Не знам кај прочитав, ама 80% од жртвите во Беслан биле муслимани...
И јас така некаде прочитав, дека многу Ингуши од комшилук ги праќале децата да учат таму. Има логика, Ингушите кои живеат во близина се претежно Муслимани (над 90%). Како и Дагестанците кои 99 се борат против Чеченската инвазија на Руска страна.
У ствари Чеченија после првата рчка (околу 96-та) станува де-факто независна држава и Руската војска се повлекува. Арно ама тогаш Чеченците вршат инвазија на Дагестан со надеж дека Дагестанците ке им се приклучат и да почнат борба за Кавкаски Емират.
Е сега команданти се Шамил Басаев и Ибн Ал Катаб (Арап од Саудиска Арабија) кои пред тоа почнале во сега слободна Чеченија да воведуваат Шеријат со сите убавини (сечење раце, нозе, глави, каменување и слично) а се со благослов на Масхадов кој глумел прецедател. Тука ги прокоцкуваат симпатиите на светот кои ги имале.
Арно ама Дагестанците (Муслимани бај д веј) не им се допаѓа нешто посебно Шеријатот и сите Дагестански борци што се собрале ги напаѓаат Чеченците и ја предупредуваат Руската војска со која заедно ја уништуваат оваа „инвазија“. По ова следи повторен Руски напад на Чеченија и останатото го знаеме.
Инаку Шамил Басаев и Ибн Ал Катаб во пограничниот регион имат истребено неколку мали села со што за жал ги убиле последните членови на една мала етничка заедница кои биле последен остаток од една лингвистичко-етничка група во светот. Иако Муслимани, селаните не сакале да живеат во калифат и како верни на Русија и „предавници“ Чеченците ги убиваат до последен.
Ништо чудно нападот во Беслан да бил со цел да се „казнат“ непослушните.
Од 20 милиони Муслимани во Русија поголем дел се лојални граѓани, а инаку од бившите Советски републики што сум запознал луѓе, на пример од Казакстан и Азербејџан, им беше чудно кога видоа кај нас жени забулени, иако и самите се Муслимани, кај нив барем во градовите само кога одат на џамија се покриваат. Мене ми е сеедно, слобода на избор.