Тапа интернет а и тапа Корисничка Поддршка. Еве зошто:
Интернет:
- Чекам 4 минути за клип од 1 минута на YouTube. Тоа е смешно.
- Торентите одат 400-450 Kbps MAX.
- Самото функционирање на Facebook е многу споро и понекогаш чекам 4 секунди за да отворам слика. А тоа е премногу за нешто како Facebook.
- Брзината со која порано го листав Кајгана Форумот можев слободно да ја споредам со брзината со којашто се отвараат датотеките во мојот компјутер, а тоа е брзо. Сега, чекам 4-5 секунди за да се отвори линк на форумот.
Корисничка Поддршка:
- Зафатен телефон на Корисничка Поддршка 23:59/7 (воедно и единствен за цело Скопје, односно голем број на корисници).
- Нестручни лица од коишто е очекувана помошта, со цел подобар интернет. Добивање на помош од тип: Абе дечко, стопосто имаш вирус у компјутерор, ч'чни нешто таму, скенирај,: Земи искључи го адаптерот па пак укључи го, би требало да е подобро,: Абе од кај нас глеам све е топ, вика дека ти е стабилен интернетов, поима неам шо е работата и: Се работи на случајот, екипи се на терен, би требало да е подобар до крај на денот.
- Секретарки на кои откако ќе им се јавиш и ќе им објасниш дека ѕвониш упорно пола саат и ги прашуваш дали е тој број единствен за ТП( се правиш на тошо) и сеуште е зафатено ти враќаат со: Моментално е зафатено и немаме друг број..пробај покасно.
Па добро бе мајко му стара, ни у Сомалија вака не се понашаат.