- Член од
- 26 јануари 2010
- Мислења
- 427
- Поени од реакции
- 10
НАТО-вото бомбардирање на Сојузна Република Југославија (Операција Сојузничка сила или «Operation Allied Force» според НАТО) е воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.
При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати.[1] Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.
Причини за војната
Уште од времето на СФРЈ на Косово условите за живот биле најлоши во земјата. Косово останало неразвиено, со ниска стапка на образование и голема економска емиграција, пред сѐ во Западна Европа. Првите масовни изблици на незадоволство од состојбата на Косово се случиле со студентските демонстрации во Приштина од 1981.[2][3][4] Со доаѓањето на Слободан Милошевиќ на власт најпрво во Србија, а подоцна и во СР Југославија, состојбата во Косово уште повеќе се влошила, како поради целосниот економски колапс, така и поради редуцирањето на правата на Албанците од страна на српскиот режим.[5]
Во текот на 1998. и 1999., на Косово се појавила герилската Ослободителна Војска на Косово (ОВК) составена од етнички Албанци, која со мали поединечни акции се спротивставувала на српската полиција и војската на СРЈ. Тврдејќи дека герилците се закана за локалните Срби на Косово, како и за заштита на интегритетот на СРЈ, Милошевиќ презел поголеми воени и полициски операции против нив.
Тврдејќи дека на Косово се случува етничко чистење и хуманитарна катастрофа, државите членки на НАТО, во прв ред САД, бараа Советот за Безбедност на ОН да донесе одлука за воена интервенција против Југославија. Поради противењето на Кина и Русија таква резолуција не беше донесена, по што државите членки на НАТО пристапија кон самостојна воена интервенција.
Директен повод за интервенцијата според НАТО е одбивањето на Југославија да постигне договор со политичките претставници на косовските Албанци на преговорите во Рамбује. Според понудениот предлог-договор суверенитетотНоам Чомски, сметаат дека овој договор имаше карактер на ултиматум и дека се сметало тоа дека југословенската делегација нема да сака да го потпише. Конечно, југослоевенската страна ги прифатила сите услови, освен оној за слободно движење на НАТО војниците по југословенска територија по што преговорите пропаднале.
Текот на операциите
Доминантна сила во операциите биле САД, но во нив во одреден степен биле вмешани сите членки на НАТО, дури и Грција, и покрај тоа што таа јавно се противеше на бомбардирањето, и Германија за која ова е прва неодбрамбена воена акција по втората светска војна. Бомбардирањето било главно сконцентрирано на територијата на Србија (особено на спорното Косово), додека другата членка на федерацијата, Црна Гора, речиси и не била бомбардирана, бидејќи НАТО сакал да ја зајакне позицијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ наспроти позицијата на Слободан Милошевиќ.
По почетокот на бомбардирањето започнал масовен бран на бегалци од Косово. Постои несогласување дали бегалскиот бран бил предизвикан од бомбардирањата, или со прогонување од страна на српските полициски и паравоени сили на цивилното население. Во април ОН извести дека 850.000 лица – главнината од нив Албанци – ги напуштиле своите домови. Голем дел од нив пребегнаа во Албанија и Македонија. Во Македонија пребегнале околу 360.000 бегалци, од кои најголемиот дел биле сместени во бегалски кампови.[6]
НАТО тврдел дека поседува високо-софистицирано оружје („паметни бомби“ и слично) кои ќе ги минимизираа цивилните жртви, но неспорен факт е дека во текот на бомбардирањата имало голем број цивилни жртви токму поради бомбардирањата. Помеѓу инцидентите предизвикани од страна на НАТО се воздушниот напад од почетокот на мај врз бегалски конвој од етнички Албанци, при кој беа убиени 50 лица, бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград на 7 мај, бомбардирањето на зградата на Радио Телевизија Србија и друго. При нападите биле користени и касетни бомби, како и бомби со осиромашен ураниум.