Веруваме ли во бајки?Во принцови?
Престанав да верувам во такви уште кога имав,хм...колку?5.
Очекував да ми дојде на бел коњ и да живееме хеп'ли евр афтр.Што очекуваме од нашиот принц/принцеза?
Обично како нешто совршено ги преставуваат,ништо не им фали.Но не тежнеам кон совршено,туку кон она што не е совршено на мене да ми биде такво со тоа што ќе го љубам со сите мани и доблести.Дали тоа е карактеристика на жената или и мажите понекогаш копнеат по совршената жена?
Апсолутно НЕ!Дали е пожелно да постои „модел” на особа која ќе не води во нашиот избор?
Ако имам омилен глумец,пејач или спортист и тој да ми е како калап за наредните дечковци е нешто слично како да барам негов двојник,а такво нешто не постои.
И тогаш не би била заљубена во мојот дечко,туку во неговиот налик на глумецот...А фазата на затресканот во познати личности ми помина одамна.