Ај и ја да си пишам она што ми лежи на душа за синоќешниот натпревар.
Икер - Одличен во истрчувањето на долгите топки, неколку добри одбрани и неколку лоши исфрлувања.
Арбелоа - Добар и дефанзивно и офанзивно, без многу грешки.
Пепе - Одличен во одбранбените задачи, поготово во првото полувреме. Во второ за малку ќе си дадеше автогол, но стативата не спаси. Успеаа неколку пати да му побегнат французите, но секогаш ја оттргнуваше опасноста.
Рамос - Солиден. Ни помалку ни повеќе.
Марсело - Одличен, поготово во офанзива. Многу добри продори и додавања. Одличен влез во шестнаесетникот при долгата топка на Чаби, но беше во скок, и мислам дека извади максимум во таа ситуација.
Чаби - Дефинитивно најдобар поединец. Цар на средината, милион точни пасеви кон нападот. Највеќе претрчани километри, мен оф д меч според УЕФА.
Лас - Многу растрчан и силен во дуелите, но цело време ми се чинеше дека игра хокеј - оди на играчите а не на топката. Исто така и колку топки украде, толку и ги погреши при додавањата.
Кедира - Растрчан, го имаше секаде на теренот, точни пасеви, но само солиден.
Роналдо - Доста се трудеше и трчаше, но веќе ми е преку кур од неговото гестикулирање со рацете и киселата фаца после секој удар кој не е како што треба. Многу лошо.
Игуаин - Одличен потег при онаа шанса од корнер кога му беше извадена топката од линија, но само тоа. Крал на офсајдите.
Бензема - Премногу дриблинзи, солирање, и неточни пасеви. Лошо, а и лоша позиција.
Озил - Првите минути додека влезе не се ни виде, но кога влезе во игра и Ди Мариа тогаш се разигра и тој. (веројатно и него повеќе му одговара 4-2-3-1). Ништо посебно.
Ди Мариа - Внесе многу живост во играта во последните 20 минути и претставуваше најголема опасност кон голот на Оксер. И најважно, им докажа на нашиве преценети напаѓачи како треба да се шутира.
Мамаду - Премалку играше за да биде оценет.
Играта беше очајна додека не влегоа Озил и Ди Мариа, т.е додека не се промени формацијата од 4-3-2-1 во 4-2-3-1. Единствено добро дотогаш беше поседот на топката, кој на крајот на полувремето беше и до 70% за нас (мислев дека Барса ги гледам :tv

. Со таа формација во прво полувреме создадовме и доволни шанси не ни очекував повеќе. Воглавно, фала му на Ди Мариа, иако сите беа скептици околу неговиот трансфер, јас сум уверен дека ќе успее да се докаже во Реал Мадрид. 3 бода се на конто + Милан и Ајакс ремизираа... Одиме да ја поправиме реализацијата, и VAMOS LOS BLANCOS !