Нов Зеланд - Словачка
Вести:
Играчoт на Нов Зеланд Тим Браун нема да биде ризикуван против Словачка, откако неодамна претрпе операција на рамото. Сепак, тој ќе биде подготвен за натпреварот со Италија во неделата.
Тренерот Рики Херберт објави дека Браун ќе биде заменет од ветеранот Иван Вичелич кој обично игра како централен бек.
Крилото на Словачка, Мирослав Чех се очекува да започне, иако се пожали на лесна повреда во коленото. Централниот бек на Ливерпул, Мартин Шкртел е обновен од повредата во глуждот и ќе
игра.
Состав
Нов Зеланд (4-4-2, можеби)
Пастон - Нелсон, Рид, Вичелич, Локхед - Бартос, Кристи, Фалон, Елиот - Смелц, Вуд
Словачка (4-3-1-2, можеби)
Муча - Дурица, Шкртел, Чех, Забавник - Вајс, шттрба, Штох - Хамшик - Шестак, Витек
Инфо
Неутралните навивачи сигурно не ги интересира исходот од овој судир, но истото не може да се каже за обожавателите на Нов Зеланд и Словачка. Ол Вајтс(All Whites) ќе играат на првото светско првенство од 1982 година, додека Словачка прави деби како независна држава. Во двата состави нема многу познати имиња, но во никој случај не им недостасуваат страст и амбиции.
Повеќето од навивачите на Нов Зеланд се подготвени за рана елиминација, но победата над Србија во подготовките во мај, покажа дека тимот најверојатно нема да биде надигруван со леснотија. Тренерот Рики Херберт направил тим, кој вклучува еден играч без клуб, тројца со искуство во полупрофесионалните лиги на Англија и халфот Енди Браун, кој го комбинира фудбалот со работа во банка во Велингтон.
Со привлекување на Винстон Рид и Томи Смит, кои играат фудбал во Данска и Англија, Херберт значително ја зајакна одбраната. Заедно со Рајан Нелсон можат да запрат доста напаѓачи.
Додека ова е деби за Словачка, земјата има немал придонес во успесите на Чехословачка до 1990 година, а како што можат да ви кажат повеќето словачки навивачи, 8 од играчите при освојувањето на европската титула во 1976 година биле Словаци.
Факти
Еден против друг
Двата тима не се среќавале досега.
Нов Зеланд
- Ги загуби трите натпревари со учеството на Мундијалот '82 - 2-5 против Шкотска, 0-3 против СССР и 0-4 против Бразил.
- Тројца од играчите имаат играно надвор од Фудбалската лига на Австралија - во Англија. Лео Бертос има престој во Вирксоп, Џбејмс Банатајн го облекува дресот на Вединг, а Смелтц бил во Мансфилд, Вимблдон и Халифакс.
- Други двајца играчи се без клуб во моментов - Симон Елиот беше ослободен од американскиот Сан Хозе оваа година, а Дејвид Милиган го напушти Велингтон Феникс, кој тогаш беше предводен од националниот селектор.
Словачка
- Словачка е единствениот дебитант на ова светско првенство. Последните два европски дебитанта ги загубија првите натпревари. Украина беше поразена од Шпанија со 0-4 во 2006 година, а Словенија падна со 1-3 од Шпанија во 2002 година.
- Само во три натпревари од квалификациите Словачка го заштити својот гол - против Сан Марино, Северна Ирска и Полска.
Судии
Главен: Џереми Дејм'н (Јужна Африка)
Странични: Сеселстин Нтагунгира (Руанда) Енок Молефе (Јужна Африка)
Анализа на пазарот
Коефициентот за Словачка започна да расте ова утро, но букмејкерите се внимателни особено на успехот за европскиот тим, кој изгледа сосема логичен. Ниските коефициенти ќе одбијат многумина, па загриженоста не е особено голема. Под и над 2.5 гола се доста баланисрани како залог. Во Азија најпретпазливи се букемекирите на Словачка - 0.75.
Препорачани Влоговите
Ако Словачка не го победи аматеорскиот ривал ќе биде навистина сензационално. Точно е дека Словаците го играат денес својот прв натпревар, но на крајот тие имаат искуство како дел од Чехословачка. Движењата на коефициентот не ме загрижуваат толку. Побргу може да има ризици со под / над 2.5 гола и хендикапите. Словачка -0.75 сепак е многу стабилен избор на релативно добар коефициент. Прв корнер за Словачка, исто така, не смее да се пропушти.
И така:
Словачка -0.75 (1.625) 8 единици
Прв корнер за Словачка (1.50) 6 единици
Нов зеланд - Словачка - 2-2 (2.10) 7 единици