Кој сум Јас?

  • Креатор на темата Креатор на темата 831
  • Време на започнување Време на започнување
Единствениот одговор би бил дека во нас постои некој или нешто наречено Дух или Душа, сместена во 4 слојно биотело. Дух во машина. Свеста го вози возилото и ја набљудува околината...

да такво е објаснувањето на библија и куран

еве извадоци од теми :

библијата е доктрина на Личноста значи ГАРАНТИРА дека личноста постои ама не како материјален мозок туку мозокот наводно и служи како тастаура , монитор , аудио-видео рекоредер , процесор , хард диск , итн итн што нее докажано дека личноста е издвоена од материјалноста .

ова многу порано го објаснив во темата

ВО СВЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Секоја личност , секој од нас , секое Јас , си живее во некој Свој Свет .Но за да живее мора да постојат некој веќе дадени подлоги ..други Светови .

1)Прва подлога е љубовноста....нели апостоли во Атина ..Дела17-ред28—“ Зошто ВО Него живееме се движиме и ПОСТОИМЕ ”...
Точно секој има љубов бар за себе...може да се развие во нарцисоидност ако не се споделува со други Нели секој си простува себе си , има разбирање за себе , се толерира..Павле ...”како што се љубиш самиот”.Е ова е Божјата сеприсутност за која збори биб..затоа ја знае секоја наша мисла и помисла . И плус 2коринќани 6-ред 16 ти …”Ќе живеам ВО нив (во разумот вели Павле) и ќе одам сред нив (оти се јавува како меѓучовечки однос)…и тие ќе бидат мој народ.”..вели Семоќниот Љубовниот Затоа нема бегање од Бог и негови судии и судови.

2)Втората подлога-свет е духовноста. Нели по дефиниција под дух – идеал се подразбира способноста на умно-разумните битија да вршат свесно планирани активности Што е точно ,Секој од нас , секое Јас , си кове , краткорочни средноочни, долгорочни планови за иднината .Да нема забуни ...каменот што ѕидарите го отфрлија стана камен темелен аголен , рабен .....т.е ...Христ е гранична линија бариера што е навистина идеалистичко а што нее односно кој тежнее кон повисоки свери на општествена свест а кој не .

3)И третиот свет е светот на душевноста ..Нели по дефиниција способноста на умноразумните битија да креирааат сопствени чувствено емоционални вредносни критериуми – ситеми се нарекува душа .Да секој што од воспитување што од лични искуства си створил некој свој критериуми, што во животот ќе го радува , ќе му претставува задоволство а што нема ...па такви мотивации и си бара во животот .Бог му вдахнал дух на Адам и овој станал жива душа..себеразвивачки емоционали критериуми .

Значи Личноста како компактен синхронизиран чувствено мисловно емоционален склоп , постои (самосвест за себе и околу себе) , живееме (имаме континуитет) ,и се движиме (саморазвој) одеднаш во овие три света .Треба да се каже Првиот свет на љубовноста е основен , а други два се подсистеми подсветови кој произлегуваат од првиот оти ниеден дух не се реализира без љубов (Он е татко на духовите –Евреи12-ред9), и кај душевноста исто така оти никој не гради критериуми на своја штета , што нема да му донесат некаква радост и задоволство , па во нов завет се спомнува дека освен добронамерна постои и демонска злонамерна душа , да ама тоа не значи дека нема љубов за себе оти злонамерноста е насочена кон други а не кон себе .Па така сите Личности што имаат љубов не само за себе туку ја споделуваат со други живеат во првата подлога , првиот СВЕТ на севозможниот Бог Љубовниот, а тоа отсекогаш биле идеалистите ...истите тие на кој им беше испеана химната на антихристот “за идеале гину будале.
.
.

.
.

Ефесјани:
5:28 . Кој ја љуби својата жена, СЕ ЉУБИ СЕБЕ СИ
(СЕКОЈ ИМА ЉУБОВ БАРЕМ ЗА СЕБЕ ( што не значи дека веднаш треба да се протолкува како нарцисоидност ))
.
.
1 Јованово: 4:16 Бог е љубов:
.
.

1 Јованово:
4:7 , зашто љубовта е од Бога и секој кој љуби од Бога е роден и Го познава Бога.

4:16 . Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него.

Откровение: 1
21:22 А храм не видов во него; зашто негов храм е Господ Бог - Сèмоќниот, и Јагнето.

2 Коринтјани: 13:11, бидете едномисленици и живејте во мир, и Бог на љубовта и на мирот ќе биде со вас!

Псалм: 136:25 Тој му дава храна на секое тело: Вечна е Неговата милост!
138:8 Господ ќе го доврши своето дело во мене! Господи, ВЕЧНА е твојата ЉУБОВ : не оставај го делото на Твоите раце!

ЕТЕ ЗНАЧИ СЕ ГАРАНТИРА ДЕКА БЕЗСУЕТНАТА ЉУБОВ Е ВЕЧНА

Единствениот одговор би бил дека во нас постои некој или нешто наречено Дух или Душа, сместена во 4 слојно биотело. Дух во машина. Свеста го вози возилото и ја набљудува околината...

.........................................МОЗОК СУМ ...........................................

Мора уште еднаш да се навратиме на оваа тема оти е најнајбитна .Всушност едноединствена разлика што воопшто постои помеѓу природни и општествени науки и библија е библиската гаранција од прва до последна страна дека личноста нее материјална и дека таа е самосвесен синхронизиран чувствено мисловно емоционален фунционален склоп а дека физичкото тело па со тоа и мозокот со целата негова грандиозна сложеност нее мисловна категорија .

Таа е гаранцијата дека личноста (бог-личноста-јас) постои независно издвоено од биолошкото тело и дека го користи мозокот т.е. преку него управува и со целото тело па така се реализира .

Ако ја нема оваа гаранција тогаш биб и не би била пишувана.

Затоа мора да се провери на кој начин , како , со кој индикации, претпоставки е дојдено до ова сознание...кое навистина изгледа неверојатно , а првично гледано дури и неприфатливо иако пожелно нели .
Ако ја нема оваа гаранција тогаш биб би била само една од многуте напишани книги, тоа стварно во неа има доста поучни работи , мудрости.....ама и во тоа време и денес имало и има книги со собрани искуства поговорки изреки мудрости .....а може да им послужи например на пистели поети како инспирација бидејќи е напишана во некој силен спартански стил.Но ништо повеќе од тоа .Така што секој/а што ќе обвини дека поединци или организации (религиозни или други) ја злоупотребуваат и дека е баш и измислена за заведување застрашување манипулирање на другите луѓе ќе биде во право се подразбира .А и најчестото “јас верувам ти неверуваш...”..ќе биде обично инаетење , лигаење. Па дури и тоа што биб признава природни и општествени науки нее оправдување за нејзино постоење (голема работа што било развојот на науките од нив да не барал одобрение..)...нели уште во стар завет се советува ако се нема добар исцелител (како што бил Исус) да се оди на лекар ...какви такви и тогаш си имало лекари .
И тоа што ги повикува во она време Грците да не застанат со истражување дека основни елементи се земја вода воздух туку да продолжат ...може да биде обично мајтапење.Демек науки си се науки користат методи истажувања што се не амаааа “џабе им е ние си веруваме” . Е итоа што е кажано а после и апостоли го препорачуваат “се испитај се истражи”.....наизглед изгледа доста ферски..амааа може да е многу добар блеф…као –“абе види ама тоа ти е проверена работа па неси губи време”......зада може отпосле да те манипулира како си сака.
Инаку идеата за бесмрност изгледа доста примамлива ама па од една страна несекој ја сака нели непојмливо е вечно да постоиш и од друга страна прифатливо е ама под кој услови и со какви личности, каде, како ,како каков ,во кој облик .....така што вакава идеа можела “даму светне” на било кој измамник или организирана група измамници како лесен начин на заработка па оваа идеа да ја преземаат слични мостри и да тркаалаат цело време со векови.
Се подразбира дека за секој човек (огромен дел ) биолошка смрт на тело е језива неприфатлива непомирлива работа бар заодредн временски период иако со цело сознание дека е неизбежна ...амаа па и некој да си најде ухлебие од таа работа (освен гробарите што е оправдано) плус да претставува важен државен и општествен фактор е исто така неприфатлива работа .
Што се однесува до тој сугестивен утешувачки дел и пред религии си постоеле врачеви шамани ..какви се не што тешеле луѓе

итн .
 
Јас сум роб Аллахов.
 
Кој сум јас? Одлично прашање со глупав одговор.Јас сум се и ништо.Зошто е тоа така незнам,бидејќи јас сум ништо како може да знам нешто.Одговорот е јас сум се бидејќи се е ништо и јас сум ништо.

Тешко ли е да станеме свесни за тоа или не сакаме?
 
Тешко ли е да станеме свесни за тоа или не сакаме?

Зен будистите биле свесни за тоа:[FONT=&quot]
Heaven and earth and I are of the same root,[/FONT] [FONT=Osaka&#8722]萬物一體[/FONT][FONT=&quot] The ten-thousand things and I are of one substance.[/FONT]
[FONT=&quot]Zen Master Sêng-chao/Sõjõ ([/FONT][FONT=Osaka&#8722]僧肇[/FONT][FONT=&quot] [/FONT][FONT=&quot]384-414)[/FONT]

Јунг бил свесен за тоа со неговото0 колективно несвесно.

Платон бил свесен за тоа, еве извадок:

Телото на космосот е градивото од коешто тој е составен. Како подлога на тоа градиво Платон ќе ги употреби четирите стихии(вода, воздух, оган и земја) за кои пред него говореа првите философи. Талес сметаше дека светот во основа е составен од вода, Анаксимен го издвои воздухот, Хераклит - огнот, а Перменид - огнот и земјата. Емпедокле е првиот кој ќе рече дека сите четири стихии заедно се во основата на светот и тоа тврдење Платон ќе го превземе, но наедно ќе отиде понатаму. Имено, тој своето внимание го свртува кон внатрешната структура на стихиите, верувајќи дека космичкиот божествен(умствен) поредок мора да е присутен не само во Макрокосмосот(светот како целина), туку и во Микрокосмосот, односно во микрочестичките од кои се составени четирите стихии. Од таа причина тој ја отфрла Демокритовата претстава за атомите како микрочестички кои имаат различни и неправилни облици и тврди дека, согласно со умствената природа на космосот, тие мора да имаат строго дефинирани и хармонични облици. Општиот образец се потпира на пет правилни геометриски тела или полиедри кои се составени од триаголници: тетраедар(тристрана пирамида), хексаедар(коцка), октаедар(тело со осум триаголни страни) и иксоедар(тело со десет триаголни страни).

Нешто слично, на ова што го објаснува Платон, ако не и исто се сретнува во хиндуизмот, и тие биле свесни за тоа:
397551578_cff5906943.jpg

Внимание заслужува посебното помошно сретство за медитација наречено Шри Јантра;неговата основна форма се состои од девет триаголници поставени еден врз друг, впишани во повеќекратни кругови, концентрирани околу една замислена точка.
Вака поставените геометриски фигури имаат практично значење како предмети на медитација и религиозно значење како симболи на космичкиот образец. Присуството на триаголниците упатува на триаголниците во Тимај коишто Платон ги смета за микрочестички од кои е составена градивната подлога на светот.
Како помошно средство за медитација се користат овие мандали кои претставуваат дијаграми од квадрати и кругови сфатени како симболи на космичките сили.
 
Древното прашање, големата мистерија кој сум Јас, што е тоа? Зошто е Јас, која е смислата на Јас?

Докажано е дека ние сме како роботи, нервен систем со електрични импулси. Склоп од знаења кои претходно сме ги стекнале(биле втиснати) и непрестано несвесно ги повторуваме, и во исто време се стекнуваме(ни се втиснуваат)со нови.
Но самосвесноста, мистериозното Јас е заебаната мистерија, што е таа, од каде е? Кој е тој што посматра, што е свесен...

Дали е тоа креаторот(Бог), дали сме ние креаторот(Бог), дали е тој во нас и насекаде околу нас, дали е тој ЈАС, дали тој преку нас го посматра своето дело? Или сето тоа е една научнофантастична квантно-религиска глупост?

Јас, сум јас, креација на мајка ми и татко ми, не на “бог“.
Сум органски робот, со слободна воља.
А ќе дознаам зошто јас, моментот пред да умрам.
Пошто тогаш ги запишуваш последните неколку зборови од книгата наречена живот.

Втиснатите знаење, се наречени инстинкти (ако мислиш на тоа) и се пренесуваат во генетскиот код од мајка ти и татко ти, сите луѓе ги имаат скоро истите инстинкти, и се пренесуваат од родители на дете на тој единствен начин.

Пошо не верувам во Адам и Ева, ниту Дарвиновата теорија, такада најреална ми е теоријата на колонизирана планета, такада ние сме креаторите на нашата моментална цивилизација.
 
Тешко ли е да станеме свесни за тоа или не сакаме?

Ем е релативно тешко, ем не сакаме. Обично полесно е да сме заспани или полузаспани и едноставно само да се идентификуваме со веќе постоечките ниски страсти, силни електрични нервни врски креирани од окружението...секој напор да се прекинат тие врски претставува болно искуство.:toe:

Втиснатите знаење, се наречени инстинкти (ако мислиш на тоа) и се пренесуваат во генетскиот код од мајка ти и татко ти, сите луѓе ги имаат скоро истите инстинкти, и се пренесуваат од родители на дете на тој единствен начин.

Да, инстинктите истотака. Јас мислев на знаењата и навиките кои се запишани како електронски информации од раѓање па до сега, ние ништо друго не правиме освен што ги повторуваме онака роботски - веќе постоечки информации.
Проблемот беше што со самосвеста, која и што е таа. Дали е таа Бог, Креатор, свесна енергија што го креирала и сеуште го креира универзумот. Дали тој Бог(енергија) живее во нас, дали тој и јас сме едно. Или како што викаат некои религии дека тој е таму надвор некаде и чека шанса да не казни и да ни суди онака садистички...:wink:

Пошо не верувам во Адам и Ева, ниту Дарвиновата теорија, такада најреална ми е теоријата на колонизирана планета, такада ние сме креаторите на нашата моментална цивилизација.

Интересно :)
 
Ем е релативно тешко, ем не сакаме. Обично полесно е да сме заспани или полузаспани и едноставно само да се идентификуваме со веќе постоечките ниски страсти, силни електрични нервни врски креирани од окружението...секој напор да се прекинат тие врски претставува болно искуство.:toe:

Токму така. Многу од тие мистици што ја постигнале таа состојба ја нарекле љубов. Љубовта е состојба на битието. И таа неизбежно се дели со другите. Треба да се сака. Јас од пред некој саат време го применувам ова и како нов човек сум. Само вака нека остане.
 
Да, баш е интересно тоа што сите ја нарекуваат Љубов, иако кај луѓето тој збор е погрешно протолкуван.
Безусловна љубов, љубов кон највисокото - недостожното, љубов без причина - без зошто и затоа, љубов како состојба...
 
Да, баш е интересно тоа што сите ја нарекуваат Љубов, иако кај луѓето тој збор е погрешно протолкуван.

Покварена машта и прљаве страсти. :)
Бараме љубов према одредена посебна личност за нас, океј е тоа, но забораваме дека и без неа можеме да бидеме океј, само ако сакаме.
 
Безусловна љубов, љубов кон највисокото - недостожното, љубов без причина - без зошто и затоа, љубов како состојба...
"Теоретски љубав лепо звучи, малчице је другчије у пракси"
Премалку се оние кои се способни за безусловна љубов кон СЕ. Скоро и да ги нема. Може некој да се расфрла со слаткоречиви зборови олл д тајм но....
 
Проблемот беше што со самосвеста, која и што е таа. Дали е таа Бог, Креатор, свесна енергија што го креирала и сеуште го креира универзумот. Дали тој Бог(енергија) живее во нас, дали тој и јас сме едно. Или како што викаат некои религии дека тој е таму надвор некаде и чека шанса да не казни и да ни суди онака садистички...:wink:

Нема бог.
Ниту кој да ти суди (освен нели судија, полиција, систем)
Енергијата шо го креирала универзумот не е свесна, не е развиен мозок па да знае што прави, да била свесна, немало да има катастрофи.
Тоа е се спонтана реакција.

Како што реков, мојата теорија за настанокот е таа. Е сега, што се случило пред да се населиме на оваа планета, останува да се дознае кога ќе се најде кој не донел тука.

А тоа дека бог е во сите нас, тешко, ќе да го мешаат бог со подсвеста, тој внатрешен глас шо ти збори кога треба и нетреба.
 
Сакаш да кажеш дека само луѓето во цел универзум се свесни битиа ... и ниедна друга енергија,материја нема свесност ... тогаш од каде потекнува нашата свесност ... и колку сме ние свесни ? се е релативно ... свесни сме онолку колку што сме ... како што се свесни и рибите па и мравките ... свесни се за нивната околина со нивна перцепција (ние не ги сметаме за свесни но само затоа шо ние сме на поголем степен на свесност и нивната свесност е занемарлива за нас .. од наша перцепција)... и тоа им е доволно ... како можеш да кажеш дека нема поголема свесност од нашата?

„Бог“ (во наводници), баш затоа шо не мислеше Магус на Бог од библијата ... и начинот на кој библијата го презентира .. па и според библијата Бог е во сите нас ... тогаш зошто и на некој начин да не е тоа подсвеста која понекогаш те предомислува за некои работи и те насочува ...

неможеш да речеш дека ако постоела свесна енергија која не создала немало да има катастрофи .... она што за тебе е катастрофа за некого не е ... пак зависи од твојата свесност и перцепција ...

на крај краева самите ние, како шо сме тргнале сме сами по себе катастрофални .... нашата големина и влијание во универзумот е исто колку влијанието на 1атом прашина во Америка врз Македонија ... :toe:
 
Постојат други свесни битија, организми, ама енергија како енергија неможе да има свест.

Плус не ја знаеш нашата големина сеуште, пошо нема со кого да се споредиме.
 
Постојат други свесни битија, организми, ама енергија како енергија неможе да има свест.

Плус не ја знаеш нашата големина сеуште, пошо нема со кого да се споредиме.

А шо е свесноста .. како се дефинира ... ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom