. Ама во секој случај сакам да одат и полуфинале. Гана ми се втора репрезентација, после Холандија. Играат со срце и се многу добри.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Германија - Англија

Вести:
Тренерот на Англија Фабио Капело треба да одлучи дали да продолжи со довербата на Метју Aпсoн како централен бек или да ги врати Ледли Кинг или Џејми Карагер во првиот состав.
Кинг е обновен по повреда во слабините, а Карагер ја одлежа казната. Вејн Руни се врати од повреда во глуждот добиена против Словенија.
Напаѓачот на Германија Какау отпадна од тимот поради повреда на стомачниот мускул, па Мирослав Клозе, кој ја изтрпи казната, се враќа во составот.
Тренерот Јоаким Лев има сомневања за клучниот халф Бастиан Швајнштајгер, кој доби истегнување против Гана.
Жером Боатенг е мачен од повредата во коленото и може да биде заменет од Холгер Бадштубер или Марс Јансен.

Состави

Германија (4-2-3-1, можеби)
Нојер - Лам, Мертезакер, Фридрих, Бадштубер - Хедира, Крос - Милер, Озил, Подолски - Клозе

Англија (4-4-2, можеби)
Џејмс - Џонсон, Упсон, Тери, А. Кол - Бари - Милнер, Џерард - Лампард - Дефо, Руни

Инфо:
Тимот на Германија се релаксираше во петокот со посета на зоопарк, што го натера капитенот Филип Лам да рече: «Имаше само мали лавчиња кои можеш да ги прегрнуваш. Во неделата, сепак, ќе биде различно. Лавовите со кои ќе сретнеме ќе бидат многу поагресивни. » Англија - Германија е еден од најголемите натпревари во светот, кој секогаш носи емоции на навивачите од
двете земји.
На обожавателите на Англија не им треба потсетување на најголемиот славен час на тимот во 1966 година, Германија има свои успеси против Англија со победа во 1970, реми во 1982 година и повторно победа на пенали во 1990 година. Германија е еден од најсилните тимови на пенали, а на Англија тие и се ахиловата пета. А со прегледување во составот на Англија, земјата има од што да се загрижува. Френк Лампард ги пропушти пеналите против Португалија во 2006 година, на финалето за ФА купот оваа година и во контролата со Јапонија. Стивен Џерард исто така не погоди против Португалија, а Џермен Дефо не погоди 6 од последните 11 пенали, кои ги изведувал. Џејмс Милнер пак не беше прецизен во полуфиналето на европското првенство за млади минатата година.
Историјата е против Англија и поради тоа што тимот е симбол на несреќни елиминации. Во последните три случаи кога во Велика Британија има општи избори во годината на светско првенство, Германија достингала најмалку пласман во полуфиналето и освои титула во 1974 година. Последниот пат кога двата тима имале турнир судир, Англија го постигна еден од најголемите триумфи,
како победува со 5-1 во Минхен на светски квалификации во 2001 година.

Факти

Еден против друг
Ова е петти натпревар на Светското првенство помеѓу двете земји. Англија има победено еднаш (1966), Германија, исто така, еднаш (1970), а има и две ремија (1982, 1990). Вкупно двете страни играле 27 пати, Англија има 12 победи, а Германија - 10.
Англија и Германија се двете земји на Мундиал 2010, каде што сите 23-ца од тимот се натпреваруваат во своите земји.

Германија
- Германија никогаш не имала период од повеќе од 20 години без светска титула. Последната таква е од 1990 година
- Тимот играл барем во четвртфиналниот натпревар на секое светско, во кое учествувал со исклучок на 1938 година, кога беше елиминиран во осминафиналето од Швајцарија.
- Германија има најдобар резултат при играње на пенали на светски првенства - тимот ги освои четирите досегашни пенали - против Франција (1982), Мексико (1986), Англија (1990) и Аргентина (2006). Тимот погоди 17 од 18-те удари на пеналите вклучувајќи 14 последователни во 1982 година
- Следниот гол на Мирослав Клозе ќе биде под број 50 за него во дресот на Германија.

Англија
- Руни не даде гол во последните 8 натпревари за националниот тим. Тоа е повеќе од 11 часа (711 минути без додадено време) откако погоди против Хрватска во септември и ова е најлошата неговата серија за Англија.
- Тимот е непобеден во последните 8 натпревари на светското првенство, што е најдобра серија за тимот на светското првенство.
- Англија има најлош тим на пенали на Светското првенство. Тој ги изгубил и трите досегашни обиди на пенали - против Германија (1990), Аргентина (1998) и Португалија (2006). Англија погодила 7 пати и промашила 7 од вкупно 14 пенали.

Судии
Главен: Хорхе Ларионда (Уругвај)
Странични: Пабло Фандино и Маурисио Еспиноза (Уругвај)

Анализа на пазарот
Мала е предноста на Англија во коефициентот. Сосема подеднаков е односот меѓу под / над 2.5 и на азискиот пазар меѓу различните хендикапи.

Препорачани Влоговите
Пазарот игра многу мала улога во влоговите на ваквите натпревари, бидејќи генерално имаме патриотско «гласање» во Англија и Германија, двата најголеми европски пазари. Реално и тимовите се сметаат за еднакви.

И така:

Вејн Руни да погоди (2.62) 5 единици
Над 3.5 гола (5.00) 3 единици
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.880
Поени од реакции
16.101
На местото на Бадштубер ќе игра Боатенг, а на местото на Крос ќе игра Швајни.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Леле ама се нервирам кога ке поништат некој екстра гол :mad: :mad::mad::mad::mad: Судииве треба да се убијат :tapp:
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Сака некој кладба дека Аргентина* ќе ги испаднит Германија во 1/4 финале, по живот т.е. бришење на профил? :)

*Ако оди понатаму.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.880
Поени од реакции
16.101
4-2 финито :smir: :pos:

Уф каков мераклиски фудбал изиграа Германците, убава лекција им одржаа на Англичаните. Можда и пишман се што се пласираа во 1/8 финале :):):)
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
4-2 финито :smir: :pos:

Уф каков мераклиски фудбал изиграа Германците, убава лекција им одржаа на Англичаните. Можда и пишман се што се пласираа во 1/8 финале :):):)
Посебно судијата беше во најдобро светло :nesvest:
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Супер натпревар! Мило ми е за `гордиот` Албион што испадна. Пред првентството толку скокаа дека сега се посилни од било кога што мислеа дека само ќе излезат и головите сами ќе дојдат!
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Јас крајниот буџет што ми остана за уплаќање на ова СП го турив на Холандија како шампион.
ќе се триплицирам доколку лалињата го освојат мундијалот!

Едино се плашам од Бразил.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.880
Поени од реакции
16.101
Посебно судијата беше во најдобро светло :nesvest:
И со тој признат гол на Англичаните верувам дека Германците ќе победеа...јебига голема и катастрофална грешка на судиите, но тоа е составен дел на фудбалот.
Истиот судија не досуди и пенал за Србија на мечот со Австралија, сигурно чоекот е веќе спакуван :):) ...и тешко дека ќе суди повторно на некое големо натпреварување.
 

RedStar

PC GAMER
Член од
4 октомври 2009
Мислења
231
Поени од реакции
50
После ова што и се случи на Англија и не и се призна чист гол заради слепите судии, верувам дека ќе се покрене иницијатива за следење на снимки во текот на натпреварот... Дали за гол, дали за пенал сеедно... Верувам дека требаше нешто вакво да се случи на поголема репрезентација за да почнат на таа тема да размислуваат, за која и јас сум голем поборник...
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Може некој да ми ја најде сликата од македонското знаме пред некој ден на Србија-Австралија. Немам време да чепкам по страниве ми треба итно.
 
Член од
28 април 2009
Мислења
1.831
Поени од реакции
253
Повели.. : )
Инаку за вечер сите го отпишаа Мексико, што сакам да ги сјебе Аргентинцине:tv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom