Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Добро ајде тоа не си го видел ма да одма после натпреварот кажаа снимка како Чилеанецот го одира со колено по десната нога и овој после ќе удри со деснтата на левата и паѓа.Нејсе кога вика Syn,друго по што заклучи дека Шпанија=Холивуд.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Уругвај - Јужна Кореја

Вести:
Се очекува Уругвај да излезе со составот кој го победи Мексико со 1-0 во последниот натпревар од групата. Тренерот Оскар Табарес може да проба во одбраната да го игра Диего Година наместо Маурисио Викторино, кој е на еден картон од казна.
Тренерот на Јужна Кореја Хју Јунг-мо може да го извади од составот бекот Часа, кој направи грешка за првиот гол на Нигерија, како Ким Донг-жин е фаворит да го замени.
На еден картон од казна: Јеом Ки-хун, Ли Чунг-Јанг, Ким ни-Ил (Јужна Кореја), Викторино, Лугана, Фусил (Уругвај)

Состави

Уругвај (4-4-2, можеби)
Муслера - М. Переира, Лугана, Викторино, Фусил - Д. Перес - Аревало, А. Переира - Форлан - Суарес, Кавани

Јужна Кореја (4-2-3-1, можеби)
Сунг-рјонг - Дури, Јонг-ханг, Јунг-соо, Јанг-пјо - Сунг-женг, Јунг-воо - Чунг-јонг, Ки-хун, Џи-сунг - Чу-Јанг

Инфо

Уругвај и Јужна Кореја се сретнале само еднаш на светско првенство. Годината е 1990 година и двата тима се среќаваат во решителен натпревар за продолжување напред од групата. Уругвај ја освои победата по победничкиот гол во додадено време на Даниел Фонсека и се пласираше во следниот круг.
Менаџер на тимот тој ден беше Оскар Табарес, кој повторно ќе го води тимот и денес. 63-годишниот тренер се врати на чело на тимот во 2006 година и е амбициран да им помогне на Уругвај да ја скршат клетвата од последниве години.
Двократните шампиони се бледа сенка на себе, како не се пласирале во четвртфиналето од 1970 година.
Натпреварите на Уругвај во Јужна Африка досега се одбележаа со добра организација во одбраната (тимот не прими гол) плус одличната форма во напад на Диего Форлан, кој продолжува со силата од Атлетико Мадрид, на кого му донесе победа Лига Европа. Јужна Кореја импресионира со добра физичка кондиција и извонредни пасови, но Уругвај може лесно да ги искористи проблемите во одбраната, кои се видливи кај корејците.
И двата тима не беа прифатени вчера да тренираат на стадионот, за да може теренот да се обнови од дождовите оваа недела.

Факти

Еден против друг
Јужна Кореја не го поразила Уругвај во петте досегашни натпревари. Уругвај има 4 победи и едно реми. Единствениот натпревар на Светското првенство е во 1990 година и завршува 1-0 за Уругвај.

Уругвај
- Уругвај ја задржа мрежата сува во три последователни натпревари, што е рекорд за тимот на светското првенство.
- Тимот е непобеден во последните 5 натпревари на светското првенство, меѓу кои и два од групите во 2002 година
- Последен пат кога Уругвај играл на осминафинале е во 1990 година под раководство на Оскар Табарес.
- Уругвај не даде гол при предните две учества на осминафиналето - тимот изгуби со 0-1 од Аргентина во 1986 година и е поразен со 2-0 од Италија во 1990 година

Јужна Кореја
- Ова е прв случај во кој Јужна Кореја ги минува групите на туѓа територија. Тимот играше во полуфинале во 2002 година
- Јужна Кореја е првиот азиски тим, кој излегува од групите на Светското првенство два пати.
- Јужна Кореја нема поразено јужноамерикански репрезентации на Светското првенство (три загуби и едно реми).

Судии
Главен: Волфганг Штарк (Германија)
Странични: Јан-Хендрик, Салвер и Мајк Пикел (Германија)

Анализа на пазарот
Букмејкерите се колебаат помеѓу победа за Уругвај и за Јужна Кореја, и покрај тоа што тренд е да бидат претпазливи кон јужноамериканците до почетокот на натпреварот. Нискиот андер е многу задолжен, но не може да се каже дека се чекаат над 2.5 гола. Азискиот пазар е внимателен во Уругвај -0.75.

Препорачани Влоговите
Уругвај -0.75 е одлична опција од гледна точка на коефициент, бидејќи единицата не е со добри стапки во согласност со ризикот. Тука имаме и мотивација од историска од страна на Уругвај поради лесниот тек, така што за мене нема опасност од манипулација. Мислам дека нема да има продолженија и поради тоа се потпирам на класичнен хендикеп за победа со повеќе од еден гол разлика на Уругвај. Одбраната на Јужна Кореја за мене е доста неубедителна.

И така:

Уругвај -1 (3.40) 5 единици
Над 2,5 голаути во првите 10 мин. (1.73) - 9 единици
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.880
Поени од реакции
16.101
Па има модератори може да отворат теми за 1/8 финалиња.
Aбе што ќе ти е тема за 1/8 финале, ко овие за секој меч тема напраиле :pos:
Човек да не знај кај да коментира... а никој не отворил за мечот Уругвај-Кореја, ко да не му е нешто атрактивен :):)
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007

Напред Уругвај
2-0 Суарез, Форлан
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.804
Поени од реакции
6.799
Ајде 1-1 ми треба сега. ГГ ја имам :).
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
^
Да сега се бранат....но мора барем уште некој гол да постигнат за да бидат сигурни....Корејциве се многу незгодни....така да може се да се случи :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.770
Поени од реакции
71.745
Браво Кореја. 1-1 и им држат лекција на Уругвајциве. Сепак многу некако имаат пукнатини Кореја во одбранава и лесно прават грешки како при голот на Уругвај. Уругвај како да не знае што е тоа напад. Имаат перфектна одбрана и многу се стабилни. Екипа налик на Италија....
Со таква игра може да стигнат подалеку заразлика од Кореја која со ваква отворена игра против некој многу посилен ривал би примила 10 гола...
Сепак ми прават мерак како играт ФУДБАЛ, а не мудруваат како Уругвајциве. Не викам дека Уругвај се лоши, напротив се една од посигурните екипи на првнствово, али не ми се допаѓа нивниот дефанзивен стил на игра. Сакам да тепа Кореја...

EDIT: Ама голче на Суарез :)
Толку од Кореја, требаше да им свирнат гол на Уругвајциве за да им текне да нападнат. Не ми се верува дека можат Корејциве пак да го совладаат Муслера. Не ми се верува дека едно дрво како Муслера има примено само еден гол до сега :tapp:
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Луис Суарез ѕвер!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom