Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Трубиве ќе биле заменети со послаби за да се слушал помалку, ама искрено колку тоа ќе помогне е прашање. Иако не сум против сепак ФИФА преземала мерки.
Ја уништија фудбалската атмосфера на трибините.Срам да им е,неизживеана нација.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
За трубиве мислам дека не треба да се забранат истакнав зошто. Тоа е нивни начин на навивање на спортски мечеви и со тоа се прави атмосфера таму на трибините. Сепак се домаќини и очигледно дека и останатите навивачи од сите репрезентации го прифатија тој начин се гледа добро на ТВ. Можеби подобро би било да се намали само гласноста како што истакнаа од ФИФА. Сепак забрана дефинитивно нема да има.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.769
Поени од реакции
9.889
Како не ги мрзи да дуваат 90 минути......што бел дроб треба да имаш за таква ствар :uvo:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.655
Поени од реакции
43.497
За трубиве мислам дека не треба да се забранат истакнав зошто. Тоа е нивни начин на навивање на спортски мечеви и со тоа се прави атмосфера таму на трибините. Сепак се домаќини и очигледно дека и останатите навивачи од сите репрезентации го прифатија тој начин се гледа добро на ТВ. Можеби подобро би било да се намали само гласноста како што истакнаа од ФИФА. Сепак забрана дефинитивно нема да има.
Aбе ај на нивните утакмици, ами на сите бе??
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Едвај чекам второ коло во групна фаза па да почнеме да глеаме борба за нокаут фаза. Имама високи очекувања особено од Германија-Србија. србите водени од она нивното Ми смо најјачи ќе тргнат полетно па ќе биде она старото или пуковник или покојник:)
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
169
Светското фудбалско првенство во бројки:

На СП ќе играат 32 селекции со по 23 фудбалери, или вкупно 736 играчи од 298 клуба од 52 национални фудбалски лиги
Убедлив лидер е Англија со 118 играчи, пред Бундеслигата со 84, па Серија А - 80, Ла Лига - 59, Лига 1 во Франција - 45. Од земјите што не се учесници на СП, а клупски се претставени, Русија води со 14, Турција има 13, Шкотска 10, Белгија 7, Израел 6. Во сево ова, три селекции се чисто домашни, Англија, Германија и Италија. А, само Србија има 23 фудбалери од 23 различни тимови.
Клупски, најмногу претставници имаат Барселона и Челси и тоа еден цел тим со две замени (по 13), следат Ливерпул со 12, Баерн Минхен со 11, а двоцифрени се и Арсенал, Интер, Панатинаикос, и Реал Мадрид. По девет имаат Милан, Евертон, Манчестер јунајтед. Челси ќе имаше најмногу, буквално цел тим за протокол, но повредите на Михаел Балак, Микаел Есиен, Џон Оби Микел, како и неизвесноста за настапот на Дидие Дрогба ги сведоа „сините“ на еднаква бројка со Барселона.
Најстар тим на Мундијалот е Бразил и тоа со 29 години и 165 дена, а следат Англичаните со 29 години и 153 дена. Од друга страна, најмлад тим е тој на Гана со 24 години и 72 дена.
Србија е највисока во просек со 186 сантиметри, а Никола Жигиќ е највисок фудбалер со 202 сантиметри. Најнизок, пак, е Арон Ленон со 165 сантиметри, а најниска селекција е Чиле со просек од 176,5 сантиметри. Најтешки се Словенците со 80 килограми, а втори се Србите за 300 грама полесни.
Најстар фудбалер е голманот на Англија, Дејвид Џејмс со 39 години и 86 дена, додека најмлад е Кристијан Ериксен од Данска со 18 години и 315 дена. Ова значи дека рекордот на Роже Мила за најстар стрелец ќе остане до Бразил 2014, затоа што прво Џемјс е голман, а второ недостижни се 43 години со кои Мила даде гол во САД.
Како по обичај битката за титулата ќе се води меѓу двата најфудбалски континенти Европа и Јужна Америка. Досега, меѓусебе двата континенти одиграле 187 меча, а Јужноамериканците се подобри со 81 победа додека Европа победила 71 меч, а 45 пати ремизирале. Во титули, Јужна Америка - Европа е 9-9.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Нов Зеланд - Словачка

Вести:

Играчoт на Нов Зеланд Тим Браун нема да биде ризикуван против Словачка, откако неодамна претрпе операција на рамото. Сепак, тој ќе биде подготвен за натпреварот со Италија во неделата.
Тренерот Рики Херберт објави дека Браун ќе биде заменет од ветеранот Иван Вичелич кој обично игра како централен бек.
Крилото на Словачка, Мирослав Чех се очекува да започне, иако се пожали на лесна повреда во коленото. Централниот бек на Ливерпул, Мартин Шкртел е обновен од повредата во глуждот и ќе
игра.

Состав

Нов Зеланд (4-4-2, можеби)
Пастон - Нелсон, Рид, Вичелич, Локхед - Бартос, Кристи, Фалон, Елиот - Смелц, Вуд

Словачка (4-3-1-2, можеби)
Муча - Дурица, Шкртел, Чех, Забавник - Вајс, шттрба, Штох - Хамшик - Шестак, Витек

Инфо

Неутралните навивачи сигурно не ги интересира исходот од овој судир, но истото не може да се каже за обожавателите на Нов Зеланд и Словачка. Ол Вајтс(All Whites) ќе играат на првото светско првенство од 1982 година, додека Словачка прави деби како независна држава. Во двата состави нема многу познати имиња, но во никој случај не им недостасуваат страст и амбиции.
Повеќето од навивачите на Нов Зеланд се подготвени за рана елиминација, но победата над Србија во подготовките во мај, покажа дека тимот најверојатно нема да биде надигруван со леснотија. Тренерот Рики Херберт направил тим, кој вклучува еден играч без клуб, тројца со искуство во полупрофесионалните лиги на Англија и халфот Енди Браун, кој го комбинира фудбалот со работа во банка во Велингтон.
Со привлекување на Винстон Рид и Томи Смит, кои играат фудбал во Данска и Англија, Херберт значително ја зајакна одбраната. Заедно со Рајан Нелсон можат да запрат доста напаѓачи.
Додека ова е деби за Словачка, земјата има немал придонес во успесите на Чехословачка до 1990 година, а како што можат да ви кажат повеќето словачки навивачи, 8 од играчите при освојувањето на европската титула во 1976 година биле Словаци.

Факти

Еден против друг
Двата тима не се среќавале досега.

Нов Зеланд
- Ги загуби трите натпревари со учеството на Мундијалот '82 - 2-5 против Шкотска, 0-3 против СССР и 0-4 против Бразил.
- Тројца од играчите имаат играно надвор од Фудбалската лига на Австралија - во Англија. Лео Бертос има престој во Вирксоп, Џбејмс Банатајн го облекува дресот на Вединг, а Смелтц бил во Мансфилд, Вимблдон и Халифакс.
- Други двајца играчи се без клуб во моментов - Симон Елиот беше ослободен од американскиот Сан Хозе оваа година, а Дејвид Милиган го напушти Велингтон Феникс, кој тогаш беше предводен од националниот селектор.

Словачка
- Словачка е единствениот дебитант на ова светско првенство. Последните два европски дебитанта ги загубија првите натпревари. Украина беше поразена од Шпанија со 0-4 во 2006 година, а Словенија падна со 1-3 од Шпанија во 2002 година.
- Само во три натпревари од квалификациите Словачка го заштити својот гол - против Сан Марино, Северна Ирска и Полска.

Судии
Главен: Џереми Дејм'н (Јужна Африка)
Странични: Сеселстин Нтагунгира (Руанда) Енок Молефе (Јужна Африка)

Анализа на пазарот
Коефициентот за Словачка започна да расте ова утро, но букмејкерите се внимателни особено на успехот за европскиот тим, кој изгледа сосема логичен. Ниските коефициенти ќе одбијат многумина, па загриженоста не е особено голема. Под и над 2.5 гола се доста баланисрани како залог. Во Азија најпретпазливи се букемекирите на Словачка - 0.75.

Препорачани Влоговите
Ако Словачка не го победи аматеорскиот ривал ќе биде навистина сензационално. Точно е дека Словаците го играат денес својот прв натпревар, но на крајот тие имаат искуство како дел од Чехословачка. Движењата на коефициентот не ме загрижуваат толку. Побргу може да има ризици со под / над 2.5 гола и хендикапите. Словачка -0.75 сепак е многу стабилен избор на релативно добар коефициент. Прв корнер за Словачка, исто така, не смее да се пропушти.

И така:

Словачка -0.75 (1.625) 8 единици
Прв корнер за Словачка (1.50) 6 единици
Нов зеланд - Словачка - 2-2 (2.10) 7 единици
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Денес очекувам добри натпревари....особено БСК-Португалија.....тој меч ќе реши кој ќе му се придружи на Бразил во следната рунда.....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.770
Поени од реакции
71.745
Божеееееее господе. Коментаторов на секој нареден натпревар на полувреме вика, ОВА Е МОЖЕБИ НАЈСЛАБОТО ПОЛУВРЕМЕ ДОСЕГА...
Хаварија се првиве 4-5 дена. Овој од Нов Зеланд гоманон, ја промаши топкана. Паѓаат смешни голови (плус бројот на голови е смешен). нема никакви акциии....КАТАТРОФА до сега...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.541
Поени од реакции
14.279
Па и не е до толку лош натпреваров, имаше 2-3 шанси за гол, за разлика од некои други натпревари каде во цел натпревар имаше само 2-3 удари кон голот на двете страни. Словачка е поблиску до победата, но не очекувам дека така лесно ќе стигнат до неа...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Не, стварно... До толку fail првенство не очекував. Ај ќе биде подобро.. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom