Натсвест

  • Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување
I

Intex

Гостин
На прашање не одговарај со прашање- одговорете ве молам.

Што е реалноста според вас??



Еве и овде ве прашав:toe:
Реалноста? Веќе ти одговорив погоре. Нашите сетила може да не лажат, нашиот ум може да не лаже.
Еве и за духовите. За некои се реалност, за други не. Што ако се реалност? Што ако само нивниот болен ум си игра со нив?
На тоа мислам Кулен. Кај мене тоа било минливо блаженство бидејќи ваљда сакам уште да ги живеам страстите, кои што се блаженство од друг вид. :)
Со натсвест можно е да станеме свесни што е реалност, а и понатаму ќе ги живееме сништата, само ќе ги перцепираме баш како соништа, не да се губиме во нив. Сите овие кавги, тепачки, војни се доказ дека се соживуваме со сонот. Но има и многу слатки сништа кои што се неодвоиви од овие неубавите. :) Ми се чини дека сакам да сум и максимално просветлен и максимално животно, што е невозможно. Тука е и одговорот за вајс ес :). Ни најмалку не значи дека човек мора да остане сам, но ќе биде независен од било кого, а тоа сега изгледа страшно. Радикално се менува перцепцијата на работите, а инаку се останува исто, не мора никој да оди сам да живее во пештера или шо знам.
Чао Тинуле. :)
Чекај, таа состојба на надсвест е постојано активна? .. или се случува спонтано само на моменти?
Да да, позната ми е оваа филозофија, прилично ми е интересна само не би сакал да се впуштам во тоа да поверувам ни миг. Тоа би било веројатно и инспирација за Матрикс филмот, кој е базиран на ова размислување.

Сум помислил и сам дали можеби се` што правиме е само една илузија на умот. На пример, Бах има напишано токму една книга која се вика “Илузии“ во која нагласува дека сите наши дела и акти се комплетно ограничени од нашиот ум и дека апсолутно ништо не постои како ограничување околу нас, па има сцени каде “месијата“ и неговиот ученик вежбаат да гњурат под земја и да одат по вода, како Исус. Што перфектно се вклопува ако се разработи смислата на Исус, кој е Бог и е семоќен. Можеби е само еден од ретките или единствениот кој стапил во контакт со себе и својата потсвест, па успеал да ја контролира и тоа да го покаже во јавност. Замислете сите да сме способни за тоа но и тогаш замислете дека се` што правиме воопшто не е реално. Како тогаш лесно ќе паднат сите смешни чувства и акти, его во вода, желби во вода, пари... хах, пари.

Higher state of consciousness... :) Go figure it out...
Да, почетоците на виртуелната реалност датираат уште од сонот на тој кинескиот философ (не ми текнува на името). Може тогаш не биле свесни за тоа, немале ни претстава како ќе се изведе, ама тоа е тоа. И виртуелната реалност е дури реалност, оти сите тие стимули се примани од нашите сетила и се дешифрирани од мозокот.

Ако успееме да се запознаеме вистински, т.е. да се доведеме во некоја повисока состојба на свест и развиеност, ќе ги победиме нашите желби и потреби, и нема да зависиме од другите околу нас.
 
S

smart ass

Гостин
Реалноста? Веќе ти одговорив погоре. Нашите сетила може да не лажат, нашиот ум може да не лаже.
Има ЕЕГ плус додатни медицински апарати и методи-ако се дијагностицира шизофренија има соодветна терапија.

Еве и за духовите. За некои се реалност, за други не. Што ако се реалност? Што ако само нивниот болен ум си игра со нив?
Има РЕШЕНИЕ!!!:vozbud:

 

Марко!

Алфа
Член од
6 февруари 2010
Мислења
272
Поени од реакции
14
Натсвест = Неум = Над Его.

Тоа што мислам дека авторот сака да го каже е дека кога умот ќе се воздигне над егото( и сите негови стапици и игри ),всушност ќе го почувствува неговото сопствено присуство.
Тоа нема врска со астрални искуства,ниту пак искуства вон тело.
Тоа се искуства во Сегашниот Миг(за подетално разгледајте Екарт Тол - Моќта на сегашниот миг)...за подобри објаснувања кои се тие моменти.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Тоа што се воздига над егото у исти момент е и над умот , а што е тоа?
Тоа е дел од тебе што се вика Свест.
Супер свест или надсвест како што се вика овде е бог и тоа е дел од тебе , или поточно кажано ти си дел од Него .
Како ке го "видиш"?
Ако се воздигнеш над умот , тоа се вика медитација.
 
I

Intex

Гостин
Има ЕЕГ плус додатни медицински апарати и методи-ако се дијагностицира шизофренија има соодветна терапија.



Има РЕШЕНИЕ!!!:vozbud:

Кај скоро сите психички болести нема физички симптоми, повреди или пореметувања на мозокот, на некој начин се невидливи физички.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Реалноста? Веќе ти одговорив погоре. Нашите сетила може да не лажат, нашиот ум може да не лаже.
Еве и за духовите. За некои се реалност, за други не. Што ако се реалност? Што ако само нивниот болен ум си игра со нив?

Чекај, таа состојба на надсвест е постојано активна? .. или се случува спонтано само на моменти?

Да, почетоците на виртуелната реалност датираат уште од сонот на тој кинескиот философ (не ми текнува на името). Може тогаш не биле свесни за тоа, немале ни претстава како ќе се изведе, ама тоа е тоа. И виртуелната реалност е дури реалност, оти сите тие стимули се примани од нашите сетила и се дешифрирани од мозокот.

Ако успееме да се запознаеме вистински, т.е. да се доведеме во некоја повисока состојба на свест и развиеност, ќе ги победиме нашите желби и потреби, и нема да зависиме од другите околу нас.
Реалноста ја перцепираме како дел од човечкиот род. Со други зборови нашите сетила испраќаат електрични импулси до невронската мрежа во нашиот мозок кој ја „декодира„ реалноста. Значи реалноста постои само во нашиот мозок. Тоа е...
Истата ја делиме со околу 6,7 милијарди други хомо-сапиенс-сапиенси бидејќи со нив и само со нив делиме ист „процесор„ и исти сетила за перпецпија и инпут на информации до „процесорот„. Оутпутот на инфо пак е многу поразличен за секој од нас и имаме голем распон во квалитет и квантитет т.е. од локалниот дебил со џигерица,златен ланец и треЊерка се до некој генијален научник или писател. Ист инпут, различен аутпут.

Дел од реалноста ја делиме и со некои животињи што погоре се на еволутивната скала тоа поголем дел од нивната реалност (перцепција на реалноста поточно) е слична на нашата. Пример... песојте (неспоредливо подобар систем за мирис од човекот) или мачките (за вид) или љиљаците (слух) имаат поинаква реалност од нас. Песојте мирисаат она што ние не можеме, мачките гледаат она што ние не можеме. љиљаците слушаат она што ние не можеме...тоа им дава различна перцепција на реалноста...имаат многу поголем инпут на инфо-електрични импулси преку наведените сетила од нас...така да песот може веројатно да препознае мирис на камен (груб пример) мачката гледа нешто што ние не можеме...although we`ll never know...we cannot see the world though canine or feline or bat eyes (bat`s have radars rather than eyes but that`s another issue)...can we?

Дали не лажат...да! При употреба на било каква психо-активна супстанца перцепцијата се изместува,проширува или стеснува зависи од хемискиот состав на истата и од оној кој ја користи или злоупотребува...
Иако не мора да значи дека тоа е лажно...само е различно од вообичаената перцепција на реалноста...а дали се работи за нова реалност која е само различна од онаа која е општо и заеднички перцепирана како таква односно консензуз риалити (приказната со сонот на кинескиот филозоф) е премногу опширна тема...а ме мрзи сега...

Тоа што се воздига над егото у исти момент е и над умот , а што е тоа?
Тоа е дел од тебе што се вика Свест.
Супер свест или надсвест како што се вика овде е бог и тоа е дел од тебе , или поточно кажано ти си дел од Него .
Како ке го "видиш"?
Ако се воздигнеш над умот , тоа се вика медитација.
Медитација...сериозно постои такво нешто???:vozbud:
Не можеш да се воздигнеш над „умот„...може да имаш поразлична перцепција на реалноста до некој степен од останатите,на пример имаш поголем инпут на инфо или различен квалитет на инфото со кое го „храниш„ процесорот... А за тоа „супер свест„ или она кое се нарекува бог има различни теории и мислења од кои една вели...

Аll matter is merely energy condensed to a slow vibration, that we are all one consciousness experiencing itself subjectively, there is no such thing as death, life is only a dream, and we are the imagination of ourselves. :vozbud: :vozbud: :vozbud:

In a nutshell...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Чекај, таа состојба на надсвест е постојано активна? .. или се случува спонтано само на моменти?
Од мое лично искуство, минлива. Не знам уште дали проблемот е во тоа дали е тешко одржлива, или едноставно не ја сакам, свесно одбирам да бидам изгубен во мислите, т.е. во страстите :) бидејќи полесно е да се пушти мозок на пасење па макар таму да налета на нешто непријатно. Таа состојба е медитација како што напиша Цветановски, а медитацијата не е концентрација, ама е концентрирана состојба на умот. За да се постигне може не треба вежбање - концентрација (како за кого), но треба вистинска посветеност, инаку човек само ќе вежба медитативни вежби а ни сам нема да знае зошто.
Понекогаш ми доаѓала сосема спонтано но само на моменти, а кога сум се трудел била потрајна.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Теоријата што ја кажа Кулен до негде држи вода затоа што сеуште не е најдена функцијата на спиењето, а уште помалку на сонувањето. Се знае дека спиењето не е пасивна состојба на кортексот, туку активна, а телото многу добро се одмара и кога сме во мирување.
Што е до тоа како го гледаме светот, точно е дека сеуште не е побиен субјективниот идеализам на Хјум, па се е претпоставка. Најдоба аргумент ми беше дека за човекот да егзистира во светот неговите сетила мора да се приспособени на истиот, затоа тие и се релијабилни. Како и да е, човекот го гледа светот низ повеќе филтри (его, потсвест, општество, култура,сетила).

До надсвеста се доаѓа кога ќе ги надминеш сите тие филтри. Не би рекла дека тогаш човекот станува свој Бог. Точно човекот е бог, но сфаќа и дека се околу него е бог дека се е едно а се е различно, како слагалица или што би се рекло божество. Состојбата на надсвест е состојба каде се е хармонија од контрадикторности, барем јас го гледам тоа така. Сфаќаш колку си голем и значаен, ама дека се околу тебе е исто толку големо. Сфаќаш дека си посебен, ама припаќаш во една целина без која си ништо. Сфаќаш дека си се и ништо итн.
Како и да е, тоа не е нешто што може така едноставно да се објасни со зборови па камо ли во само еден пост.
А не може да е постојана состојба зошто како што реков за човекот да егзистира мора да гледа низ тие филтри.
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Натсвест = Неум = Над Его.

Тоа што мислам дека авторот сака да го каже е дека кога умот ќе се воздигне над егото( и сите негови стапици и игри ),всушност ќе го почувствува неговото сопствено присуство.
Тоа нема врска со астрални искуства,ниту пак искуства вон тело.
Тоа се искуства во Сегашниот Миг(за подетално разгледајте Екарт Тол - Моќта на сегашниот миг)...за подобри објаснувања кои се тие моменти.

Indeed.

Моментот кога се доживува его-смрт , доаѓа рапидно спознание на околината , реалноста и механиката во универзумот . Де факто - просветлување.Времето сопира тука и нашиот осет за него...
Шорт вордс...Умира егото-нашата личност , се ослободува свеста , и од поново се регистрираат нови перспективи во умот...

Зарем не...:smir:

До надсвеста се доаѓа кога ќе ги надминеш сите тие филтри. Не би рекла дека тогаш човекот станува свој Бог. Точно човекот е бог, но сфаќа и дека се околу него е бог дека се е едно а се е различно, како слагалица или што би се рекло божество. Состојбата на надсвест е состојба каде се е хармонија од контрадикторности, барем јас го гледам тоа така. Сфаќаш колку си голем и значаен, ама дека се околу тебе е исто толку големо. Сфаќаш дека си посебен, ама припаќаш во една целина без која си ништо. Сфаќаш дека си се и ништо итн.
Како и да е, тоа не е нешто што може така едноставно да се објасни со зборови па камо ли во само еден пост.
А не може да е постојана состојба зошто како што реков за човекот да егзистира мора да гледа низ тие филтри.
Да , ова се и моите мисли.:vozbud::smir:
Едноставно вклучен си во етерот.
Гледаш кај си , што си и кој си .
Гледаш дека се е поврзано со тебе . Како функционираш.
Едноставно си Универзален.:pipi:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Реалноста ја перцепираме како дел од човечкиот род. Со други зборови нашите сетила испраќаат електрични импулси до невронската мрежа во нашиот мозок кој ја „декодира„ реалноста. Значи реалноста постои само во нашиот мозок. Тоа е...
Истата ја делиме со околу 6,7 милијарди други хомо-сапиенс-сапиенси бидејќи со нив и само со нив делиме ист „процесор„ и исти сетила за перпецпија и инпут на информации до „процесорот„. Оутпутот на инфо пак е многу поразличен за секој од нас и имаме голем распон во квалитет и квантитет т.е. од локалниот дебил со џигерица,златен ланец и треЊерка се до некој генијален научник или писател. Ист инпут, различен аутпут.

Дел од реалноста ја делиме и со некои животињи што погоре се на еволутивната скала тоа поголем дел од нивната реалност (перцепција на реалноста поточно) е слична на нашата. Пример... песојте (неспоредливо подобар систем за мирис од човекот) или мачките (за вид) или љиљаците (слух) имаат поинаква реалност од нас. Песојте мирисаат она што ние не можеме, мачките гледаат она што ние не можеме. љиљаците слушаат она што ние не можеме...тоа им дава различна перцепција на реалноста...имаат многу поголем инпут на инфо-електрични импулси преку наведените сетила од нас...така да песот може веројатно да препознае мирис на камен (груб пример) мачката гледа нешто што ние не можеме...although we`ll never know...we cannot see the world though canine or feline or bat eyes (bat`s have radars rather than eyes but that`s another issue)...can we?

Дали не лажат...да! При употреба на било каква психо-активна супстанца перцепцијата се изместува,проширува или стеснува зависи од хемискиот состав на истата и од оној кој ја користи или злоупотребува...
Иако не мора да значи дека тоа е лажно...само е различно од вообичаената перцепција на реалноста...а дали се работи за нова реалност која е само различна од онаа која е општо и заеднички перцепирана како таква односно консензуз риалити (приказната со сонот на кинескиот филозоф) е премногу опширна тема...а ме мрзи сега...



Медитација...сериозно постои такво нешто???:vozbud:
Не можеш да се воздигнеш над „умот„...може да имаш поразлична перцепција на реалноста до некој степен од останатите,на пример имаш поголем инпут на инфо или различен квалитет на инфото со кое го „храниш„ процесорот... А за тоа „супер свест„ или она кое се нарекува бог има различни теории и мислења од кои една вели...

Аll matter is merely energy condensed to a slow vibration, that we are all one consciousness experiencing itself subjectively, there is no such thing as death, life is only a dream, and we are the imagination of ourselves. :vozbud: :vozbud: :vozbud:

In a nutshell...
Интересни му се смешките , ама не значи у потполност точни .
И друга работа што е уствари енергијата ? ниска фрекфенција на што? :toe:
И за медитацијата , пробај па после кажи ми .
А за другото погоре не ми се коментира , си забегал со електроника многу , и со инпут и аутпут .
Све е проекција на божествениот ум или над свеста да ја крстиме ако сакате.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Интересни му се смешките , ама не значи у потполност точни .
И друга работа што е уствари енергијата ? ниска фрекфенција на што? :toe:
И за медитацијата , пробај па после кажи ми .
А за другото погоре не ми се коментира , си забегал со електроника многу , и со инпут и аутпут .
Све е проекција на божествениот ум или над свеста да ја крстиме ако сакате.
Кои смешки?
Енергија? Аман бе... e = mc2...ти текнува?

Материјата а не енергијата...прочитај внимателно...
Бејсик физикс...Е сега вака отприлика...атомот како што знаеш се смета за основа на материјата.Истиот се состои од јадро кое пак се состои од протони (позитивно наелектризирани честички) и неутрони (електро неутрални ко Швицарска...).Сами по себе овие две зверчиња се составени од кваркови.Кварковите претставуваат од 1 до 2 % од масата на протонот/неутронот а останатото ти е флуктуација на вакуум...или поинаку кажано -

Аll matter is merely energy condensed to a slow vibration

Околу тоа јадро вибрираат,осцилираат,фреквентираат како сакаш, одреден број електрони (негативно електризирани честички).Електромагнетната сила ги држи електроните привлечени кон јадрото.Значи материјата во основа е движењето,вибрирањето во вакуумот на атомското јадро.

Разликата во фреквенцијата (осцилирање по единица време) е и разликата меѓу една материја и друга меѓу еден и друг атом, меѓу гипс-картон и пиво,меѓу...било што...ју нејм ит...

Не сум забегал во електроника само на наједноставен начин се обидов да објаснам за што станува збор.:tapp: Инаку кажи каде е забегувањето...

И што беше медитација? Каков е тој божествен ум? Свест? Какво божество е тоа? Има начин да се објасни? :vozbud: ауумммммммммм.....

Не ти се коментира поради тоа што веројатно си научил извесен број фрази кои ги ставаш како некакви факти...се надевам дека грешам :smir:

П.С. Хигсовиот бозон т.е. божјата честичка која е теоретски предвидена како модел за скоро време ќе биде и докажана...(пак во Швицарска) па ќе видиме дали смеШките биле смешни или не...:helou:
Тоа би значело финален удар и конечен крај на религиозните лоботомии. Да, научно ќе се докаже постоењето на „виша„ сила, над-свест, бесконечна свест било како да се нарече, за прв пат во познатата историја ќе имаме рационално објаснување за што станува збор. Имаме и сега но се работи како што реков за модел... Со што ќе застарат сите религиозни објаснувања,небулози и downright идиотизми...(sigh of relief...:vozbud:)
 
A

ateist

Гостин
Тоа што се воздига над егото у исти момент е и над умот , а што е тоа?
Тоа е дел од тебе што се вика Свест.
Супер свест или надсвест како што се вика овде е бог и тоа е дел од тебе , или поточно кажано ти си дел од Него .
Како ке го "видиш"?
Ако се воздигнеш над умот , тоа се вика медитација.
абе не поду со таа твоја медитација чоече

која секта религија припаѓаш дај објасни ги вашите теории еднаш - одеднаш

како медитација ????

разговараш со виртуелен измислен лик такозвани бог ?

и цело време спомнуваш свест !

дефинирај Свест ........ да знаеме дали поимаме иста работа .
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Кои смешки?
Енергија? Аман бе... e = mc2...ти текнува?

Материјата а не енергијата...прочитај внимателно...
Бејсик физикс...Е сега вака отприлика...атомот како што знаеш се смета за основа на материјата.Истиот се состои од јадро кое пак се состои од протони (позитивно наелектризирани честички) и неутрони (електро неутрални ко Швицарска...).Сами по себе овие две зверчиња се составени од кваркови.Кварковите претставуваат од 1 до 2 % од масата на протонот/неутронот а останатото ти е флуктуација на вакуум...или поинаку кажано -

Аll matter is merely energy condensed to a slow vibration

Околу тоа јадро вибрираат,осцилираат,фреквентираат како сакаш, одреден број електрони (негативно електризирани честички).Електромагнетната сила ги држи електроните привлечени кон јадрото.Значи материјата во основа е движењето,вибрирањето во вакуумот на атомското јадро.

Разликата во фреквенцијата (осцилирање по единица време) е и разликата меѓу една материја и друга меѓу еден и друг атом, меѓу гипс-картон и пиво,меѓу...било што...ју нејм ит...

Не сум забегал во електроника само на наједноставен начин се обидов да објаснам за што станува збор.:tapp: Инаку кажи каде е забегувањето...

И што беше медитација? Каков е тој божествен ум? Свест? Какво божество е тоа? Има начин да се објасни? :vozbud: ауумммммммммм.....

Не ти се коментира поради тоа што веројатно си научил извесен број фрази кои ги ставаш како некакви факти...се надевам дека грешам :smir:

П.С. Хигсовиот бозон т.е. божјата честичка која е теоретски предвидена како модел за скоро време ќе биде и докажана...(пак во Швицарска) па ќе видиме дали смеШките биле смешни или не...:helou:
Тоа би значело финален удар и конечен крај на религиозните лоботомии. Да, научно ќе се докаже постоењето на „виша„ сила, над-свест, бесконечна свест било како да се нарече, за прв пат во познатата историја ќе имаме рационално објаснување за што станува збор. Имаме и сега но се работи како што реков за модел... Со што ќе застарат сите религиозни објаснувања,небулози и downright идиотизми...(sigh of relief...:vozbud:)
Знам што е и фрекфенција и ајнштајновата равенка и за кварковите и све друго што наведе не сум со 4 одд. мајку му.
Те прашав за енергијата затоа што ти напиша Аll matter is merely energy condensed to a slow vibration така да се поставува прашањето што е енергијата тогаш , slow vibration на ????

За тоа што е медитација пробај па ке видиш , имаш бајаги техники по интернет , eve ti patokaz Vigyan Bhairav Tantra.Тоа омммм за тебе е заебанција ама не си чул за cimatics изгледа , иначе има техники на медитација и без користење на звуци.
Ако не знаеш што е свест нема начин да ти се објасни веруј ми .
Тоа ти е како на слепец да му кажуваш што е светлина , не бива .
Он ке набуба се за таа работа , може и да биде професор по таа област и да напише томови книги ама у основа не ја видел и не знае.
А парадоксот зошто неможеш да го видиш бог се состои у тоа да самото трагање по него те одалечува од него .
Иначе целата материја е проекција на супер свеста у која имаме удел и ние со нашата свест , така да ние све кокреатори на оваа "реалност" , ти текнуе?
Истото отприлика го кажуе и ова Аll matter is merely energy condensed to a slow vibration, that we are all one consciousness experiencing itself subjectively, there is no such thing as death, life is only a dream, and we are the imagination of ourselves ама не е битно .
Сам на себе си контрадикторен затоа неможам да ти кажам ништо повеке.
Еве ти го човекот.
 
A

ateist

Гостин
Иначе целата материја е проекција на супер свеста у која имаме удел и ние со нашата свест , така да ние све кокреатори на оваа "реалност" , ти текнуе?
ако крадеш ама кради часно и поштено бре....:pos:

ИДЕАЛИЗАМ (грч. Idea) 1. еден од двата основни правци во филозофијата кој, наспроти материјализмот, смета дека ИДЕЈАТА, свеста, ДУХОТ е примарното нешто, а
природата, постоењето, материјата е нешто секундарно; објективен идеализам или
конкретен идеализам учење кое тврди дека темелот на се што постои е апсолутната
ИДЕЈА , светскиот ДУХ, во крајна линија БОГ; субјективен идеализам учење што го
НЕГИРА објективното ПОСТОЕЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИОТ СВЕТ, признавајќи ги како
единствена реалност индивидуалната свест и субјективните чувства; во својот
натамошен развиток субјективниот идеализам неизбежно води кон солипсизам; 2.
ИДЕАЛНО , идеалистичко сфаќање на животот; 3. вера во нешто што е неодржливо,
неосновано, неостварливо, илузија, фикција,

Ако не знаеш што е свест нема начин да ти се објасни веруј ми .
Еве уште еден што вели ............ВЕРУВАЈТЕ МИ !
многу се накотивте бе со лопата да ве рине човек .

Од Марс да не си паднал бе чоек .

Како тоа нема начин да се објасни Свеста .

тоа е законски ДЕФИНИРАНА РАБОТА .

еве јас ќе ти помогнам малце (мора да се научиш да мислиш малце не само да верглаш 5-6 пароли едвај си ги научил - те научиле )

пример при убиство полиција го апси убиецот и на суд адвокатот го брани дека убиството го сторил во афект т.е дека не бил баш СВЕСЕН што прави .
Или кога судски - нотарски се дава изјава од типот ........"при цела СВЕСТ (и здрав разум) изјавувам дека ..."

ај сега да видиме дали знеш да користиш мозокот .
дефинирај свест (ма и препиши бе има по интернет убаво објаснето за ова )

З
Тоа ти е како на слепец да му кажуваш што е светлина , не бива .
благе везе немаш бе сироткиот ти :pos:

А парадоксот зошто неможеш да го видиш бог се состои у тоа да самото трагање по него те одалечува од него .
ти трчаш по него ама он бега оти е побрз од тебе
епа тоа е батка

неможе фичо со мерцедес :pos:
свашта хахахахаха :pos: :pos: :pos:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
абе не поду со таа твоја медитација чоече

која секта религија припаѓаш дај објасни ги вашите теории еднаш - одеднаш

како медитација ????

разговараш со виртуелен измислен лик такозвани бог ?

и цело време спомнуваш свест !

дефинирај Свест ........ да знаеме дали поимаме иста работа .
Не сум у секта не се секирајте православен христијанин сум , и не разговарам со никого додека медитирам .
Еве ти просто објаснување за медитацијата
И не коментирај за Ошо пошто за џабе ке си трошиш енергија.
Ти си свест и како да се дефинира тоа , значи станува збор за тоа Јас сум . Како да се дефинирам или да те дефинирам , затоа и бог ни е непознат , ние сами не се гледаме(знаеме) па камо ли други.
Значи суперсвеста е бог и не е старче со брада , да не го бара некој како таков.

ако крадеш ама кради часно и поштено бре....:pos:

ИДЕАЛИЗАМ (грч. Idea) 1. еден од двата основни правци во филозофијата кој, наспроти материјализмот, смета дека ИДЕЈАТА, свеста, ДУХОТ е примарното нешто, а
природата, постоењето, материјата е нешто секундарно; објективен идеализам или
конкретен идеализам учење кое тврди дека темелот на се што постои е апсолутната
ИДЕЈА , светскиот ДУХ, во крајна линија БОГ; субјективен идеализам учење што го
НЕГИРА објективното ПОСТОЕЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИОТ СВЕТ, признавајќи ги како
единствена реалност индивидуалната свест и субјективните чувства; во својот
натамошен развиток субјективниот идеализам неизбежно води кон солипсизам; 2.
ИДЕАЛНО , идеалистичко сфаќање на животот; 3. вера во нешто што е неодржливо,
неосновано, неостварливо, илузија, фикција,



Еве уште еден што вели ............ВЕРУВАЈТЕ МИ !
многу се накотивте бе со лопата да ве рине човек .

Од Марс да не си паднал бе чоек .

Како тоа нема начин да се објасни Свеста .

тоа е законски ДЕФИНИРАНА РАБОТА .

еве јас ќе ти помогнам малце (мора да се научиш да мислиш малце не само да верглаш 5-6 пароли едвај си ги научил - те научиле )

пример при убиство полиција го апси убиецот и на суд адвокатот го брани дека убиството го сторил во афект т.е дека не бил баш СВЕСЕН што прави .
Или кога судски - нотарски се дава изјава од типот ........"при цела СВЕСТ (и здрав разум) изјавувам дека ..."

ај сега да видиме дали знеш да користиш мозокот .
дефинирај свест (ма и препиши бе има по интернет убаво објаснето за ова )



благе везе немаш бе сироткиот ти :pos:



ти трчаш по него ама он бега оти е побрз од тебе
епа тоа е батка

неможе фичо со мерцедес :pos:
свашта хахахахаха :pos: :pos: :pos:
И како можеш ти да сватиш што зборам , и што е свест ај кажи ми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom