Liverpool v Chelsea [Недела,02.05,14.30ч]

  • Креатор на темата Креатор на темата Kostic
  • Време на започнување Време на започнување

Исход на мечот Ливерпул - Челзи?


  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Оваја сезона ако не земиме титула во домашново првенство, стварно заслужвит цел состав да бидит испратен на Голи Оток, или пуст остров по ваш избор.
Торес не играт, ние сме во форма и (треба да) сме помотивирани од кога било да победиме.
Се надевам дека Лампард и останатите со малце повеќе ум во главата ќе им објаснат колку е важен мечов на дрвата како Микел.
Теориите на заговор дека Ливерпул би му ја пуштил утакмицава на Челзи за да не биде Јунајтед шампион, се повеќе од смешни. Поверојатно ми е дека судиите би го ебале Челзи и то јако, него Ливерпул да излезит и да изиграт ко да е ревијален меч.
Типувам на победа од 2-0, во секој случај без примен гол.
 
Голем дел од симпатизерите и навивачите на Јунајтед ќе навиваат за нивниот најголем ривал Ливерпул.Инаку да ова е Премиер Лига не е Калчо лига па за Х да се дава коефицинет 1.50:pos2: Нема местење.Овие од Ливерпул ке изгинат на терен не викаат попусто дека Лавот е најопасен кага е паднат или така нешто.Од друга страна тука нема што да бараме освен победа се би било друго еднакво на пораз.Очекувам максимална ангажираност на целата екипа иако сме под мал притисок.Нема да ми биде чудно дека и судиите и Фа да вмешаат прсти во утакмицава.
Нема да типувам победа за нас зошто не сум сигурен.Може минимална 0-1.
BLUE IS THE COLOUR!!!
 
Мој тип за дербито -1-2 победа за Челзи.:toe:
 
Дерби натпревар, ќе биде интересно. Се надевам на победа на Челзи, Ливерпул сега одигра 120 минути, но тоа не мора ништо да значи. Челзи игра во одлична форма и мора да победи, се надевам дека ќе биде така. Ливерпул сигурно нема да го пушти натпреварот, но верувам дека ќе изгуби.
 
Челзи тепа, а и ливерпул не сака да го остави манчестер туку така да си го земе првенството.
 
Ај вака, ќе бидам реален и ќе речам дека Челзи сигурно победува колку и да не го сакам тоа. Затоа фино лепо в недела ќе си ја пишам 2-че (2.00) па ако не испадне така ќе бидам најсреќен на светот :baeh:. Мислам дека Ливерпул по елиминацијата од Атлетико уште повеќе ќе се деморализира и ќе одигра само налик сериозен натпревар со Челзи ама ќе загуби 0-1, 0-2. Челзи и Анчелоти се пресериозни за да си дозволат кикс на 90% освоена титула.


П.С. Најдлабоко во црвеново срце се надевам дека грешам со горниов пост :helou:
 
Ливерпул не се пита у случајов, сакал да пушти не сакал да пушти.
Сите натпревари ги доби Челзи сезонава со тие од вистинската "голема четворка" со само 1 примен гол ако не се лажам.
Барем за вакви мечеви Карло е мајстор, он увек го јадел калапот од послабиве обично.
Очекувам двојка. Ако ја изгуби Челзи титулата повеќе шанси има тоа да се деси со Виган него ли со Ливи.
0-3
 
Победа на Ливерпул...доста им беа киксови:back:
 
незнам незнам стварно... Ливер веројатно го жртвуваше ЕЛ трофејот за да избори 4-то место токму во двомечот против главниот конкурент за зимање ЕПЛ...
мотивот и кај плавите ќе биде голем, и кај Мерсесајдците, тоа е голем предуслов да очекуваме мега дуел од времето на Жозета и Рафа во ЛШ :tv::tv:

типувам...


.. ... шознам, еве икс нека биде.
 
Ја убеден сум дека Ливерпул нема да го '' даде '' овој меч, убеден !
Типувам дека Челзи не победува, дал нерешено или победа на Ливерпул сеедно, не дека имам нешто против Челзи, сеедно ми е кој ке биде шампион во Англија, но некако не им е во карактерот на Ливерпул, без оглед на мржњата со Јунајтед, да даваат така лесно мечеви.
Од една страна тука се фановите, од друга тука е Рафа, без оглед на фактот што сезонава е очаен, не е тип на тренер кој излага на терен за да загуби.

Башка, какви такви теоретски они имаат шанса за ЛШ, ем, со оглед на очајно бедната сезона, ова им е последна шанса колку толку да го обелат образот пред нивните фанови, со победа против ривалот од Лондон.

Едноставно, You will never walk alone пред почеток да се пее за да тимот потоа намерно загуби не ми иде, и тоа е тоа. :wink:
Може нема да испаднам у право, реков, сеедно, али не ми штима на намештаљка ова, не у Англија ( памтам Вест Хем така ги заебаа Тотенхем пред неколку години ), кој и да победи, ке биде заслужено, без некои теории на заговор ( ова важи у случај Челзи да тепа ).

Ае.

Си ја забораел и последната реална опција во коментаров - Челзи поштено да си победи, безразлика на пристапот на Ливепрул. :toe:
 
Ливерпул нема да се предаде сигурно, но мислам дека Челзи ќе победи.
Иако Ливерпул ми е омилениот тим од Англија, сепак типувам на тесна победа на Челзи од 1:2. :)
 
Зошто повеќето мислат дека Ливерпул нема да оди на победа?
Ептен е смешно само да помислиш на тоа,а не па да го пишеш.

Иначе ќе ги тепа Ливрпул,Манчестер вади нерешено во Сандерленд и на крај Челзи земаат титула заради подобра гол разлика.:tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom