Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
САЈТОТ Е ОДЛИЧЕН, ИМА ЛИ ФОРУМ

Незнам дали има форум, ја го најдов случајно, зошто секој ден ги проверувам сите македонски портали на сите големи тимови ( овие шо имаат: Челзи, Милан, Барса, Ман. Утд, Интер и некој фан блогови како тој на Валенсија и еден од Реал), и на еден блог од Реал го најдов и овој портал, изглеа е напраен сеа брзо!
 
Се надевам на одземање на три бода, и тешка казна за рамос,алонсо и мурот,за овие мизерни работи ...ако има УЕФА авторитет и Платини ако сака друг мандат

.. и директен пласман на Милан у полу-финале. How's that for a wish?
 
Се надевам на одземање на три бода, и тешка казна за рамос,алонсо и мурот,за овие мизерни работи ...ако има УЕФА авторитет и Платини ако сака друг мандат
Не се брукај,тие добро што го направија на таков начин,ништо чудно од Алонсо и Рамос да го скршеа некого за жолт да добијат.:pos:
 
Се надевам на одземање на три бода, и тешка казна за рамос,алонсо и мурот,за овие мизерни работи ...ако има УЕФА авторитет и Платини ако сака друг мандат

абе да не речам смотан некој, ќути си таму подобро за вас... ако ни “ЗЕМАТ 3 БОДА“ последното коло ќе испаднете од ајакс :) а ние сигурно сме први секако ;)
 
Бензема: Нема друг тренер како Мурињо

benzema_2323.jpg


Напаѓачот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид Карим Бензема синоќа одигра одличен натпревар при победата од 4:0 во Лигата на Шампионите над тимот од Ајакс.

Францускиот фудбалски интернационалец по натпреварот изјави дека се чувствува добро во Мадрид а особено истакна дека чувствува огромна почит кон неговиот тренер Жозе Мурињо кого многу го цени.

„Мурињо е тренер кој е нешто сосема различно од сите други со кои сум имал работа во досегашниот тек од мојата професионална фудбалска кариера.“

„Веќе три месеци работам со него и мојот напредок е очигледен под неговата менаџерска палка. Точно е дека понекогаш ми ги влече ушите, но тоа е за добро.“:pos2:

Се чувствувам добро во Мадрид и воопшто не размислувам за никакво напуштање на овој прекрасен тим.“ - изјави Бензема по вчерашниот успех на Реал.

Чао, чао Интер, Јувентус, Манчестер и Тотенхем:back:
 
Сосема сум задоволен од вчерашната утакмица,резервите се покажаа многу добро само така нека продолжат.

А да,Честито Победа :)
 
Не се брукај,тие добро што го направија на таков начин,ништо чудно од Алонсо и Рамос да го скршеа некого за жолт да добијат.:pos:

Абе Жолт ја не се брукам него се брукате вие што прајте толку ниски работи што го убивает фудбалот.ке се дознае одлуката во петок,покрената е постапка а ја не ја покренав туку УЕФА.
 
^^ И да ни скратат 3 бода (мада не верувам тоа да се случи) немате надежи за првата позиција во групата :tv:
 
Абе Жолт ја не се брукам него се брукате вие што прајте толку ниски работи што го убивает фудбалот.ке се дознае одлуката во петок,покрената е постапка а ја не ја покренав туку УЕФА.
Зашто бе,несака да игра нареден,си зема жолт,забрането е?ти реков добро што ги зедоа на поштен начин а не со фаул.А тоа за Уефа е дезинформација од таквите кои сакат да се казниме.
 
Се надевам на одземање на три бода, и тешка казна за рамос,алонсо и мурот,за овие мизерни работи ...ако има УЕФА авторитет и Платини ако сака друг мандат

Гледам и на ФБ, гледам и овде...и се прашуем дали е можно да има толку искомплексирани (или у краен случај идиоти (немој да се навредиш ама со постојве што ги пишуете го докажуете тоа)), за да кажете дека ТРЕБАЛО ПОВИСОКА КАЗНА!!! Па уште го уништуеле фудбалот бе :pos2::pos2: Што направија Рамос и Алонсо??? Тепаја некого, опцуја судија или што??? Тактички, задржија време и си добиа црвени картони (автоматски суспензија за наредна утакмица). Што не ви е јасно туе??? Не се брукајте више, само ви се смее народов. Мое право дали ќе задржим време или не, судијата е да одлучи каков картон ќе даде. Им даде втор жолт на двајцата и завршена приказна. Доста го дрвите со тоа дека сме го уништиле фудбалот и дека треба повисока казна да им дада (незнам какво смајли да стаем, дал некое што плаче или што се смее).
 
Зашто бе,несака да игра нареден,си зема жолт,забрането е?ти реков добро што ги зедоа на поштен начин а не со фаул.А тоа за Уефа е дезинформација од таквите кои сакат да се казниме.

то кажав 100 пати Уефа има покренато не ја.све е снимено и како Дудек кој го чувате за да го пракате по бурек,и весници носи пошта и се. А црвените картони секогаш не се 1 наптревар,поарно да ги добиеа за страт вака се зависи од Нион.
 
УЕФА ќе испитува дали Алонсо и Рамос намерно заработија црвен картон

Европската куќа на фудбалот ќе покрена истрага поради обвинувањата дека Чаби Алонсо и Серхио Рамос намерно заработија црвен картон на вчерашниот дуел со Ајакс

Чаби Алонсо и Серхио Рамос во финишот на вчерашната средба помеѓу Ајакс и Реал Мадрид беа исклучени откако и двајцата фудбалери заработија втор жолт картон за задржување на време.

Целиот свет се сомнева дека ваквата бизарна постапка на Алонсо и Рамос, со оглед на тоа дека Кралевите водеа со 4-0 на Амстердам Арената, е намерно направена и зад планот стои Жозе Мурињо

Со тоа што заработија исклучување, Алонсо и Рамос ќе го пропуштат дуелот со Оксер, последен од фазата по групи и натпревар кој нема никакво значење за Реал Мадрид.

Но затоа пак дуото нема да понесе никакви картони во нок-аут фазата која ќе се игра следната година.

Marca објави дека планот за намерното заработување црвен картон бил скроен од Жозе Мурињо а преку Дудек и Икер Касиљас пренесен до Чаби Алонсо и Серхио Рамос.

ТВ каналот од Холандија, NOS пак покажа кадар во кој тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо разговара со Алонсо непосредно пред играчот да заработи втор жолт картон.

Мурињо по натпреварот експресно негираше дека Алонсо и Рамос намерно заработиле црвен картон но според пишувањата на Европските медиуми, УЕФА ќе покрене истрага за она што се случуваше во завршните мигови на Амстердам Арената.

Европската куќа на фудбалот може на Алонсо и Рамос да им изрече поголема суспензија од еден натпревар, бидејќи членот 10 го дозволува тоа доколку се работи за неспортско однесување.

Но ќе биде тешко да се докаже дека Алонсо и Рамос намерно заработиле црвен картон затоа што играчите секогаш ќе се правдаат дека задржувањето време е нормална работа на секој фудбалски натпревар.


Нцнцнцнц ова све е отидено, сеа и ги криват зошто направиле црвени, оффффф божееее да не смееш ни да играш како сакаш:tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom