I
Intex
Гостин
Реалноста? Веќе ти одговорив погоре. Нашите сетила може да не лажат, нашиот ум може да не лаже.На прашање не одговарај со прашање- одговорете ве молам.
Што е реалноста според вас??
Еве и овде ве прашав
Еве и за духовите. За некои се реалност, за други не. Што ако се реалност? Што ако само нивниот болен ум си игра со нив?
Чекај, таа состојба на надсвест е постојано активна? .. или се случува спонтано само на моменти?На тоа мислам Кулен. Кај мене тоа било минливо блаженство бидејќи ваљда сакам уште да ги живеам страстите, кои што се блаженство од друг вид.
Со натсвест можно е да станеме свесни што е реалност, а и понатаму ќе ги живееме сништата, само ќе ги перцепираме баш како соништа, не да се губиме во нив. Сите овие кавги, тепачки, војни се доказ дека се соживуваме со сонот. Но има и многу слатки сништа кои што се неодвоиви од овие неубавите. Ми се чини дека сакам да сум и максимално просветлен и максимално животно, што е невозможно. Тука е и одговорот за вајс ес . Ни најмалку не значи дека човек мора да остане сам, но ќе биде независен од било кого, а тоа сега изгледа страшно. Радикално се менува перцепцијата на работите, а инаку се останува исто, не мора никој да оди сам да живее во пештера или шо знам.
Чао Тинуле.
Да, почетоците на виртуелната реалност датираат уште од сонот на тој кинескиот философ (не ми текнува на името). Може тогаш не биле свесни за тоа, немале ни претстава како ќе се изведе, ама тоа е тоа. И виртуелната реалност е дури реалност, оти сите тие стимули се примани од нашите сетила и се дешифрирани од мозокот.Да да, позната ми е оваа филозофија, прилично ми е интересна само не би сакал да се впуштам во тоа да поверувам ни миг. Тоа би било веројатно и инспирација за Матрикс филмот, кој е базиран на ова размислување.
Сум помислил и сам дали можеби се` што правиме е само една илузија на умот. На пример, Бах има напишано токму една книга која се вика “Илузии“ во која нагласува дека сите наши дела и акти се комплетно ограничени од нашиот ум и дека апсолутно ништо не постои како ограничување околу нас, па има сцени каде “месијата“ и неговиот ученик вежбаат да гњурат под земја и да одат по вода, како Исус. Што перфектно се вклопува ако се разработи смислата на Исус, кој е Бог и е семоќен. Можеби е само еден од ретките или единствениот кој стапил во контакт со себе и својата потсвест, па успеал да ја контролира и тоа да го покаже во јавност. Замислете сите да сме способни за тоа но и тогаш замислете дека се` што правиме воопшто не е реално. Како тогаш лесно ќе паднат сите смешни чувства и акти, его во вода, желби во вода, пари... хах, пари.
Higher state of consciousness... Go figure it out...
Ако успееме да се запознаеме вистински, т.е. да се доведеме во некоја повисока состојба на свест и развиеност, ќе ги победиме нашите желби и потреби, и нема да зависиме од другите околу нас.