Drettica
Graxhanin of Severstan
- Член од
- 24 ноември 2008
- Мислења
- 12.625
- Поени од реакции
- 14.933
Качив температура од нервози...искинав,искршив се што имаше околу мене. Овој пораз боли повеќе од оној 2-6 но мојата љубов спрема Реал Мадрид останува и покрај се. Ќе минат години,децении ќе дојдат нови генерации овие лузни ќе останат како дел од моето навивачко минато кое го посветив на Реал. Секоја чест на прекрасната игра на Барса незнам по кој пат уште еднаш им одржа лекција на Реал по модерен фудбал. Ова е ера на Барса и ретко кој тим може да и се спротивстави и да биде рамноправен противник. Од денес мојата љубов спрема Реал е уште поголема денес во мене се разбуди уште поголемо ривалство/омраза спрема Барса. Ова Ел Класико очекував да биде најизедначено до сега но остана монотоно како и претходниве 4. Пет-нула го заокружи и бројот на лоши резултати против лутиот ривал. Се надевам дека ова монотонија некогаш ќе престане. Мадридиста засекогаш. Хала Мадрид.