А во чие име е сторено сето тоа?
Зарем не е во името на Бог?
Терористи се разнесуваат во име на БОГ!
Крстоносци колат муслимани во име на БОГ!
Инквизитори мачат и убиваат луѓе под разлог дека се вештери во име на БОГ!
Божјата рака е крвава!
И за човек што верува и што не верува ова што го кажа ти е лесно објасниво.Ајде јас ќе убијам човек денес и ќе речам ,ова го правам во името на Бога,и на сите ни е јасно дека сум отишла со паметот.Никаде ниту во христијанство ниту во било која религија не се пропагира насилство баш напротив,така што секое насилство е само злоупотреба а на човек му е јасно дека активноста е превземена од други побуди.
Човекот отсекогаш бил слаба фигура,издржливоста и физичка,духовна и психичка ни се држи на тенок конец,вообичаено ќе се најде некој редок пример на цврстина и најчесто го прогласуваме за лудак.
И друга работа,мислам дека прочитав во постовиве нешто во смисол,е што е толку тешко да се верува.Тешко е,зашто оној што верува поминал низ првично интелектуален пекол,човек се преиспитува,треба да си одговори на милион прашања (на многу од нив не ни има одговор),зашто верникот не е потпросечно интелектуална личност ниту пак е слабак на кој му полесно да каже е сега имам кого да обвинам за се што ми се случува.
Не сакам да злоупотребувам ничие име за да пропагирам овде нешто зашто сметам дека верувањето или не верувањето е работа на избор,секој човек со себе и своето,нема да го правам некого луд што не верува ниту пак сакам да ме прави некој луда што верувам.Но ќе го споменам Ајнштајн,најголемиот научник никогаш не ја негирал религијата,така што науката и религијата не се судираат една со друга,можеби со тек на време се повеќе ќе се надополнуваат(баш ме интересира што ќе направат научниците во ЦЕРН кои вложија милијарди за да ја создадат Божествената честичка).
И тоа е тоа,нема потреба од надмудрување и навредување.