Комунистите бараат да се преигра Португалија - С. Кореја
Комунистите од областа на Петербург и Лининска официјално се обратија до ФИФА со молба средбата меѓу Португалија и С. Кореја, што заврши со победа на Португалците од 7:0, да се преигра. Писмото е адресирано до претседателот на ФИФА, Сеп Блатер и во него авторите тврдат дека Мундијалот во ЈАР загубил од својата легитимност "во очите на милиони фудбалски навивачи - стожери на мирот и пријателството меѓу народите". Комунистите не сакаат само преигрување на средбата, туку имаа претензии и кон тимовите кои се пласирале и кон... Кока-Кола.
"Со застрашувања, фалсификат и морален терор од учество на турнирот беа отстранети екпите на Куба, Венецуела, Виетнам, Лаос, Абхазија, Никарагва, Сирија, Непал, Зимбабве, Намибија и Белорусија, т.е. најпрогресивните социјалстички земји. Смешни се објаснувањата на бирократите во ФИФА дека во социјалистичките земји се игра лош фудбал, нам не ни одговараат", се вели во писмото.
"Во рекламната кампања на турнирот, покрај протестите на светската јавност, беше вклучена Кока-Кола, на чија совест тежат милиони загубени млади живот, особено во Русија", вознемирени се комунистите од областа на Петербург и Лининска.
На медиумските шпекулации дека четири играчи на С. Кореја исчезнале, авторите на писмото се сомневаат дека во тоа се вмешани НАТО и ЦИА. Тие одат дури и подалеку, тврдејќи дека "половина од играчите на С. Кореја биле заменети со оние на Јужна Кореја, а тимот на Португалија бил составен од "закоравени наркомани и токсикомани".
На крајот тие бараат на екипата на домаќинот ЈАР да и се дозволи учество во 1/8-финалето, иако испадна уште во групната фаза, бидејќи според нив ако тоа не биде направено ќе значи дека се враќа апартхејдот во земјата.:pos2: