Принцови и принцези

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Веруваме ли во бајки? Во принцови? Што очекуваме од нашиот принц/принцеза? Дали тоа е карактеристика на жената или и мажите понекогаш копнеат по совршената жена? Дали е пожелно да постои „модел” на особа која ќе не води во нашиот избор?


Бранко?:)
 
H

HCL

Гостин
The`bItCh напиша:
Абе постој жабата,ама треба да се баци за да стане принц или принцеза.А може и да заглават на граница со французите,со макароните.За ова 15/16 образците што треба да се пополнат во карпош4 за евиденција на население,за канделабриве на партизанска,за Ѓуро од наплатна.Инаку не сум ја по политиката повеќе сум по спортот(шах)и мислам дека ДА...(мат)
:pos:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
хаха.. се вадиш: )
HCL напиша:
Не постојат принцови на бели коњи
:baeh:
Неслучајно се нарекуваат „принцови” - синдром кој што сакале или не се појавува уште во детството кога сите ние сме принцези :) а првите бајки на некој начин го одредуваат нашиот животен избор. Денес нема принцови на бели коњи, затоа пак има згодни типчиња во бели мерцедеси.
Што значи тоа?
Прво: Соврешен е! И покрај тоа што не знаеме кои се „тие”, значи зборуваме за модел кој треба да биде совршен. А што е соврешеното? Сепак совршенството е индивидуално - за некого полошо е совршеното нели?
Второ: Безгрешен е! Додека нашиот партнер знае понекогаш и не само понекогаш да направи грешки - тие „принцовите” се безгрешни. Моделот е секогаш така создаден да ни ги задоволува сите наши потреби - тој никогаш нема да на изнервира ниту пак направи несреќни.
Трето: Додека конкретниот партнер знае да остане имун на нашата мака или проблем и буквално да се оддалечи, а боже сачувај да учествува во решавањето, нашиот принц би ни излегов во пресрет.

Некој ќе рече: Не постои такво нешто ( како ти Бране: ) но, јас би рекла зависи. Секогаш може да постои такво нешто, проблемот е во припадничките на понежниот пол ( не знаат реално да ја проценат вистинската принц - прилика ). Шала на страна јас мислам дека принцот/принцезата лежи во секој партнет кој сме го одбрале доколку сме му дале шанса на некој да биде со нас, мислам дека треба да го извлечеме најдоброто од него.

 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
"...во сказните принцезите ги бакнуваат жабите и тие се претвораат во прекрасни принцови...во реалниот живот принцезите ги бакнуваат принцовите и тие се претвораат во грди крастави жаби..."-Пауло Куељо,
 
H

HCL

Гостин
Паметно пишано!Поштуем!Точно дефинира како би требало принц/принцеза да изгледа.Само да напоменам:Тие случаеви се многу ретки да најдеш некој таков(најчесто никад),а часовникот на животот куца...годините минуваат и ако ти чекаш можеш и да не го дочекаш.
(ова се однесува на постот на The` bItCh)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
Не постои совршен маж или совршена жена, а токму на тоа се мисли кога се говори за „принц/принцеза”.

Јас сум скромен, секогаш гледам вака на работите. „Не ме загрижува што чашата е полу-празна, туку се радувам затоа што е до полу полна.”

Ако барате премногу, тоа може да ве плесне по глава како бумеранг.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
На другата страна - позелена е тревата. Ако во првиот момент се изгледа „кралски” - гарант има некој заеб кој се крие некаде.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
А бе Мац, принцовите и принцезите постојат во секој од нас. Во нашето однесување, навики и желбата да споделиме нешто со некого. Не мора да бараш многу за да добиеш многу. Како што кажав и погоре, доволно е да го најдеш најдоброто во партнерот, а и тој во тебе.
Можеби тој ќе биде твојот принц/еза.
 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
Acid напиша:
„Не ме загрижува што чашата е полу-празна, туку се радувам затоа што е до полу полна.”
Aпсолутно си во право!!! Секое преценување на самите себе, а и нашите преголеми очекувања најчесто имаат само еден резултат: РАЗОЧАРУВАЊЕ
А дека има за секое грнче капаче-има :)
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
bibuska напиша:
Aпсолутно си во право!!! Секое преценување на самите себе, а и нашите преголеми очекувања најчесто имаат само еден резултат: РАЗОЧАРУВАЊЕ
А дека има за секое грнче капаче-има :)
Дека има - има, ама што ако грнчето не е задоволно од капачето и упорно бара капаче што не му пасува? А?

Или поинаку, дали е оправдано таквото барање - кога знаеш дека жабата ти е таман, а упорно скокаш по принцот (под некоја чудна претпоставка дена постои)? Во човечката психологија е да се бара повеќе, ама каде ќе ја поставиш границата?
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Acid напиша:
Не постои совршен маж или совршена жена

Точно така.

А што впрочем би значело „Совршен/а“?

Луѓето сакаат малку „шаренило“ и да добијат совршенство, ќе им биде предвидливо и монотоно, па и тоа ќе испадне досадно.

Никако не е.. „совршенство„ значи утопија, не постои, не е природно.
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Го знаете ли она: чекав принц на бел коњ,а дочекав коњ во бел мерцедес? Епа и кога би имало принцови и принцези ќе бараме уште и уште подобри принцови и принцези, што значи приказната за чекање принцови отпаѓа, зашто кога - тогаш принцот наш ќе стане жаба, барем во одреден момент. Е сега тоа не значи дека треба да им се даваме на сите жаби околу нас, но да не се залетуваме премногу со принцовите...
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
The`bItCh напиша:
Неслучајно се нарекуваат „принцови” - синдром кој што сакале или не се појавува уште во детството кога сите ние сме принцези :) а првите бајки на некој начин го одредуваат нашиот животен избор. Денес нема принцови на бели коњи, затоа пак има згодни типчиња во бели мерцедеси.
Toкму тие бајки на тие мали "принцези" им создаваат илузија и со тек на време додека растеме сфаќаме дека во реалноста не постои принц кој ќе дојде, ќе те бакне и ја имаш љубовта на својот живот, а сето тоа ќе има среќен крај со многу дечиња. Не велам дека муабетов со многу дечиња не е остварлив:icon_lol:
Со тек на време, со секое ново искуство сфаќаш дека:
The`bItCh напиша:
Прво: Соврешен е! И покрај тоа што не знаеме кои се „тие”, значи зборуваме за модел кој треба да биде совршен. А што е соврешеното? Сепак совршенството е индивидуално - за некого полошо е совршеното нели?
На почеток на врска секој го идеализира својот партнер, ти се чини дека е слатко се што прави, секој недостаток не го гледаш како таков. Со тек на време сфаќаш дека тие "слаки" навики не се толку слатки како на почеток и сфаќаш дека никој не е толку совршен колку што изгледа на почеток. Значи ништо од совршениот "принц".
The`bItCh напиша:
Второ: Безгрешен е! Додека нашиот партнер знае понекогаш и не само понекогаш да направи грешки - тие „принцовите” се безгрешни. Моделот е секогаш така создаден да ни ги задоволува сите наши потреби - тој никогаш нема да на изнервира ниту пак направи несреќни.
Исто како со сликата за совршенство, затоа што нели човек ако е безгрешен е идеален, а не постои човек кој не греши. Треба навистина да си мутав за да мислиш дека "принцот" не греши, а со самото тоа грешиш и ти самиот.
The`bItCh напиша:
Трето: Додека конкретниот партнер знае да остане имун на нашата мака или проблем и буквално да се оддалечи, а боже сачувај да учествува во решавањето, нашиот принц би ни излегов во пресрет.
Не мора да е некој принц за да ти помогне доколку се бара тоа од него. Помош која не е изнудена е секогаш добредојдена. Не мора да те качи на бел коњ (или мерцедес) и да избега со тебе кога е густо, туку да остане на местото и да те поддржи во се, да го брани твојот став пред другите, а насамо да те критикува доколку смета дека не си во право.


За мене важи она: Труди се да бидеш онаков каков што сакаш да биде твојот партнер. Почни со менување на себе си (доколку мислиш дека е потребно), а најчесто луѓето бараме партнер кој ќе биде идеален, не погледнувајќи се самите.

Доколку сум совршена јас или мојот партнер, нема да е интересно, нема да има судир на мислења, ставови и карактерни особини.
 

Dolphin

Pirate of the Caribbean
Член од
3 март 2005
Мислења
1.296
Поени од реакции
57
Хехе... Сакате емотивната страна моја да ви ја прикажам?

Ај само да ви кажам, дека онаа што ќе ја одбере моето срце... Ќе добие принц каков што не ни замислувала!!!!

Ама за тоа треба да е принцеза.. Бидејќи не можам јас во спротивно да се однесувам како принц... нема да ми дојде внатрешно, а вештачки и глумење тоа не иде!


Зашто ми е живот бај д`веј ако прифаќам дека ќе биде некој просек или нешто над просек..

ЌЕ БИДЕ СОВРШЕНСТВО БРЕ!!! СВЕ!!! И ПРИНЦЕЗАТА И ЖИВОТОТ И ДЕНОТ И ДВОРОТ И ЉУБОВТА И... СВЕ!!!! Боље него на филм ќе ни биде!
 
Член од
22 јули 2005
Мислења
2.198
Поени од реакции
11
:music3: ne posoti sovrsenstvo,tuku zaljubi se, i napraj go/ja sovrsen/a so svojata ljubov...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom