Страв од стареење...

  • Креатор на темата Креатор на темата PrincezZ
  • Време на започнување Време на започнување
Најмногу имам страв од стареење, од смртта не се плашам толку колку од стареењето. Ме плаши помислата на тоа како ќе изгледам кога ќе имам 40, 50 а 60 години :nesvest: ?? Не можам ниту замислам. Мојот страв е толку многу голем што понекогаш не можам ни да спијам а кога ќе се разбудам често го допирам лицето за да се уверам дека кожата уште ми е свежа. Избегнувам стари слики и зборување за датуми, понекогаш сакам да ги тргнам сите часовници од куќата бидејќи кога ги гледам ме обзема страв како времето многу брзо минува. Секој одминат ден си мислам колку беше убаво вчера а денес сме ден плус. Не ми е страв од тоа дека животот ми минува, туку од помислата дека изгледот ми минува и во иднина нема да бидам повеќе убава, млада и интересна. И дали луѓето ќе се сеќаваат како јас изгледав кога бев млада и убава. Понекогаш дури си мислам како е подобро да умрам млада отколку да бидам стара. Се прашувам како ќе се чувствувам кога ќе бидам таква сигурно ќе изгубам воља за живот. Не можам да се помирам со фактот дека изгледот ќе ми помине. Знам дека ова не е нормално да го мислам уште од сега бидејќи сум многу млада ама овој проблем ме измачува неколку години. Се плашам дека ќе добијам нервен слом за еден месец кога ќе полнам 21 година.

Дали некој знае од каде и од која причина во мене владее толкав страв од стареењето и како да го решам тој проблем што многу ме измачува, толку многу што паѓам во депресии и губам воља за правење било што... :nesvest::toe:

Чекај малку, мора да старееш? Не.
Види ја Мадона, постара е од бабами а изгледа помлада од мајка ми.
Ако сакаш можеш да се одржуваш. И на 60 години ќе изгледаш ко на 30, ке си умреш млада. Само треба да имаш воља за тоа, и трпение.


Секој може, ама треба многу да внимаваш, од исхрана, пороци, глупости, креми, и на крајот затегнувања. :)
 
И мене ме фаќа некогаш страв од староста. Не толку од староста како таква, туку од фактот дека животот ми лета и дека најубавите години ќе бидат зад мене и дека едноставно веќе нема ништо да има смисла и нема да биде како што е сега, а сега е толку убаво и безгрижно. И знам дека едноставно дека со стареењето потоа доаѓа смртта, а тоа е нешто од кое ужасно се плашам.

Не е секогаш моментот за изгледот и брчкањето... едноставно фактот дека знаеш дека најдобрите и најбезгрижните години поминале... језиво е.
 
Темава потсеќа на Бенџамин Батон по малце.:toe:Малце де...:pipi:
Во секој случај нема никаква потреба да те фаќаат стравови депресии и слично од стареењето.Најнормална појава.
Е сега се зависи од тоа како гледаш на работите(а повеќе од очигледно е дека ти гледаш најпесимистички).
Мислам дека секој период од животот си носи со себе некоја убавина.Финтата е да ја осознаеш истата и да научиш да ја прифатиш.
Секој период на години од твојот живот можат да бидат "најубави".
Баба ми на пример за својата старост зборува дека и се најубави години.
Така да се зависи од тоа како гледаш и ги доживуваш работите.

А за изгледот-бар сега е десет пати полесно.Теретани,ботокс,операции што све нема ако толку не можеш да поднесеш да се смениш физички.
 
Да, се плашам од староста на некој начин и од тоа што и како ќе се одвива понатака. Но, со секој дел од животот се доживуваат раслични работи и секоја возраст сите си ја доживуваат на различен начин. Еве сега во овие години како што напомена Crazy in love се е толку безгрижно и убаво и при самата помисла на староста се плашиме, но кога ќе се размисли поубаво и староста е убав дел од животот, бидејќи си дочекуваш внуци, се гордееш на некои свои работи од минатото, иако младоста и тие денови остануваат длабоко врежани во сеќавањата......сепак тоа е...:smir:
 
Ауууу размислување... како можите бе во се црната страна да ја гледате? Некогаш се прашувам да не имам јас некој проблем?

Како и да е, тешко на тој шо не остарел...
 
Добро правило во животот е да не се замараш со работи кои не можеш да ги промениш.

Сите ке остарееме, ке ни обели косата(под услов уште да имаме коса), ке бидеме полукорави и полуглуви, и на крај ке умреме, и ке бидеме храна за црви.

пс.
Незнам дали е до мене, ама воведниот пост вришти на нарцис, ако вакви мисли имаш на неполни 21 година, на 30 ќе размислуваш за самоубиство, само да не умреш стара.
 
Добро правило во животот е да не се замараш со работи кои не можеш да ги промениш.

Сите ке остарееме, ке ни обели косата(под услов уште да имаме коса), ке бидеме полукорави и полуглуви, и на крај ке умреме, и ке бидеме храна за црви.

пс.
Незнам дали е до мене, ама воведниот пост вришти на нарцис, ако вакви мисли имаш на неполни 21 година, на 30 ќе размислуваш за самоубиство, само да не умреш стара.


Хахаххахахахаха колку е ироничен животот прво ние се храниме од животните после тие ќе се хранат од нас кога ќе умреме, мада може на некој и на живот тоа да му се случи лол... xD
 
Се чудам како ли воопшто не сум помислила на ова????
Последен пат кога ке се присетам имав 22 години и сеуште кога некој ке ме праша колку години имам,прво оваа бројка ми се мота во главата,за после да кажам 27.
Јас сеуште сметам дека имам 22:jaj:
Воопшто не се осекам дека сум остарела,освен еден факт шо ме потсеќа се неколкуте бели влакна во косата.
Животот минува.
Само јас научив како да го живеам.

Те молам,не размислувај така.Обиди се да го смениш твојот став и мислење.
Ако не успееш,добронамерно те советувам да одиш на психолог.Сигурно тој ке ти помогне.
 
Работава “умрев од стареење“.
Иначе, не размислував се дур не “спомнавте“.
4 години средно ми поминаа ко од шала, најверојатно и факс, ќе мине така, што после?
Ќе натуцаш дваесе и кусур, ќе треба да мислиш за вработување, леб да вадиш, у пм...
 
Се чудам како ли воопшто не сум помислила на ова????
Последен пат кога ке се присетам имав 22 години и сеуште кога некој ке ме праша колку години имам,прво оваа бројка ми се мота во главата,за после да кажам 27.
Јас сеуште сметам дека имам 22:jaj:
Воопшто не се осекам дека сум остарела,освен еден факт шо ме потсеќа се неколкуте бели влакна во косата.
Животот минува.
Само јас научив како да го живеам.

Те молам,не размислувај така.Обиди се да го смениш твојот став и мислење.
Ако не успееш,добронамерно те советувам да одиш на психолог.Сигурно тој ке ти помогне.
jas иам бели влакна -.- на 21
не е за психолог работата ако е за тоа треба пола општество да го пратиме на психолог пошто е опседнато со младост, млади пичиња, тинејџерски цицки и остало
Девојката тоа што го пишува е рефлексија на нездравата опсесија со млади тела и изглед на нашето општество
Pepsi- ask for more
 
Принцез замисли се само со бела коса, искршени заби, слаби коски, згрбавена кожата згужвана ухххххх, телото пропаднато, а оваа ти е се само за изгледот, остави за умот веќе кога не ќе можиш да поднесиш гужва, ќе бидеш цело време како чукната и многу ќе забораваш.... :D:D
Хахахаха извини, ама тоа е реалноста. Уххх нема лек за старост... Мора да се помириш со ова.
Ама како и да е сепак несвесно ќе дојде староста нема да остариш за 1 ден.
 
Браво за темава. Девојко од воведниот пост, те разбирам сосема, ти си типичен нарцис како и јас. Откачуваш кога нешто не е во ред со твоето лице поготово, со твоето тело. Си била доста популарна во средно и сега на факултет веројатно ти фали тоа ниво на популарност и се чувствуваш помалку важна и тоа те натерало да мислиш на вакви работи. Си кажувам и за себе пред 2 години. Сметам дека за луѓето кои се свесни дека изгледаат убаво, кои имале среќа со жените/мажите, имале голема самодоверба, првите знаци на стареење можат да бидат катастрофални пред се по нивната самодоверба. Така се чувствував јас. Не дека се сменив од корен но нормално дека на 23 не изгледам исто како и на 17, променет сум малце. Најпрво тоа го забележав пред 1 година на споредба на една слика од 17 и од 22. Приметив дека не изгледам исто и откачив малце. Ме спаси фактот што седев со другарки и сите ми кажаа дека сега изгледам поубаво. :)
Пред некое време добро размислив за тоа. Го прифатив фактот дека еден ден сите ќе остареме. Доколку твојот физички изглед ти е толку битен тогаш внимавај на него и тој неизбежен процес ќе го поминеш помалку болно. Навистина те разбирам, но... That's the way it is... Олади и не се замарај до толку. На 30 верувај дека и тебе нема да ти се искача со тинејџери. :)
 
Стареењето е дел од животот сакале или не да го прифатиме тоа. Денес сме млади, а утре дедовци и баби затоа уживај во животот што ти е даден зошто тој е еден и единствен, еден ден сите ќе изуреме и светот ќе продолжи без нас. Финтата е ти да направиш нешто посебно нешто по што ќе бидеш запаметена, и затоа не се замарај премногу со стареењето бидејќи и да се сеќираш и да не се сеќираш ти пак ќе остареш. Еден ден ќе имаш внуци и ќе се радуваш со нив додека си жива, а потоа ќе те снема и ќе бидеш обична храна за црви. Можеш да се надеваш на задгробен живот дека ќе одиш во рајот итн., но мислам дека тоа не постои и е измислено за потребата на бедниот човекот да се надева до последниот момент и со тоа давајќи му значење ако не на животот тогаш на смртта.
Поздрав
 
Едно интересно истражување кое вели дека жените 252 пати седмично се загрижени за својот изглед.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=64570&kategorija=6

Многу од луѓето имаат постојан страв од промени, а годините како што одминуваат, поздразбираат и промени на сите полиња од животот.
Заедно со несигурноста за тоа што не чека во иднината и стравот од можно каење за тоа дека максимално не сме ги искористиле "убавите години", луѓето ги приморува, постојано да се обидуваат да го сопрат процесот на стареење. Нивната надеж и понатаму тлее со секоја наредна направена пластична операција, ботокс и слично, со новото апче понудено на пазарот како најнов изум т.е откритие во генетиката која ќе ја продолжи младоста и животот. Овој страв особено ги погодува жените, што не значи дека тоа не е присутно и кај мажите, но со помал интензитет.

Оние жени кои во младоста, својата убавина ја сметале за главен атрибут првите знаци на стареење страшно ги погодуваат, особено ако се јават предвреме, во третата деценија од нивниот живот. Тогаш почнува таа паника да се создава, тој страв да се појавува на површина и да почне негативно да се одразува на останатите животни полиња.

Кога некој ќе спомне баба/дедо, повеќето ги асоцира т.е создаваат слика во глава, дека се работи за човек кој е со побелена коса, кој е без заби, со бастум или нешто полошо. Јас, можеби затоа што во животот сум сретнала луѓе кои можат и 30 годишници да им позавидат не ја имам истата слика. Благодарение денес на декоративната козметика, на шминката, фитнесот, на добрата исхрана, времето може да застане за неколку години. Така кога ќе сретнам личност која има над 60 години, порано се запрепастував како таа толку добро изгледа со брчки помалку од некој кој ја нема допрено ни 40тата година.

Стравот е оправдан и здрав е, доколку е со мал интензитет. Тоа е еден вид аларм кој одѕвонува во главата дека годините поминуваат и дека секој ден треба максимално да се искористи. Да се посвети доволно внимание на себе си, на здравјето и физичкиот изглед.
 
Ама зошто, зошто и зошто се што правиме во животот еден ден ќе биде залудно...??? Кога ќе остариме ќе не заменат помладите на нив останува светот а ние ќе останеме во некој ќош и тоа ќе го набљудуваме... Зошто, зошто и зошто еден ден ќе не снема како да сме ништо а другите ќе продолжат да живеат... ?? Зошто да избледеме и се што сме направиле да избледе... ??
И зошто нема веќе да бидам млада и убава каква смисла ќе има тогаш животот, ќе бидам споменик кој не може повеќе да се заљубува, да се забавува... ???:nesum:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom