Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.209
Смешно е да се споредува економијата на Косово и Тајван но, местото во меѓународната заедница може.Ај кажи што му фали на Тајван?
Во што е македонија повеќе од Тајван поради тоа што македонија е членка на ООН а тајван не е? Во економијата, армијата, БДП во што!
Тајван е еден од азиските тигри а македонија се дави во невработеност и корупција.
Прво е Косово е признато од најголемата сила и нејзините сателити во светот.
Тајван е азиски тигар.
Не е економско фијаксо бидејќи само 2 години е независно, кога ќе биде 20 ќе го споредиме со состојбата на македонија во која се наоѓа денес.
Процесот на признавање не е завршен. Пред две недели Косово доби ново признавање од Свазиленд а одлука за признавање донесе и владата на Папуа нова гвинеја - се чека допис до владата на Косово.
Само Банана Држави за кеш...Свазиланд и Папуа. Процесот е завршен. За една година 50 држави во втората 15 во последниве месеци ниедна.
Косово си има сериозен и целосно нерешлив проблем со членството во меѓународни заедници.
На пример Косовските граѓани НИКОГАШ нема да добијат визна либеразлизација и без царинска трговска размена со ЕУ. Никогаш нема да имаат свој спортски тим. Никогаш нема да учествуаат на Олимијада. И мал милион поволности се вечно недостапни за нив. Македонија има проблем со Грција кој е решлив или може да се одложи. Додека Косово има нерешлив проблем.
Единствено решение е да се спојат со Албанија но, мислам дека на тоа нема да се согласат Албанците зошто ќе треба многу да настрадаат поради нив.
Прогласување на независноста нема врска со економскиот развој Косово е целосно независно економски 10 години веќе НЕ 2 години. И што е најлошо веќе заврши периодот кога имаше големи донации и поклони од странство. Сега се сами на себе.
Да ти кажам искраено ми е жал за Косоварите, иднината воопшто не им е светла и на економски на можности за просперитет...ама тоа е.