Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Јас го потврдувам моето ОТСУСТВО.
Фала. чао. пријатно.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Ди Мариа нека не трчат брзо зш мојт да полетат, ушине негови се аеродинамични. :)
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Јавно ја повикувам Мони да се премисли и да дојде утре да го гледаме натпреварот заедно а богами и да ни го разубави друштвото :)
 

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Фала на поканата....но сепак, нема потреба, да не расипувам идила...
ајде здравје за класико ако сменам некои мислења ќе дојдам, ако се собираме:)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Утре вечер ќе видиме до кај сме со прогресот. Конечно тим што ќе се осмели на го нападне Реал(барем се надевам дека ќе е така :) )
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.591
Поени од реакции
14.398

Се потсетив на старите добри времиња. Уживајте.

Во тоа време секој тим изгледаше смешно и патетично покрај Реал Мадрид. Тогаш игравме најубав фудбал во историјата на фудбалот. Ни Барса ни никој друг не играле приближно толку убаво како оној Реал за кој јас жалам како никој досега. Спој на кантерата, и паметно купување на неколку ѕвезди. Повеќето ние ги направивме големи играчи, Икер, Раул, Иеро, Карлос, Салгадо, Консеисао + Зидан, Роналдо и Фиго. Колку Милан беше беден против нас, говори и фактот дека Анчелоти на 2 - 0 го внесе во игра Неста. Али добро, сепак Милан таа сезона го освои трофејот, ние претходната, невозможно беше да се освои два пати по ред. Овој натпревар го земав како пример, имаше уште многу вакви натпревари тие години. Каква мајсторија на Раул, Малдини испаѓаше смешен покрај него. Магијата на Зидан и Роналдо, па огромни овации за единствениот, Фернандо Редондо. Не знам, да би бил денеска таков тимот со таков тренер, ја би дал и 5 години од мојот живот. Па видете ја таа публика, сите вриеа од желба за победа, се навиваше, се славеше.. а не како денеска, денеска на Бернабе доаѓаат пички да ги сликаат Роналдо и Кака, а не да дерат своето грло за Реал Мадрид. Се е тоа некако емотивно за мене.

А тука е и минатата сезона, која сакам што побрзо да ја заборавам, се убаво течеше додека Пирло не го закачи од 40 метри, па потоа и Пато.. тоа ми беше еден од најлошите денови во мојот живот.

Утре би бил задоволен и со било каква победа, но не сакам победа во оној стил на Мурињо, сакам победа во стилот на Дел Боске, затоа што само атрактивна победа над великан како Милан е вистинска победа !
 
Член од
10 декември 2009
Мислења
534
Поени од реакции
87
1. moni <3 real
))
2. Shuriken
3. Nikolic
4. Urban_Mover
5. ob1
6. batistuta9

Armin, El Ninho, Ivan1real Kaljo vamosreal и тамо уште кој останале да потврдат, односно да кажат за сигурно. Со мене двајца би требало да дојдат, со об1 еден најверојатно и ке не има во не така лош број.
Јас погоре пишав дека неможам да дојдам и многу ми е жал
 

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
ало луѓе јас за џабе ли организирав каде да гледаме, и тие шо беа сигурни пола и повеќе нема да дојдат...
ај не зафркавајте, денес да утре не... не бива така

--- надополнето ---

Јас го потврдувам моето ОТСУСТВО.
Фала. чао. пријатно.
зошто мони? нешто сум пропуштил или настанало нешо у меѓувреме, како да си лута некому...

--- надополнето ---


Се потсетив на старите добри времиња. Уживајте.

Во тоа време секој тим изгледаше смешно и патетично покрај Реал Мадрид. Тогаш игравме најубав фудбал во историјата на фудбалот. Ни Барса ни никој друг не играле приближно толку убаво како оној Реал за кој јас жалам како никој досега. Спој на кантерата, и паметно купување на неколку ѕвезди. Повеќето ние ги направивме големи играчи, Икер, Раул, Иеро, Карлос, Салгадо, Консеисао + Зидан, Роналдо и Фиго. Колку Милан беше беден против нас, говори и фактот дека Анчелоти на 2 - 0 го внесе во игра Неста. Али добро, сепак Милан таа сезона го освои трофејот, ние претходната, невозможно беше да се освои два пати по ред. Овој натпревар го земав како пример, имаше уште многу вакви натпревари тие години. Каква мајсторија на Раул, Малдини испаѓаше смешен покрај него. Магијата на Зидан и Роналдо, па огромни овации за единствениот, Фернандо Редондо. Не знам, да би бил денеска таков тимот со таков тренер, ја би дал и 5 години од мојот живот. Па видете ја таа публика, сите вриеа од желба за победа, се навиваше, се славеше.. а не како денеска, денеска на Бернабе доаѓаат пички да ги сликаат Роналдо и Кака, а не да дерат своето грло за Реал Мадрид. Се е тоа некако емотивно за мене.

А тука е и минатата сезона, која сакам што побрзо да ја заборавам, се убаво течеше додека Пирло не го закачи од 40 метри, па потоа и Пато.. тоа ми беше еден од најлошите денови во мојот живот.

Утре би бил задоволен и со било каква победа, но не сакам победа во оној стил на Мурињо, сакам победа во стилот на Дел Боске, затоа што само атрактивна победа над великан како Милан е вистинска победа !
многу ододамна сум го правел баш овој стил на муабет за Реал... сега гледам уште некој ги согледува тие работи, иако сега за сега добро ни оди со Мурињо и пред се верувам во него само највеќе :smir:
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
ало луѓе јас за џабе ли организирав каде да гледаме, и тие шо беа сигурни пола и повеќе нема да дојдат...
ај не зафркавајте, денес да утре не... не бива така

Засега сме 9 души,за 3 стола не би требало да е проблем,може ке се премисли уште некој
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.591
Поени од реакции
14.398
Рамос не е ни меѓу повиканите за утре.

Porteros: Casillas, Dudek y Adan.
Defensas: Marcelo, Albiol, Arbeloa, Mateos, Pepe y Carvalho.
Centrocampistas: Granero, Lass, Diarra, Xabi Alonso, Di Maria, Ozil, Pedro Leon y Khedira.
Delanteros: Higuain, Cristiano Ronaldo y Benzema.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Се спаси Рамос од магијата на Роналдињо. :)

Уф неможам да го дочекам натпреварот!
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
^Грешка. Силва се спаси од Роналдо. Боље ќе беше Неста да се повредеше нешто пред утакмицава и така долго време имаше проблеми со кичмата, сеа со Роналдо...пак ќе треба паузира 2-3 месеци

Се спаси Рамос од магијата на Роналдињо. :)
Ама Роналдињо не од нозете на Пепе
 
P

PewDiePie

Гостин
^Грешка. Силва се спаси од Роналдо.



Ама Роналдињо не од нозете на Пепе
Е не бе Озил ќе ги спаси нозете од ѕверот Гатузо :P и вака до безкрај..........

Ќе биде утре опасна утакмица,фудбалска класика.

Озил,Ди Мариа и Роналдо против Роналдињо,Пато и Ибрахимовиќ. :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom