Абе не дека е нешто лош, ок е причата на Ergo Proxy, тоа што ми сметаше е дека го препунија цело аниме со семи-филери како демек треба да ни дадат некој hint за целата заблуда, спори диалози, многу монолози и најчесто зборат некои филозовски работи што и реално не се потребни во анимето. Има слични особини како Evangelion, поготово диалозите и филозофиите, но за разлика од Evangelion ова беше прееемногу досадно. Мислам, разбирам дека треба да се потрудам да го разберам муабетот и да следам сконцентрирано што се случува, ама што е многу многу е. Авторите како да пробале со сила да те збунат со тоа што ќе рипаат од психа до психа, од една работа кон друга, со недовршени теми и сето тоа во еден монотон начин за да и немаш избор освен да заспиеш. Во секој случај ова е мое мислење, можеби затоа што во задно време и не очекувам многу од анимеата и барам повеќе живот во нив одколку размислување.