УЕФА ќе испитува дали Алонсо и Рамос намерно заработија црвен картон
Европската куќа на фудбалот ќе покрена истрага поради обвинувањата дека Чаби Алонсо и Серхио Рамос намерно заработија црвен картон на вчерашниот дуел со Ајакс
Чаби Алонсо и Серхио Рамос во финишот на вчерашната средба помеѓу Ајакс и Реал Мадрид беа исклучени откако и двајцата фудбалери заработија втор жолт картон за задржување на време.
Целиот свет се сомнева дека ваквата бизарна постапка на Алонсо и Рамос, со оглед на тоа дека Кралевите водеа со 4-0 на Амстердам Арената, е намерно направена и зад планот стои Жозе Мурињо
Со тоа што заработија исклучување, Алонсо и Рамос ќе го пропуштат дуелот со Оксер, последен од фазата по групи и натпревар кој нема никакво значење за Реал Мадрид.
Но затоа пак дуото нема да понесе никакви картони во нок-аут фазата која ќе се игра следната година.
Marca објави дека планот за намерното заработување црвен картон бил скроен од Жозе Мурињо а преку Дудек и Икер Касиљас пренесен до Чаби Алонсо и Серхио Рамос.
ТВ каналот од Холандија, NOS пак покажа кадар во кој тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо разговара со Алонсо непосредно пред играчот да заработи втор жолт картон.
Мурињо по натпреварот експресно негираше дека Алонсо и Рамос намерно заработиле црвен картон но според пишувањата на Европските медиуми, УЕФА ќе покрене истрага за она што се случуваше во завршните мигови на Амстердам Арената.
Европската куќа на фудбалот може на Алонсо и Рамос да им изрече поголема суспензија од еден натпревар, бидејќи членот 10 го дозволува тоа доколку се работи за неспортско однесување.
Но ќе биде тешко да се докаже дека Алонсо и Рамос намерно заработиле црвен картон затоа што играчите секогаш ќе се правдаат дека задржувањето време е нормална работа на секој фудбалски натпревар.
Нцнцнцнц ова све е отидено, сеа и ги криват зошто направиле црвени, оффффф божееее да не смееш ни да играш како сакаш:tv: