Еве што се случило на настапот на Никифор со кое си докажува дека е и тоа како кретен и се тоа натака по список да му е!!м.
Настапот на DJ Никифор беше договорен еден месец порано, за датум 17.04.2010.
Доаѓа денот кога Никифор треба да пушта музика во Клуб Елдорадо-Гостивар и во 15 часот напладне праќа порака и го откажува настапот.
Потоа, вечерта околу 21 часот се јавува повторно да каже дека ќе дојде.
Во дискотеката пристигнува малку подоцна од 24 часот. На прашањето зошто сакаше да го откаже настапот, одговара дека играл мајтап што пратил смс, крева тензија од самото пристигнување.
Од фирмата Гемак (дистрибутери на Smirnoff и соработници на радиото Аntenna 5) и сопственикот на дискотека Елдорадо имаше промоција на нивниот бренд.
Луѓето му даваат CD со реклама, кое воедно е и CD од Antenna 5, каде што тој работи. Одбива да го пушта CD-то затоа што било од ERIK FOX MC. Немаше ништо сомнително на CD-то освен текст, дека со секоја купена чаша Smirnoff, се добива гратис музичко CD.
Бара 50 евра за еднаш да го пушти, несакајќи да направи услуга на промоцијата, на радиото во кое работи и егзистира и на дискотеката и сопственикот каде што до сега имал преку 20 настапи за кој бил секогаш однапред платен.
По наредба на сопственикот, Dj-от од дискотеката пушта негова музика, за да од 00 до 01 часот, изврши промоција на Smirnoff.
Одеднаш, Никифор ја намалува музиката во 00:45 часот, значи исто како да нема музика, го зема микрофонот во раце и вели: „Доаѓам јас тука од Скопје и овие клошариве ми даваат CD (се однесува на промотерите од Smirnoff), а овој тука (се однесува за сопственикот на Елдорадо) сака ќејфови да му правам. На што ви личам луѓе јас? На Ники-канта? Не, јас сум Никифор и забави не им правам на никој. И треба да го слушам овој овде (се однесува на сопственикот) покажува со прст на него и безобразно-циницки се плази со јазикот и пцуе по промотерките.
Ја исклучува опремата од струја, во моментот кога како замена, до почетокот на 3-часовниот Никифор-сет, музика пушта персоналниот Dj Боби.
Никифор, после ова е предупреден со збор, по што вели дека ќе се извини и повторно го зема микрофонот: „Еве, да им се извинам на овие клошариве и на овој овде (повторно со навреда им се обраќа на промотерите и газдата).“ и става негово CD и почнува со настапот дури после 1:15 часот. Предупреден е по втор пат.
За време на настапот, намерно ја исклучува музиката повеќе пати. Се поигрува со скапата опрема, лупа на неа, крши еден елемент, се блокира музиката, но по интервенција на сопственикот повторно има музика, но само од еден CD-плеер, зашто другиот беше искршен од страна на Никифор.
Повторно неконтролирано ја намалува и ја зголемува јачината на музиката. Стои до него обезбедувањето на Дискотеката и го опоменуваат за последиците.
Пред 3 часот (околу 2:45) Никифор по своја волја го прекинува настапот, вика:
„Јас не пуштам више!“, ја исклучува музиката (повторно во дискотеката нема музика, после којзнае кој пат) и се спрема да оди. И уште додава: „Викни го тој келнерот, нека пушта тој (за DJ-от од дискотеката).“ DJ-от доаѓа, пушта негово CD и журката продолжува. Никифор се враќа на бината, ја гаси музиката го фрла CD-то кое свири и вика: „Нема друг да пушта, јас ќе пуштам музика овде !“ Го турка толку силно DJ-от, што тој паѓа на земја, го вади CD-то го фрла во публиката и става друго...
Публиката бурно и хаотично реагира, и со голема доза на незадоволсво почнуваат да фрлаат флаши и чаши по него.
Обезбедувањето го вади надвор од службениот влез, и го отстранува од локалот, т.е од дискотека Елдорадо.
Се празни локалот, се расипува журката! Никифор не беше нападнат од никого. Што се случувало надвор, само еден Господ знае.
Никифор беше под јака доза на дрога, и беше многу пијан.
Истакнуваме дека не се спомнати вулгарните и погрдни зборови на Никифор!