Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Во 1 коло за сите репрезентации е важно да не изгубат и да не се преморуваат многу играчите ! Вистинското лице на сите ќе се види во 1/8 финале а тие што ќе се форсираат во групите тешко дека ќе одат далеку. :)
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
ја имав Холандија конечен резултат 3-0, 11 квота...отскокнав кога Афелај шутираше али тоа е...мораше ли овој дегенот да избаци и така им е изгубена :D
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Јапонија - Камерун

Вести:

Тренерот Такеши Окада експериментираше со различни состави во последните натпревари, како халфoт на ЦСКА Москва Кеисуке Хонда беше користен и во улогата на единствен напаѓач во тренинг натпреварoт со Зимбабве. Халфот Макото Хасебе се справи со повредата на грбот и изгледа подготвен да започне во првиот состав..
Тренерот на Камерун Пол ле Глен објави дека ниту еден од 23-тата во составот нема здравствени проблеми, но навести дека халфот на Арсенал, Александр Сонг не може да започне во првиот тим. Друго изненадување ќе биде тоа што 36-годишниот Амиду Сулејмани
можеби ќе го замени Идрис Камено на вратата.

Состави

Јапонија (4-2-3-1, можеби)
Наразаки - Учида, Наказава, Т. Танака, Нагатомо - Ендо, Хасебе - Мацуи, Хонда, С. Накамура - С. Оказаки

Камерун (4-3-1-2, можеби)
Амиду - Асу Екото, Джереми, Басонг, Нкулу - Нгуемо, Макун, Мбиа - Емана - Ето, Чупо Мутонг

Инфо
Пред две децении, благодарение на Роџер Мила, Камерун стана првиот африкански тим, кој го достигнал четвртфиналето. 20 години подоцна неустрашивите лавови повторно се надеваат на еден напаѓач со сите надежи за добро претставување на ова првенство. Самуел Ето е трикиратен фудбалер на годината во Африка и еден од најголемите голмајстори во светот. Сепак, тој доаѓа на ова првенство по скандалите и заканите да се повлече од тимот, иронично, по критиките од страна на Роџер Мила.
Камерун ќе има потреба од целата концентрација на Самуел Ето, за да се обиде да ја надмине за првпат од 1990 година групната фаза. Пол ле Глен верува дека појавувањето во четвртфиналето од Италија'90 е «остварлива цел». Грешките во одбраната остануваат голем проблем и тоа беше евидентно на Купот на Африка во јануари, кога Камерун беше елиминиран во Четвртфиналето.
Подготовките на Јапонија за турнирот пак немаше како да поминат полошо. Тимот загуби последните 4 натпревари, а минатата недела извади 0-0 во последниот тренинг натпревар против Зимбабве. Головите се голем проблем - само Англија им дозволи да постигнат гол во последните натпревари.
Слабата форма на Јапонија налива вода во мелницата на оние кои се подиграват на мислењето на тренерот Окада дека тимот има шанси за полуфинале. Окада, кој го водеше тимот на Мундијалот 1998 побарал да поднесе оставка по поразот со 0-2 од Јужна Кореја во мај, но самиот тој објасни дека тогаш се пошегувал. На никого нема да е до шеги ако Јапонија не успее во тоа да ја освои својата прва победа на странска земја на светско првенство.

Факти

Еден против друг
- Јапонија е непобедена во три натпревари со Камерун и сé уште не дозволува гол против овој тим (2-1-0).
- Најскорешниот натпревар заврши 2-0 за Јапонија во пријателски натпревар во август 2007 година во Јапонија.
- Последната победа на Јапонија на светското првенство е точно пред 8 години на денешниот ден со 2-0 против Тунис.
- Сините самураи дебитирајќи на светското првенство на денешниот ден во 1998 година, изгубија со 0-1 од Аргентина.
- Јапонија никогаш нема добиено натпревар од Светскиот куп на туѓа земја, изгубила 5 од 6 одиграни натпревари.

Камерун
- Неустрашимите лавови се рангирани за светското првенство шест пати повеќе од кој било друг африкански тим.
- Камерун никогаш не губи прв натпревар на светско првенство, досега има 4 ремија и една победа. Успехот е со 1-0 над Аргентина во 1990 година.
- Тимот на Пол ле Глен нема победа во последните 7 натпревари.

Судии
Главен: Олегарио Бенкуеренса (Португалија)
Странични: Жозе Кардинал (Португалија), Бертино Миранда (Португалија)

Анализа на пазарот
Бумејкерите беа многу претпазливи во Камерун, но во последните часови коефициентот за него почна да се подигнува. Тоа според мене е со цел да бидат одбегнати масовните влогови. 2.30 е коефициентот што ако биде надминат според мене ќе го стави во опасност овој натпревар од евентуалната манипулација, односно од потенцијална можност за таква. До овој коефициент мора да се потпрете само на своите фудбалски познавања, т.е. ако мислите дека Камерун ќе победи, букмејкерите имале исто мислење со вас барем до утринава. Во Азија во оваа фаза победата на Камерун е она што ги загрижува букмејкерите. Другите опции не нудат ништо интересно.

Препорачани влогови

Треба да се следи првичната концепција, така што јас верувам на Камерун. Покрај овој влог можам да побарам нешто во живо кладење во зависност од развојот на натпреварот, но мислам дека успехот на Африканците е оптимален избор.

И така:

Камерун да победи (2,20) 6 единици
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
ја имав Холандија конечен резултат 3-0, 11 квота...отскокнав кога Афелај шутираше али тоа е...мораше ли овој дегенот да избаци и така им е изгубена :D
Јас ја имав 3+ :nerv: ко нема тоа Афелај никогаш да не постигне гол за Холандија.:pos:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.962
Поени од реакции
57.704
Јас ја имав 3+ :nerv: ко нема тоа Афелај никогаш да не постигне гол за Холандија.:pos:
Некој ја имаше 0-2 гола. :pipi: Ипак не е ова Австралија па да ги напунат. И кој глупи голови беа... :tapp:
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Некој ја имаше 0-2 гола. :pipi: Ипак не е ова Австралија па да ги напунат. И кој глупи голови беа... :tapp:

Не ни очекував дека Холандија ќе ја наполни Данска, напротив очекував повеќе од Данците, барем еден гола да постигнеа со оваа одбрана на Холандија.:jaj:
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Италија - Парагвај

Вести:

Плеjмеjкeрoт на Италија Андреа Пирло пристигна во Јужна Африка со повреда, што најверојатно ќе му оневозможи да игра до последниот натпревар во групата против Словачка. Халфoт Даниеле де Роси, сепак би требало да се справи со сличниот проблем и да започне против Парагвај, додека крилото Мауро Каморанези е сеуште неизвесен по повредата на коленото.
Марчело Липи се обиде со различни состави во контролните мечови, но се очекува на 4-1-4-1 или 4-3-3 со Алберто Џилардино како централен напаѓач.
Напаѓачот на Парагвај Оскар Кардосо се справи со повредата на глуждот, но ќе започне на клупа. Роден во Аргентина, Лукас Бариос ќе биде првиот напаѓач по своите импресивни настапи во подготовките. Ако Парагвајците изберат 4-4-2 тој ќе биде партнер со Роке Санта Круз.

Состави

Италија (4-1-4-1, можеби)
Буфон - Замброта, Киелини, Канаваро, Крисчито - Монтоливо - Квајарела, Де Роси, Гатузо, Ди Натале - Џилардино

Парагвај (4-4-2, можеби)
Вилар - Бонет, Верона, Да Силва, Морел - Вера, Сантана, Риверос, А. Торес - Санта Круз, Бариос

Инфо

Во 1950 година Италија стана првиот светски шампион, кој го загубил својот прв натпревар на светското првенство, а откако и подготовките за овој Мундијал не поминаа баш идеално, аѕурите можеби ќе имаат нервна вечер во Кејптаун.
Разочараноста од последните резултати, вклучувајќи го и поразот од Мексико, ја разколебаа вербата на италијанските навивачи.
Аѕурите се познати како тим, кој почнува неубедливо, но статистиката зборува поинаку. Во последните 12 светски првенства тие го загубиле само еднаш својот прв натпревар благодарение на голот на Реј Хаутон 1994 година.
Се предвидува студена ноќ вечер во Кејптаун - Парагвај се надева дека ќе заледи Италија. Тимот на Герардо Мартино победи во квалификациите повеќе натпревари од Бразил, вклучувајќи го и оној против кариоките, Чиле и Аргентина. Овие победи даваат надежи за победа над светските шампиони.

Факти

Еден против друг
Италија победи и на двата натпревари со Парагвај - 2-0 на светското првенство во 1950 година и 3-1 во пријателски натпревар во 1998 година. Тимовите се состанаа и на Олимпијадата во 2004 година, Парагвај победи со 1-0 во групата, иако и двата тима се квалификува понатаму.

Италија
- Италија беше поразена од Шведска со 3-2 во првиот натпревар во 1950 година, стана првиот светски шампион кој го изгуби првиот натпревар на едно светско првенство.
- Италија не е поразена од јужноамерикански ривал од 1978 година, кога падна со 1-2 од Бразил во натпревар за третото место.
- Оттогаш Италија има 4-5-0 во 9 натпревари против тимови од Јужна Америка. Оваа серија сепак вклучува два натпревари кои
тимот ги загуби по пенали - против Аргентина во полуфиналето во 1990 година и против Бразил во финалето во 1994 година.

Парагвај
- Тимот на Герардо Мартино одигра 9 натпревари во квалификациите без да прими гол.
- Во тимот има тројца играчи родени во Аргентина и еден израснат таму - Клаудио Море.
- Роден во Буенос Аирес напаѓачот Лукас Бариос доби парагвајски пасош во април. Тој погоди три пати во првите три натпревари за новата татковина.

Судии

Главен: Бенито Арчундија (Мексико)
Странични: Ектор Вергара (Канада), Марвин Торентера (Мексико)

Анализа на пазарот
Треба да се започне со тоа што Парагвај е еден од најголемите надценети тимови на ова првенство. Коефициентите за победа на светскиот шампион над 2.00 за почеток може да се сметаат за премногу високи. Тие се сведуваат само на еден факт и тој е дека Италија си прави грешки и секогаш започнува неубедително во целина.
Италија најчесто ја применува тактиката на умремата лисица, а нешто слично прават и букмејкерите денеска со победата на аѕурите. Дури и самиот коефициент таму ќе ги притесни играчите, а медиумите се надпреваруваат да објаснат колку е силен Парагвај. Букмејкерите сепак, имаат многу голема убеденост дека Италија ќе победи. Пазарот на over-under е категорично во корист на over, а Азија се двоумеше исклучително многу.

Препорачани влогови
Италијаните важат за еден многу темпераментен тим. Во една ваква ситуација кога од нив се очекува да ја одбранат титулата светски првак, немоќта која ја покажаа во подготовки води кон заклучок дека треба да очекуваме груба игра. Сепак не очекувам секако да се предадат без борба. Ова им е всушност единсвената шанса да го разубедат светот дека тие се далеку од посакуваната и потребната форма, така да може да се проба и на победа на Италија, но на мал залог. Но, јас не би ризикувал до толку:smir: Реално е Парагвајците да бидат фаворити и поради фактот што мечот се игра на приближно иста надморска височина како што е Парагвај, што нема да им се допадне на Италијаните. Оттуја реална ситуација е да ги поделат бодовите, но не без голови.

И така:
Италија над 2 жолти картони @ 1.61 - 9 единици
Над 5 картони на мечот @ 1.72 - 9 единици
Италија - Парагвај Х-Х @ 4.00 - 4 единици
Џилардињо да постигне гол @ 3.40 - 4 единици
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.807
Поени од реакции
6.800
Италија-Парагвај 0:0 конечен резултат.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
За Италија ќе биде тежок натпреварот со Парагвај....иначе Холандија ме изненади...тешко правеа шанси за гол и не беа конкретни....
BTW:
Автоголот беше на Агер.....
 
Член од
14 јуни 2010
Мислења
16
Поени од реакции
8
Утре 100% ќе има повеќе од 7 голови.....Очекувам голови од Бразил и Португалија....веќе досадно е просекот по утакмица е 2 голови (со исклучок на утакмицата Германија-Австралија)...
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Бразил 100% ќе постигни повеќе од 3 гола....но Португалија ќе биде тешка утакмица....сепак очекувам многу голови на двете утакмици !
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Трубиве ќе биле заменети со послаби за да се слушал помалку, ама искрено колку тоа ќе помогне е прашање. Иако не сум против сепак ФИФА преземала мерки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom