Матура - единствениот тест во животот, на кој имам препишувано од прирачникот по македонски, изваден на маса.
Немојте чеда да се замарате, туку молете се да ве чува некој професор што нема да е строг. И на крајот - се сведува дека оние што ги чува построг професор имаат заебани резултати на матура, а оние што се паднале кај „полесен“ професор, они си фураат во државна квота.
Матурата не е никакво мерило за знаење. И онака ништо од тоа нема да знаете за една година, а нема ни да ви треба.
Тестот - правен од луѓе што очигледно немаат повеќе од шесто одделение. Целиот втор дел, возвишено насловен - ЧИТАЊЕ, бара од вас да читате реченица по реченица и да одговарате на текст. Да речеме дека првата реченица е:
„Новинарството е наука за веродостојно, точно и балансирано пренесување на податоците кои имаат најголем импакт, проминентност, новост, атрактивност и блискост до консументите.“
Под неа стои прашање:
Што е новинарството?
Е тоа ви е пример за прашање. Ако се осетите умни после положување на ваква матура - тоа е тажно...