Натсвест

  • Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Или суперсвест, уште наречена Божја интуиција. Како би ја дефинирале вие? Од свои лични искуства, кога мислите т.е. свесните сни замираат, семоќна тишина им го завзема местото, човек не е повеќе изгубен во својот поглед, сфаќа дека е зад погледот. Човек станува свој Бог и повеќе никој не му треба, ниту некој друг што го постигнал истото. И понатаму би постоела заедница и тоа вистинска, но не и меѓусебна зависност. На колективно ниво, ова би била состојба на општ рај и хармонија. Само е потребна една „ситница’’, воздигнување над игрите за возрасни, над страста. Кој сака толку многу да порасне?
Таа состојба обично спонтано доаѓа кај многу, кога некој долго се бави со поинтелектуална работа, или е силно сконцентриран на нешто, умот се уморува од размислување и и отстапува место на чистата свест. Само тоа обично поминува незабележано, можеби токму зато што таа сосотојба е вечна, а оваа изгубеност што самите ја бираме минлива, па е поинтересна.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
3 пати го прочитав воведниот пост и пак не сфаќам што е надсвест.
Што повеќе пати го читам, ме потсеќа како пост од некој псајонаут што земал доста халуциогени дроги па светот го гледа од друга перспектива.

Те молам разглобај малце повеќе...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Човек постојано сонува, ноќе несвесно, дење свесно. Проблемот е што мисли дека дење е многу свесен а е изгубен во стереотипите. Не е вистински свесен за себеси, тоа е тоа. Да е свесен, на поинаков начин би им приоѓал на работите, како на нешто минливо, без да им придава овакво значење па да настануваат гадни кавги и убивања. Има веќе тема за просветление која е близу поврзана со ова, види. Но тоа сепак не се сфаќа рационално, за жал. Само патоказ.
 
T

theTinule

Гостин
Ова е нешто од типот „Ти не ми требаш, остави ме да бидам сам?“

Јас барем така си го сфатив.

Нешто како победа над страстите?
Да созрееш толку многу што нема да зависиш од никој и ништо, буквално?
 
I

Intex

Гостин
^ Јас го сфатив како некоја си моментална нирвана.

Кул хенд, ај објасни најпросто шо можеш, па и со пример ако треба.:P
 
I

Intex

Гостин
Ова од кој аспект?
Биолошки гледано или рандом муабет?
Мислам дека знам за што збори, мада не ја исклучувам можноста дека сум грешка.
Вака, ова е поврзано и со виртуелната реалноста:
приказната е од пред 3000 години, некој кинески философ е зачетник на сево ова. Додека спиел философот, сонувал дека е пеперутка која лета, кога се разбудил сфатил дека е пак во телото. Е сега, прашањето е: дали он е пеперутка која сонува дека е човек, или човек кој сонува дека е пеперутка?
Од ова заклучуваме дека е невозможно да заклучиме што е реално, а што не, односно дека целиот наш живот е можно да е само сонување.
Кул хенд на ова мислеше?
 
S

smart ass

Гостин
. Човек станува свој Бог и повеќе никој не му треба, ниту некој друг што го постигнал истото..
.
Како никој не е потребен кога за да имаме заедница треба и другите да бидат на тоа ниво.

И понатаму би постоела заедница и тоа вистинска, но не и меѓусебна зависност. На колективно ниво, ова би била состојба на општ рај и хармонија
Ова
Само е потребна една „ситница’’, воздигнување над игрите за возрасни, над страста.
Налик Еквилибриум филмот??

Овде

Таа состојба обично спонтано доаѓа кај многу, кога некој долго се бави со поинтелектуална работа, или е силно сконцентриран на нешто, умот се уморува од размислување и и отстапува место на чистата свест.
Следува дека е делот кој ние го контролираме,тогаш како
Само тоа обично поминува незабележано
Посебно ако ја земеме предвид асумпцијата

можеби токму зато што таа сосотојба е вечна,
ако е така вечна и добра т.е сме ослободени од земските страсти тогаш зошто се враќаме односно

а оваа изгубеност што самите ја бираме минлива, па е поинтересна
Некако контрадикторно ми стои:toe:

Од ова заклучуваме дека е невозможно да заклучиме што е реално, а што не, односно дека целиот наш живот е можно да е само сонување.
:pos2::pos2:


Сонуваш или јас сонувам???
 
S

smart ass

Гостин
Океј е друже ај, ти се знаеш. Не планирам да се контрирам со сезнајковци. Терај си филмот.
Животот е мојот филм!!

А докторе кој е вашиот????

Сон?
Илузија?
Пеперутка?
Слон?
Што е реалноста според вас??

П.С на форум дебатираме,дискутираме и разменуваме мислења,искуства совети и.т.н-значи ако мислиш да се контрираш...нема да ти успее.:toe:
 
I

Intex

Гостин
Животот е мојот филм!!

А докторе кој е вашиот????

Сон?
Илузија?
Пеперутка?
Слон?
Што е реалноста според вас??

П.С на форум дебатираме,дискутираме и разменуваме мислења,искуства совети и.т.н-значи ако мислиш да се контрираш...нема да ти успее.:toe:
Дефинирај ми ја реалноста? Што е реалноста? Електрични импулси, така? Од кај знаеш дека сетилата не не лажат? Од кај знаеш дека твојот мозок воопшто ги декодира правилно тие електрични импулси?
 
S

smart ass

Гостин
На прашање не одговарај со прашање- одговорете ве молам.

Што е реалноста според вас??

Животот е мојот филм!!

А докторе кој е вашиот????

Сон?
Илузија?
Пеперутка?
Слон?
Што е реалноста според вас??

П.С на форум дебатираме,дискутираме и разменуваме мислења,искуства совети и.т.н-значи ако мислиш да се контрираш...нема да ти успее.:toe:
Еве и овде ве прашав:toe:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
На тоа мислам Кулен. Кај мене тоа било минливо блаженство бидејќи ваљда сакам уште да ги живеам страстите, кои што се блаженство од друг вид. :)
Со натсвест можно е да станеме свесни што е реалност, а и понатаму ќе ги живееме сништата, само ќе ги перцепираме баш како соништа, не да се губиме во нив. Сите овие кавги, тепачки, војни се доказ дека се соживуваме со сонот. Но има и многу слатки сништа кои што се неодвоиви од овие неубавите. :) Ми се чини дека сакам да сум и максимално просветлен и максимално животно, што е невозможно. Тука е и одговорот за вајс ес :). Ни најмалку не значи дека човек мора да остане сам, но ќе биде независен од било кого, а тоа сега изгледа страшно. Радикално се менува перцепцијата на работите, а инаку се останува исто, не мора никој да оди сам да живее во пештера или шо знам.
Чао Тинуле. :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Да да, позната ми е оваа филозофија, прилично ми е интересна само не би сакал да се впуштам во тоа да поверувам ни миг. Тоа би било веројатно и инспирација за Матрикс филмот, кој е базиран на ова размислување.

Сум помислил и сам дали можеби се` што правиме е само една илузија на умот. На пример, Бах има напишано токму една книга која се вика “Илузии“ во која нагласува дека сите наши дела и акти се комплетно ограничени од нашиот ум и дека апсолутно ништо не постои како ограничување околу нас, па има сцени каде “месијата“ и неговиот ученик вежбаат да гњурат под земја и да одат по вода, како Исус. Што перфектно се вклопува ако се разработи смислата на Исус, кој е Бог и е семоќен. Можеби е само еден од ретките или единствениот кој стапил во контакт со себе и својата потсвест, па успеал да ја контролира и тоа да го покаже во јавност. Замислете сите да сме способни за тоа но и тогаш замислете дека се` што правиме воопшто не е реално. Како тогаш лесно ќе паднат сите смешни чувства и акти, его во вода, желби во вода, пари... хах, пари.

Higher state of consciousness... :) Go figure it out...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Само така, степ бај степ Виктор, најлошо е човек да помисли дека е просветлен па да стане некој судија и критичар на се живо, само не на себеси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom