Најжално е кога некого сожалуваш, тогаш не му помагаш, туку лицемерно го понижуваш и го правиш граѓанин од вто ред. Така сите вие што дискутирате и ги жалите ромите, очигледно најмалку ви е до нив. Секое ваше сожалување никогаш нема да ги вклопи во општеството како рамноправни граѓани, а тие пак никогаш не ќе имаат потреба да посакаат да направат нешто повеќе за своја социјализација во општеството. Очигледно и ним им одговара ваквиот сатус, бидејќи на тој начин ги амнестира од сите обврски кои произлегуваат со статусот граѓанин на Републка Македонија. Акцијата е оправдана, а за тоа дали полицијата требала да оди во Бит Пазар или некаде на друго место, тоа е сосема друго прашање. Се додека гледате на сивата економија низ призмата на Роми, Албанци Македонци и др., се дотогаш Фуере ќе наоѓа причина да се слика и да констатира нарушување на нечии права и слободи, а не борба против сивата економија.